Најдено починато лице во базените на Катлановски бањи
Во Полициската станица Петровец вчера околу 10.20 часот било пријавено дека било пронајдено починато лице во еден од базените во Катлановска бања.
Извршен е увид на местото, а екипа на Итна медициска помош констатирала смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.