УЈП започна со доставување на Годишната даночна пријава за данок на личен доход


Управата за јавни приходи денеска информира дека ја започна активноста за генерирање и доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на данок на личен доход за 2020 година. -Ги повикуваме регистрираните корисници на системот „е-ПДД“ да извршат увид во Годишната даночна пријава за 2020 година преку своите кориснички профили. Граѓаните може да ја потврдат или […]

Најбогатите Американци годишно затајуваат 175 милијарди долари данок


Најбогатите Американци годишно избегнуваат да платат 175 милијарди долари данок, па американските власти планираат да ги финансираат најголемите инвестиции во инфраструктурата со зголемување на даноците од најбогатите и големите компании. Некои експерти предупредуваат дека зголемувањето на даноците ќе доведе до уште поголемо затајување, пишува Гласот на Америка. Не е тајна дека во САД има различни […]

„Дрекслмајер“ отвори фабрика во близина на Куманово, втора во земјава


Почна со работа производниот капацитет на Дрекслмајер во Куманово, соопштија денеска од компанијата. За оваа инвестиција, нагласуваат, одвоена е двоцифрена милионска инвестиција која ќе креира нови работни места во Куманово. Ова е втор производен капацитет во земјава на компанијата од автомобилската индустрија. – Како лидер во премиум автомобилскиот сегмент и дел од листата на Топ […]

„Парада на фараоните“ во Египет (видео)


Во Каиро во сабота ќе биде организирана „Парада на фараоните“, при што 22 мумии на владетели и владетелки на Древен Египет ќе бидат префрлени од Музејот во Каиро, каде што се наоѓаат повеќе од еден век, во Националниот музеј на египетска цивилизација. Националниот музеј е огромна современа зграда што треба да се отвори во средината […]

Владите на Северна Македонија и Србија постигнаа договор за донација на 40.000 вакцини „Спутник В“


Владите на Северна Македонија и на Србија постигнаа договор за донација на 40.000 вакцини „Спутник В“, од кои првата количина од 20.000 дози од компонентата 1 пристигна денеска, соопшти владината прес-служба. -Владата на Република Северна Македонија на денешната 60-та седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за донација од Република Србија на 40.000 дози „Спутник […]

Јоаким Лев останува селектор на Германија до ЕП


Селекторот на Германија, Јоаким Лев нема да ја напушти функцијата до Евро 2020, објави новинарот на „Спорт1“, Флоријан Плетенберг. Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) не планира да го отпушти фудбалскиот стручњак по синоќешниот пораз од македонската репрезентација со 2:1, а и самиот Лео нема намера да се повлече предвреме. Сепак, ДФБ го нагласи незадоволството од овој […]

Во Хрватска расте бројот новозаразени, починаа 20 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани нови 2.422 случаи на зараза со корона вирус, а активни се 12.448. Од нив 1.390 пациенти се лекуваат во болница, а 155 се на респиратор. Починаа 20 лица. Од почетокот на пандемијата до денеска регистрирани се 274.054 лица заразени со корона вирусот, а починаа 5.967. Оздравеа 255.639, […]

Едуард Хегер именуван за нов премиер на Словачка


Словачката претседателка Зузана Чапутова денеска го именува Едуард Хегер за нов премиер во четвртокот, ставајќи крај на едномесечната политичка криза. Хегер ќе ја преземе функцијата од неговиот претходник Игор Матовиќ, кој пак ќе ја преземе поранешната функција на Хегер, министер за финансии. Како што пренесуваат агенциите, целта на размената е да се ублажат коалициските спорови […]

Ќе работиме да ја зголемиме минималната плата на 18.000 денари, но сега не е моментот, вели Битиќи


Минималната плата сè уште не е достоинствена и кога економските услови ќе бидат добри ќе работиме да ја зголемиме и до 18.000 денари, но сега не е моментот. Само пред три години минималната плата беше 8.500 денари во одредени сектори, а 9.000 во сите сектори. Денеска е 15.194 денари и тоа покажува дали имаме политичка […]

Решени 96 осто од барањата за ,,Ковид 3”, досега се одобрени 2.678 кредитни барања во износ од 30,3 милиони евра


Нова група од 95 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, соопшти Развојната банка. На Јавниот повик „Ковид 3“, пристигнале кредитни барања за 3.282 компании. Од нив се обработени вкупно 3.155 кредитни барања за 34,3 […]

Германскиот претседател Штајнмаер се вакцинираше со „Астра Зенека“


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер (65) денеска ја прими првата доза вакцина против коронавирус на производителот „Астра Зенека“. „Верувам во вакцините кои се одобрени  во Германија. Вакцинацијата е клучна за излез од пандемијата. Искористете ги можностите што ви се даваат”, се наведува во соопштението од Кабинетот на шефот на државата. Германските здравствени власти во вторникот одлучија […]

Царовска: Се подобруваат условите за сместување на студентите


 Со партнерства меѓу централната и локалната власт, како и со меѓународните партнери можеме да постигнеме одлични резултати изјави министерката за образование и наука Мила Царовска во Битола. На промотивен настан во Студентскиот дом „Кочо Рацин“, министерката Царовска посочи дека лица со попреченост кои студираат на битолскиот Универзитет од денес ќе имаат подобри услови за сместување […]

Папајоану: Борел го прифати предлогот – на 19 април дискусија во ЕУ за Западниот Балкан


Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Жозеп Борел, го прифати предлогот на деветтемината шефови на дипломатии кои бараа „Западниот Балкан да се врати на дневниот ред на Унијата“ и на 19 април во Луксембург ќе се одржи посебна дискусија за европската перспектива на регионот, информираше портпаролот на Министерството за надворешни работи на […]

На инфективните оддели се лекуваат 1.649 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа примени 79


На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1.649 пациенти со Ковид-19. Има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 79 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 675 лица сомнителни и потврдени за […]

Пристигнаа 20.000 „спутник“ вакцини од Србија


  Дури 20.000 вакцини „спутник“ пристигнаа денеска од Србија, а тоа е дел од два пати по 20 илјади, што треба да стигнат од соседна Србија. Премиерот Зоран Заев изрази благодарност до соседна Србија, а ова го нарече како голем чин на солидарност. Според него, со овие два пати по дваесет илјади „спутник“ вакцини што […]

(Во живо) Пристигна нова тура вакцини


Во 13 часот пред Институтот за трансфузиона медицина (во склоп на клиничкиот центар Мајка Тереза) премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче ќе одржат прес-конференција по повод пристигнувањето на нова пратка на вакцини.

Бислимоски повикува да се насочиме кон потенцијалите на обновливите извори на енергија


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски на денешното предавање на Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, посветено на енергетската независност, посочи дека инвестициите во енергетиката на секое поле се единствен начин за зајакнување и зголемување на енергетската независност. На прашање на студентите како да се обезбеди базна енергија во состојба кога зелената енергија се форсира, а […]

Драматична е ситуацијата во болницата во Битола


Во ковид центарот во болницата се хоспитализирани 103 пациенти. Сите се тешко болни и на кислородна поддршка   Анета Блажевска БИТОЛА – Тешка е сликата во Ковид центарот во Битола каде на двете одделенија се хоспитализирани дури 103 пациенти, најмногу досега од почетокот на кризата. Ноќеска починале и 4 пациенти од кои двајца од Битола […]

Измерена најниската регистрирана температура во буроносен облак


 Голем буроносен облак формиран над Тихиот Океан 2018 година ја достигна најниската регистрирана температура во таков облак воопшто, објави „Сајенс алерт“. Температурата во највисокиот дел од атмосферското тело во еден миг беше минус 111 Целзиусови степени. Ваквите ниски вредности сè уште не се измерени во буреносен облак. Грмотевичните бури и тропските циклони, коишто се кружни […]

Пристигнува нова пратка вакцини против Ковид-19


 По повод пристигнувањето на нова пратка на вакцини против Ковид-19, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска во 13 часот ќе одржат прес-конференција. Прес-конференцијата ќе се одржи пред Институтот за трансфузиона медицина, кој е во составот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Новата пратка вакцини доаѓа откако во неделата во земјава […]