Целосно вакцинирани 6,3 отсто од Грците, првата доза ја примиле 11,56 проценти


 Вкупно 1.847.000 вакцинации се спроведени досега во Грција, од кои 1,2 милиони граѓани, односно 11,56 отсто ја примиле првата доза, а 663.000 Грци или 6,31 отсто се целосно имунизирани со двете дози, соопшти попладнево генералниот секретар од Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на редовната прес конференција за процесот на имунизација во земјата, јави […]

Итно до број за итни случаи


Случајот со овчарот на кого му беше потребна медицинска помош во Кратовско, е последен во низата случаи кој потсетува дека долго најавуваниот единствен број за итни случаи нѝ треба повеќе од итно. Ова прашање го покренаа и поплавите во Скопје кога загинаа 22 луѓе, а подоцна и автобуската несреќа кај Ласкарци. Она што е долгогодишна […]

Франција почнува со производство на вакцини против Ковид-19 на своја територија


Франција– Вакцини против Ковид-19 треба од среда да почнат да се произведуваат во Франција, а тоа ќе го стори францускиот подизведувач Делфарм, потврди француското Министерство за економија и финансии. Производството треба да почне в среда во фабриката на Делфарм, во северозападниот дел на Франција, за германската лабораторија Бионтек, која е партнер со американскиот „Фајзер“, соопшти […]

Пресуда за „Трезор“ на 13 април


Основниот кривичен суд во Скопје пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија, ќе ја објави на 13 април. Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на […]

Нема дополнителни мерки за затворање на граничните премини


Немаме дополнителни мерки за затворање на граничните премини заради тоа што е увидено дека заразата се шири дома, истакна денеска премиерот Зоран Заев. Буквално, посочи, сите земји се со одредени ограничувања. – Посебно со затворањето на угостителските објекти нема смисла за дополнително затворање на границите. Значи нема таква мерка за затворање на граничните премини, додаде […]

Раководството на бугарските социјалисти поднесе оставка, лидерката Нинова – не


Корнелија Нинова вели дека резултатите се тежок пораз, но не и апокалипса, и дека сега најмногу ѝ треба на партијата   Извршниот одбор на Бугарската социјалистичка партија (БСП) поднесе оставка по катастрофалниот резултат на изборите во неделата, но не и лидерката на партијата Корнелија Нинова. Според 92 отсто од пребројаните резултати БСП е на третото […]

Заев очекува неделава да се донесат законите од петтиот сет економски мерки


Премиерот Зоран Заев очекува оваа недела во Собранието да бидат донесени законите од петтиот пакет економски мерки. Тој денеска уште еднаш повтори дека ќе се најде решение за законот за државјанство и апелира секој да ја исполни сопствената одговорност. -Очекувам оваа недела ако може да се заврши. Повторно ја испраќам пораката сите да го завршиме […]

Се чека став од ЕМА за „Астра Зенека“ за помлади лица, 20 отсто закажани не доаѓаат на вакцинација


Околу 20 отсто од веќе закажаните не се јавуваат на вакциналните пунктови, а за одѕивот на пријавените во салата „Борис Трајковски“ ќе се знае денеска. Многу е тешко сега да се каже дали тоа се должи на дилемата што произлезе во однос вакцината на „Астра Зенека“. Таа сега им се дава на повозрасни граѓани и […]

Медиуми: Ибрахимовиќ уште една година во Милан за плата од 6.5 милиони евра


Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ би требало во следните денови да го продолжи договорот со екипата на Милан до јуни 2022 година, пренесуваат денеска италијанските медиуми. Договорот, според пишувањето на медиумите, е веќе подготвен, а Ибрахимовиќ би заработувал годишно 6.5 милиони евра, плус бонус од 500.000 евра доколку италијанскиот прволигаш Милан на крајот од оваа сезона избори […]

Обвинители во БиХ ја испитуваат поврзаноста на починати од Ковид-19 и кинеските респиратори


Обвинителството на Сараевската жупанија денеска започна истрага дали луѓето умираат од Ковид-19 затоа што се поврзани со неквалитетни респиратори од Кина. Одлуката е донесена откако 17 анестезиолози од Клиничкиот центар во Сараево предупредија дека е обезбедена несоодветна опрема за пациентите со најтешка клиничка слика на Ковид-19. Бидејќи бројот на смртни случаи нагло се зголеми, анестезиолозите, […]

Антителата не се репер за тоа дали треба да се прими вакцина, два три месеци по прележувањето на Ковид-19 може да се прими, вели Филипче


Антителата како количина не се репер за тоа дали треба да се добие вакцина или не, односно нема долна граница. Дополнително зависи од апаратот на кој се работи и институцијата. Во принцип ставот е дека после два или три месеци од прележувањето на болеста може да се прими вакцина против Ковид-19. Ова денеска го истакна […]

Филипче ќе разговара со приватните болници за високите ценовници


Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека оваа недела ќе поразговара со претставници на приватните болници околу цените за лекување кои, според граѓаните, се многу високи. Според Филипче, сите пациенти кои одат во приватните болници, тоа го прават по своја волја. Во државните здравствени установи и на клиниките се лекуваат сите кои имаат итни состојби, […]

Туристичко-угостителската комора бара итна финансиска помош


Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори бара итна финансиска помош за овој сектор по одлуката на Владата за затворање на угостителските објекти како дел од рестриктивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19. Според проценките на Комората, без основни приходи ќе останат околу 30 илјади граѓани кои работат во овој сектор. – Со оглед […]

Националната галерија организира инклузивен проект за компјутерска графика на тема „Виртуелно ЈАС“


Национална галерија на Република Северна Македонија секоја година се приклучува во одбележување на месец април – посветен на подигнување на свеста за присуството и прифаќањето на лицата со аутизам. – Оваа година, во соработка со Гимназијата „Алгоритам“, организираме инклузивен проект за компјутерска графика на тема „Виртуелно ЈАС“. Преку компјутерска графика, децата од оваа ранлива категорија […]

„Сити плаза“ официјално сопственик на „Рамстор Македонија”: Одлучивме да инвестираме во иднината


„Не можеме да се затвориме и да чекаме подобри времиња, нив треба сами да ги создаваме“, порача денес Ајдован Адемоски, чија компанија „Сити плаза“ од денес и официјално е сопственик на „Рамстор Македонија”, во чиј развој во наредните пет години ќе инвестира над 105 милиони евра. „Во ера на пандемија, која го зафати целиот свет, […]

Нови 301 случаи на Ковид-19, 37 починати, 1091 оздравени пациенти


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.431 тестирања, а регистрирани се 301 нови случаи на Ковид-19. Починати се 37 лица, а оздравени 1091 пациенти.   Во Скопје се регистрирани 174 случаи на Ковид-19, во Кавадарци -17, Велес -16, Прилеп -14, Куманово, Тетово и Штип […]

Ангелов: Формирана е комисија што ќе го испита случајот со завеаниот овчар во Кратовско


 Формирана е петчлена комисија која детално ќе го испита случајот со завеаниот овчар во Кратовско и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости кај Центарот за управуавње со кризи или во другите институции. Ќе утврдат каде точно се пропустите и слабостите, за тие да бидат надминати во иднина. Не сакаме и нема да дозволиме во […]

Кој е Слави Трифонов, вистинскиот победник на изборите во Бугарија


На бугарските граѓани едни продаваат автопати, други омраза, а лидерот на партијата Има таков народ им продава сон   Успехот на партијата Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов ја испомеша бугарската политичка сцена на изборите во неделата. „Независен“ минатата седмица објави портрет на овој шоумен кој стана политичар објавен во бугарскиот весник „Дневник“. Денеска […]

Масовната вакцинација почна, двајца паднаа во несвест


Двајца граѓани кои денеска чекале за вакцинација во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, паднале во несвест, а министерот за здравство Венко Филипче уверува дека тоа не е поврзано со вакцинирањето. Тој, на денешната прес-конференција оцени дека добро се спроведува вакцинацијата во сите вакцинални пукнтови низ државата. -Нема никакви проблеми со вакцинацијата на постари граѓани. Се […]