Албанија со заем од ЕБОР ќе гради пловечка фотонапонска централа


Заем од 9,1 милиони евра ќе одобри Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на албанската државна електроенергетска компанија, КЕШ за изградба на пловечка фотонапонска централа.

Заемот, што ќе биде комерцијално одобрен за наменски механизам воспоставен од КЕШ за целите на проектот, ќе финансира изградба на пловечка соларна фарма од 12,9 мегавати, прва пловечка фотонапонска централа од оваа големина во Албанија и Западен Балкан, што исто така ќе придонесе за комерцијализација на КЕШ, пренесува порталот Бизнисинфо.

Електраната ќе се наоѓа на местото на акумулации на хидроелектраните Вате те Дејес, во северниот дел на земјата.

KEШ поседува и управува со три големи хидроцентрали со вкупен капацитет од 1.350 MW кои произведуваат скоро 70 проценти од албанската електрична енергија.

ЕБОР забележува дека овој проект се совпаѓа со пошироката амбиција на Албанија за развој на нејзиниот соларен капацитет, што веќе резултираше во два успешни проекта, исто така поддржани од банката – проектот Караваста од 140 мегавати и Спитале од 100 мегавати.