Хашим Тачи од ќелијата во Хаг му ја честиташе победата на Еди Рама


Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи му честиташе на албанскиот премиер Еди Рама за победата на Социјалистичката партија на изборите на 25 април.

Тој ја испрати честитката од ќелијата за притвор во Хаг. Тачи му се обраќа на Рама како „брат Еди“.

„Денес, Албанија победи! Денес, Албанците се добро. Грижи се за Албанија, брате, и не заборавај да се грижиш и за Косово. Кога се грижиш за Косово, се грижиш и за Албанците“, напиша тој во писмото.

„Тесните простории и sидовите на хашката ќелија не можат да запрат експлозија на мојот ентузијазам за твојата победа – ентузијазам што инаку тешко наоѓа место во мракот на осаменоста на затворските денови“, вели Тачи.