Вакцината на Фајзер/Бионтек е ефикасна 91 процент, штити и од јужноафриканската мутација


Компаниите Фајзер и Бионтек соопштија дека нивната вакцина против Ковид-19 е речиси 91 проценти ефикасна во спречување на коронавирусот. Повикувајќи се на ажурирани податоци од истражување, компаниите соопштија дека вакцината се покажала како 100 проценти ефикасна во спречување на зараза со коронавирус кај учесници во студијата во Јужна Африка, каде што доминира новиот вид на […]

Нова „загрижувачка“ варијанта на корона вирусот детектирана кај патник од Танзанија


 Африканските здравствени власти откриле нова варијанта на корона вирусот кај лице кое патувало од Танзанија за Ангола. Африканскиот центар за контрола на болестите (ЦДЦ) соопшти дека варијантата има околу 40 мутации. Лидерот на ЦДЦ, Џон Нкенгасонг, денеска на прес-конференција кажа дека „ова секако е варијанта која предизвикува загриженост“. Танзанија не објавува податоци за инфекциите со […]

Пописот не треба да се одложува, смета Стопанската комора на северозападна Македонија


Стопанската комора на северозападна Македонија смета дека пописот не треба да се пролонгира за септември. Според СКСЗМ, не е доволно образложението за носењето на Законот кое се поврзува со потребата од колективна имунизација на населението. -Планот за спроведување на пописот во септември не гарантира дека дотогаш ќе имаме подобра епидемиолошка слика и, следствено, друг бран […]

Димитров во Загреб: Целосна поддршка од Хрватска за почеток на преговорите


На денешните средби во Загреб вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, доби целосна поддрпка за македонскиот пат кон Европската унија. Димитров се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и со министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ-Радман и при тоа се зборувало  очекувањата и изгледите за придвижување на пристапниот процес за Македонија, како и за домашните […]

Индустриското производство со пад од 12,2 отсто во февруари


Индустриското производство во февруари годинава бележи пад од 12,2 отсто во однос на февруари лани, додека во првите два месеца од годинава во однос на тој период лани намалувањето е за 12,8 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци индустриското производство во секторот Рударство и вадење  камен во февруари 2021 година, во однос […]

Граѓански организации: Потребни се јасни обврзувачки цели во законот за климатска акција


 Треба да си го поставиме прашањето зошто некој има потреба од климатски закон. Во основа, законот поставува обврзувачки цели дека климатската неутралност треба да биде обврска до 2050 година. Но, потребни се јасни квантифицирани обврзувачки цели, а тоа фали во Законот за климатска акција. Треба да се одредат одговорностите на релевантните институции и вклученоста на […]

Француски медиуми: „Пандев ја здроби Германија“


Реакциите на француските медиуми по вчерашната историска победата на македонската фудбалска селекција над Германија се полни со ловорики за нашите фудбалери и иронични коментари за германските. „Северна Македонија направи подвиг во Германија“, е насловот во интернет издението на телевизијата „Л’Екип“, чии коментатори за време на директниот пренос не ја криеја радоста по вториот победоносен гол […]

Пендаровски ја повлече војската од границата


Армијата повеќе нема да ги запира мигрантите на северната и јужната граница, бидејќи истече рокот на кризната состојба, а во меѓувреме таа не беше продолжена од Собранието. „Имајќи предвид дека кризната состојба прогласена на јужната и северната граница, а поврзана со мигрантската криза, заврши синоќа на полноќ, а Собранието не донесе одлука за нејзино продолжување, […]

Земјотрес во Маврово


Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер попладнево е регистриран во близина на Мавровското Езеро. Според информациите од ЕМСЦ, епицентарот е на длабочина од 2 километри, а се случил точно во 15.05 часот. Засега нема информација дали жителите на околните градови го почувствувале земјотресот, но како што е наведено на сајтот на ЕМСЦ, епицентарот […]

Во Србија се апсат антиваксери поради ширење паника


Српската полиција, по наредба на обвинителството, утрово ја уапси Јована Стојковиќ под сомнение дека сторила кривично дело предизвикување паника и немири со ширење лажни вести и објави на социјалните мрежи против вакцинацијата.Како што јавија српските медиуми, во тек е голема полициска акција против таканаречените „антиваксери“, во која се уапсени пет лица. Како што јави досписникот […]

Во дуалното образование бројот на паралелки од 11 се зголемува на 95


Во Оперативниот план за вработување за  годинава се предвидени 1,5 милијарди денари од кои значително голем дел е за вработување на младите до 29 години им порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на присутните на панел дискусијата „Пристап и креативни стратегии во креирањето на програми за вработување на младите“ што денеска се одржа во […]

За две недели треба да стигне терапија за лекување на Ковид-19


 За оваа болест за жал се уште нема терапија освен една што за период од околу две недели ќе стигне во нашата земја, а тоа е она специфично антитело што е наменето специјално за оваа болест заради тоа што се врзува таргетирано токму за вирусот, најави  денеска министерот за здравство Венко Филипче. Одговарајќи на новинарско […]

КСС: Апсурдно е да се разговара за зголемување на минималната плата од 200 денари


Конфедерацијата на слободни синдикати смета дека е апсурдно да се зборува за зголемување од 200 денари на минималната плата во период на пандемија кога работникот е осиромашен. Сметаат дека минималната плата треба да се зголеми најмалку 60 проценти од просечната. – Синдикатите вчера беа експлицитно против таквата одлука. Во најмала рака тоа е смешно и […]

Во февруари во индустријата работеле за 3,9 отсто помалку работници од истиот месец лани


Бројот на работници во индустријата во февруари годинава во однос на истиот месец лани е намален за 3,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во секторот Рударство и вадење на камен во февруари годинава во однос на февруари лани  бројот на работници бележи опаѓање од 6,7 проценти, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 3,7 […]

За пописот и за измената на изборниот законик ќе се решава по скратена постапка


Почна пленарната седница за измена и дополнување на Законот за попис на населението и за Законот за промена во изборниот законик. Пратениците изгласаа двата закони да се носат по скратена постапка. Против за пописот гласаа само седум пратеници, додека кај измените на изборниот законик сите 102 пратеници беа „за“., односно одлуката се донесе едногласно. Сега […]

Матео Коланџели именуван за директор на ЕБРД за Западен Балкан


Европска банка за обнова и развој (ЕБРД) го назначи Матео Коланџели за нов директор за регионот на Западен Балкан и директор на канцеларијата во Србија. Како регионален директор, Коланџели ќе биде одговорен за операциите на ЕБОР во Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, а седиштето ќе биде во Белград. – […]

Заев: Ниту еден министер не примил вакцина, сите чекаат ред


    Најодговорно тврдам дека ниту еден министер, вклучително и министерот за здравство кој е здравствен работник, нема примено вакцина. Сите сме пријавени на апликацијата за вакцина и го чекаме нашиот ред, согласно планот за масовна вакцинација на населението, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашање по пристигнувањето на нови вакцини од Србија. Во […]

Реџепи најави амандмани на предлогот за измена и дополнување на Законот за попис


Коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива останува на ставот дека пописот не треба да се одложи и нагласи дека нема да дозволи да се одржи денешната собраниска седница, на која на дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Севрна Македонија, […]

Заев: Пописот е почнат, по донесувањето на Законот за негово одложување сите обработени материјали ќе бидат земени предвид


Премиерот Зоран Заев изрази уверување дека Парламентот денеска или утре ќе ги донесе измените и дополнувањата на Законот за попис за негово одлагање за септември, а бидејќи самата операција е почната согласно постојниот Закон со подготвителна фаза за теренски активности, сите материјали кои евентуално ќе бидат изработени од денеска, ќе бидат земени предвид. – Нема […]

Во Босна и Херцеговина починаа уште 76 пациенти со Ковид-19


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина по тестирани 5.341 примерок, регистрирани се 1.698 новозаразени, а во истиот период починаа 76 пациенти. Во Федерацијата тестирани се 3.808 примероци, а новозаразени се 1.037 луѓе. Досега се тестирани 546.815 примероци, а вирусот е потврден кај 112.439 лица. Оздравеа 89.523 пациенти. Пријавени се уште 51 починат […]