Во Албанија од Ковид-19 почина новинарот Арбен Костурани


Албанија – По двонеделна битка со Ковид-19, денеска почина Арбен Костури, познат новинар од Корча, член на Унијата на албански новинари, како и претседател на организацијата „Дисутни Албанија“, соопшти Унијата на новинари на Албанија. Педесетгодишниот Арбен Костури повеќе од две децении подготвуваше радио и телевизиски програми на ромски јазик и е еден од основачите на Унијата […]

„Модерна“ почна тестирање за подобрување на верзија од вакцината против корона вирус


  Фармацевтската компанија „Модерна“ објави денеска дека ги вакцинирала првите пациенти во рана од студијата за подобрување на верзијата на вакцината за Ковид-19. Од комапнијата наведоа дека нивната нова вакцина, mRNA-1283, може да се чува во фрижидери, место во замрзнувачи, со што че се олесни дистрибуцијата, посебно во земјите во развој, јави Ројтерс. „Студијата во […]

Вучиќ-Палмер: Стабилноста на Западен Балкан е еден од приоритетите на САД


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска преку видео врска разговараше со специјалниот пратеник на американскиот Стејт департмент за Западен Балкан, Метју Палмер, со кого разгледа бројни регионални прашања, состојбата во врска со пандемијата Ковид-19, мерките за економското закрепнување и продолжување на дијалогот со Косово, јави дописникот на МИА од Белград. „Палмер ѝ честиташе на Србија […]

Германската економија со загуби од 250 милијарди евра и над 16.000 затворени фирми во пандемијата


Германија– Ова е невиден шок за германската економија: штетата од пандемијата досега изнесува 250 милијарди евра, повеќе од 16.000 компании банкротираа, а најмалку 5.000 други се на вештачко дишење, наведува Дојче веле. Според Институтот за германска економија, доаѓа до влошување на штетите од пандемијата. Само во текот на оваа година многу продавници во земјата се […]

Корона кластер од заболени наставници во ОУ „Коле Канински“ во Битола


БИТОЛА – Тринаесет вработени од  ОУ „Коле Канински“ Битола се позитивни на Ковид-19. Дали и колку од учениците се разболеле од своите наставници засега е рано да се каже, но во моментов ова е еден од најголемите кластери во битолските училишта. Директорот на училиштето, Зоран Мирчевски, во телефонски разговор за „Независен“ ги обвини новинарите дека […]

Вајола Дејвис испиша историја на Оскарите со четирите номинации


САД- Актерката Вајола Дејвис денес испиша историја на Оскарите. Таа ја доби четвртата номинација за најпрестижната филмска награда поставувајќи рекорд како црномуреста актерка со најмногу номинации за Оскар, според Нетфликс. Дејвис, која освои Оскар за најдобра споредна улога за „Fences” во 2017 година, беше изедначена со Октавија Спенсер, со три номинации, сè додека нејзиното име […]

Босанскиот филм за геноцидот во Сребреница „Кво вадис, Аида?“ во трка за Оскар


САД– Филмот „Кво вадис, Аида?“ на босанската режисерка Јасмила Жбаниќ е номиниран во категоријата најдобар странски филм, заедно со филмовите „Уште една тура“ од Данска, „Подобри денови“ од Хонгконг, „Колектив“ од Романија и „Човекот што си ја продаде кожата“ од Тунис, пренесува АП. Оваа година церемонијата на „Оскарите“ ќе се одржи на 25 април. Филмот „Кво […]

ОЕЦД: БДП на Г20 порасна за 2,1 отсто во последниот квартал на 2020 година


Вкупното ниво на бруто домашен производ (БДП) на земјите од Г-20 се зголеми за 2,1 отсто во четвртиот квартал на 2020 година, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Во соопштението е наведено нагло забавување на растот на овој индикатор наспроти растот во третиот квартал (+ 7,8 отсто). Во исто време, првите два […]

Над 300 илјади посети на платформата „Македонски туристички водич“


Платформата „Македонски туристички водич“, веќе е посетена повеќе од 300 илјади пати, а апликацијата за паметни уреди е исто така симната повеќе илјади пати, со што, како што соопштија од Владата, се покажува дека е исклучително корисна за сите кои сакаат да ги посетат туристичките локации во Република Северна Македонија и да се запознаат со […]

Навални: Затворен сум во концентрационен логор


Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој помина две и пол години во затвор надвор од Москва, денеска изјави дека е затворен во „вистински концентрационен логор“. – Морам да признаам дека рускиот затворски систем успеа да ме изненади. Немав идеја дека е можно да се создаде вистински концентрационен логор на 100 километри од Москва, напиша Навални на Инстаграм со […]

Франција ја прекинува вакцинацијата со АстраЗенека на 24 часа, во очекување на мислењето на Европската агенција за лекови


Франција – Франција ја прекинува вакцинацијата со АстраЗенека на 24 часа, во очекување на мислењето на Европската агенција за лекови. Париз на тој начин се усогласува со неколку свои европски соседи како Германија, Италија, Данска, Ирска и Холандија, јави дописникот на МИА. Германија ја суспендира употребата на вакцината Ковид-19 од англо-шведската лабораторија „АстраЗенека“ „како превентивна мерка“ по пријавувањето на несаканите […]

СДСМ тврди дека Мицкоски бил нервозен по притворот на Камчев


Владејачките социјалдемократи денеска објавија дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побрзал да го одбрани Орце Камчев затоа што имал големи хипотеки кон него. „Адвокат на Орце е Менкиновски, партиски функционер, човек на Мицкоски, претседател на партиската правна комисија, преговарач за Законот за ЈО… За сите поддршки коишто Орце ги давал на ВМРО-ДПММНЕ ли Мицкоски му […]

СЗО: Ги анализираме извештаите поврзани со АстраЗенека, засега нема докази


Швајцарија – Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека нејзиниот советодавен одбор ги анализира извештаите поврзани со вакцината на „АстраЗенека“ против Ковид-19, но дека досега нема докази дека некои здравствени инциденти биле предизвикани од вакцината. – Штом СЗО добие целосен увид во настаните, своите налази и какви било измени во сегашните препораки ќе бидат јавно објавени веднаш, изјави […]

Германија ја прекинува употребата на вакцината на АстраЗенека


Германската Влада денеска соопшти дека ја прекинува употребата на вакцината против коронавирусот на АстраЗенека поради случаи на појава на згрутчување на крвта.   Германското Министерство за здравство во соопштението наведува дека одлуката ја донело од „претпазливост“ и по совет на националниот регулатор за вакцини.   Во соопштението се додава дека Европската агенција за лекови ќе […]

„Менк“ со десет номинации за Оскар, за прв пат номинирани две режисерки


САД– „Менк“ на Дејвид Финчер доби најмногу номинации за 93. Оскари. Овој филм е номиниран во 10 категории. Музичарот Ник Џонас и сопругата, актерката и мис на светот за 2000 година, Пријанка Чопра-Џонас ги објавија номинациите во сите 23 категории на годинешната церемонија. За прв пат во историјата две жени, Клои Жао и Емералд Фенел, […]

Швајцарскиот претставник Ѓон Муамерај е фаворит на Евросонг (видео)


Швајцарија- Ѓон Муамерај, со сценско име Солзите на Ѓон (Gjon’s Tears), кој во мај во Ротердам, Холандија ќе ги брани боите на Швајцарија, е фаворит на годинешната „Евровизија“. Песната „Tout l’Univers“ на 22-годишниот пејач засега котира највисоко на листата на обложувалниците. Муамерај е роден во Бро, Швајцарија, од татко албански Косовец и мајка Албанка, кој […]

Русија склопи спогодби за производство на „спутник V“ со повеќе европски земји


  Русија склопи спогоби со неколку европски земји за производство на вакцината против корона вирус „спутник V“, пренесе новинската агенција Интерфакс. Извршниот директор на фондот за директни вложувања Кирил Дмитриев наводно тоа го објавил во понеделник во Москва, но не кажал за кои фирми станува збор. Спогодбите се со фирми од Германија, Франција, Италија и […]

Од коронавирус почина познатиот тапанар Драгољуб Ѓуричиќ


Познатиот тапанар Драгоjуб Ѓуричиќ почина по неколкудневна борба со коронавирусот, соопштија од Здружението на џез и рок музичари на Србија. Како што јави дописникот на МИА од Белград Ѓуричиќ беше хоспитализиран на крајот на минатиот месец поради коронавирус. Роден е во Цетиње на 10 февруари 1953 година. Има свирено во „Леб и сол“, „Ју Група“, […]

„Скриени желби, немирни патувања“ на Владимир Јанковски е роман на годината за 2020


„Скриени желби, немирни патувања“ на Владимир Јанковски во издание на „Антолог“ е роман на годината за 2020, награда која по 22. пат ја додели фондацијата „Славко Јаневски”. Во конкуренција биле 41 пристигнат роман, а жири-комисијата била во состав Оливера Николова (претседателка и минатогодишна лауреатка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева. „Најновото книжевно […]

Синтија Ериво во уникат на „Луј Витон“: Врвна мода на Греми


САД-Кога станува збор за стилот на сезоната на награди, Синтија Ериво е моден камелеон. Од флуоресцентни неонски нијанси до комплетно украсени балски фустани, актерката никогаш не се плаши да ги надмине границите – и тоа го стори за 63. издание на музичките Оскари- Греми. Ѕвездата, која беше номинирана за Греми за најдобра песна напишана за […]