Владата донесе одлука СЦ „Борис Трајковски“ да биде вакцинален центар


Владата денеска на седница го задолжи Министерството за здравство, врз основа на одлуката за кризна состојба на дел од територијата на Северна Македонија, да ги ангажира сите свои стручни и други неопходни капацитети за спроведување на масовна вакцинација во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Како што соопшти владината прес-служба, со заклучок по оваа точка Владата го […]

Од денеска кризна состојба на дел од територијата на државата поради ризик од транзитирање мигранти и ширење КОВИД


Владата на денешната седница донесе Одлука за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање мигранти, како и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на пандемија. Според Одлуката, кризната состојба ќе трае најмногу 30 дена, почнувајќи од 1 април 2021 […]

Прераспределени средства во Буџетот за да се реализираат капитални инвестиции


Владата на денешната седница донесе одлука за прераспределба на ставки во буџетот на Министерството за образование и наука за да се обезбедат средства за реализација на капитални инвестиции. Владината прес-служба соопшти дека инвестицииите се за градежни работи за потребите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, во износ од 3.300.000 денари, 31.400.000 денари за реконструкција […]

Да се прогласи кризна состојба на јужната и северната граница, предлага Групата за процена на Владата


Групата за процена на Владата предлага да се донесе одлука за постоење кризна состојба на јужната и северната граница на државата заради заштита на јавното здравје од илегална миграција. Ова е заклучокот од денешната седница на Групата одржана преку видеоконференциска врска. На седницата, раководителот на Групата за процена, Стојанче Ангелов, отвори дискусија за проценување на состојбата и […]

Мајкрософт склучи договор со американската армија во вредност од 21,9 милијарди долари


САД– Мајкрософт го доби тендерот на американската армија за набавка на лична опрема заснована на технологијата „зголемена реалност“, обезбедувајќи нарачка чија вредност може да достигне 21,9 милијарди долари во следните 10 години.   Компанијата соработуваше со војската две години за да се изгради прототип на „интегрираниот систем за визуелно зголемување“ (ИВАС), а во средата објави дека […]

Француските филмаџии стравуваат дека ќе има премногу филмови со повторното отворање на киносалите


Франција– Иако датумот за повторно отворање на киносалите се уште е непознат, властите и дистрибутерите на филмови во Франција се обидуваат да ги регулираат 400-те филмови што моментално чекаат на излегување во киносалите, јави дописникот на МИА.. Националниот центар за кино и анимирана слика (ЦНЦ) објави изземање за исклучително дозволување кино-филмови да бидат прикажани на […]

Татко ми Зафир ќе го испратиме со насмевка и песна, вели синот Васил


Музичката легенда Зафир Хаџиманов ќе биде погребан во среда, на седми април на Новите гробишта во Белград, информира на Фејсбук неговиот син, познатиот џез-музичар Васил Хаџиманов. Неговата урна ќе биде положена во Алејата на заслужни граѓани. -Кога ќе помине оваа грозна пандемија ќе направиме испраќање, какво што му доликува, и какво што сакаше Зафир. Со […]

Дуа Липа, Арло Паркс и Селест со најмногу номинации за Британските музички награди


Англија– Пејачките-текстописци Дуа Липа, Арло Паркс и Селест ја предводат конкуренцијата за „Британските музички награди“ годинава. Трите Британки вчера беа номинирани за најдобра соло-изведувачка и за албум на годината. Липа е и во конкуренција за најдобар британски сингл, за песната „Physical“. И Паркс и Селест – која има и номинација за Оскар за „Hear My Voice“, […]

Евросонг во Ротердам ќе се одржи пред 3.500 гледачи со негативен тест за коронавирус


Холандија– Организаторите на годинешниот Евросонг добија дозвола тој да се одржи во присуство на 3.500 фанови, како дел од тестирање што го спроведува холандската влада. Фестивалот ќе се одржи во мај во салата „Ахој“ во Ротердам откако лани беше откажан поради коронавирусот. Според планот, салата ќе биде половично полна, а присутните ќе мора да имаат […]

Нови 1.402 случаи на КОВИД, починаа 29 лица, оздравени 761 пациент


Министерството за здравство соопшти дека  во последните 24 часа се регистрирани нови 1.402 случаи на КОВИД. Оздравеле 761 пациент и починале 29 лица, сите во болнички услови. Вкупната бројка на дијагностицирани е 131.424, а направени се 3.978 тестирања. Нови случаи на КОВИД- има во Скопје – 603, Битола – 105, Куманово – 84, Велес – […]

СТО е за соработка со земјите во развој за производство на вакцини


  Генералната директорка на Светската трговска организација (СТО) Нгози Оконџо-Ивеала ги повика компаниите кои произведуваат вакцини против коронавирусот да ги направат вакцините достапни за секого или да соработуваат со земјите во развој кога станува збор за производството. Во интервју за Би-Би-Си, таа потсети на договорот за соработка меѓу фармацевтската компанија Астра Зенека и Институтот за […]

Денеска топло до 23 степени, за викендот влажен бран и засилен ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема во западните делови. Ќе дува умерен, на места краткотрајно засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец и со температура […]

Уништена фонтаната „Печурка“ во Ново Лисиче


Вандалски е уништена фонтаната „Печурка“ што се наоѓа во населбата Ново Лисиче, а која деновиве е во фаза на реконструкција. Непознати сторители ги искршиле новозалепените мозаични плочки на фонтаната и нанеле штета во висина од 33.000 денари, а случајот веднаш е пријавен во полиција.   Општина Аеродром го осудува вандалскиот чин и апелира до граѓаните […]

СЗО: Вакцинацијата во Европа оди „неприфатливо бавно“


Вакцинацијата во Европа против Ковид-19 е „неприфатливо бавна“, рече европскиот раководител на Светската здравствена организација во четвртокот, предизвикувајќи загриженост дека доцнењата во давањето дози може да ја продолжат пандемијата како што се шират случаи на варијанти. Само 10 отсто од населението во регионот примило една доза на вакцина, а 4 проценти ги добиле двете дози, […]

ЕУ бара од Индија 10 милиони вакцини на Астра Зенека


 ЕУ побара од Индија дозвола за купување 10 милиони дози вакцини на „Астра Зенека“ од индискиот Институт за серум, изјави претставник на индиската влада. „Амбасадорот на ЕУ напиша писмо, во кое вели: Ве молам, дајте ни одобренија за извоз”, рече индиски официјален претставник, додавајќи дека писмото е испратено пред околу две недели.   ЕУ сака […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев веднаш да објави кој се вакцинирал, сè друго е лага


  ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на премиерот Зоран Заев дека  ниту еден функционер, вклучувајќи го и министерот за здравство, не се вакцинирал досега и дека си чекаат да им дојде ред.   -Единствениот начин на кој Зоран Заев може да докаже дека нема злоупотреба на процесот на вакцинирање и дека нема ВИП вакцинација, е да […]

Најдено починато лице во базените на Катлановски бањи


Во Полициската станица Петровец вчера околу 10.20 часот било пријавено дека било пронајдено починато лице во еден од базените во Катлановска бања. Извршен е увид на местото, а екипа на Итна медициска помош констатирала смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Амбасадорката Брнз побара од Села и Гаши да бидат конструктивна опозиција


Откако Алијансата за Албанците и Алтернатива блокираат сѐ можно во Собранието и го запреа узвојувањето на законодавството, денеска интервенираа САД преку амбасадорката Кејт Брнз која побара од нив да бидат контруктивна опозиција. Амбасадата преку соопштение на својата Фејсбук страница објави дека „амбасадорката Брнз зборуваше денеска со лидерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива, Зијадин села […]

Вработени во „Водостопанство“ Радовиш исекле 196 тополи, нанеле штета од 10.000 евра


ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.К.(40) од село Дражево, општина Ново Село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и В.К.(61) од радовишкото село Ораовица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, двајцата вработени во АД „Водостопанство“ – подружница Радовишко […]

Франција ќе поддржува проекти за климатска акција и за заштита на животната средина


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се сретна со регионалниот директор на Француската агенција за развој (АФД), Доминик Отберг, на која присуствуваа и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и директорката на регионална економска служба на Амбасадата со седиште во Софија, Флоренс Добел. Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, регионалниот […]