Во 36 случаи во Грција затаен данок во висина од 24,5 милиони евра


Лекари, туристички агенции, сметководители, фитнес центри, фризерски салони, спортски клубови,  компании за транспорт, за храна, за облека, се дел од бизнисите што се најдоа на листата на затајувачи на данок за периодот 2014-2019 година во Грција и ѝ направиле штета на државата во висина од 24,5 милиони евра според податоците од Независната служба за јавни […]

Почнаа активностите за формирање земјоделски осигурителен фонд


Поради временските непогоди, секоја година државата исплаќа по 3,5 милиони евра обесштетување. Време е да воспоставиме организиран осигурителен систем за заштита на земјоделството. Само така ќе успееме да одговориме на најголемиот предизвик – климатските промени, но и да ги зголемиме посевите и приносите, како и нивниот и квалитет, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и […]

Починаа уште 21 пациент со Ковид-19, 284 новозаразени


Висок број починати од Ковид-19, регистрирани се во последното деноноќие во Македонија, односно дури 21, од кои осум се од Скопје.    Инаку, со оглед на тоа што вчера беше недела, направени се помалку тестирања 1.258, а регистрирани се 284 нови случаи на Ковид-19, што е повторно висока бројка од 22,5 отсто од примероците. Според […]

ЦДУ ја почна одбраната на дебаклот на изборите со напад врз социјалдемократите


Се лизнаa во Рајнланд-Пфалц, историски слаб резултат во Баден-Виртемберг: по поразите на покраинските избори, има сериозни немири зад сцената во владејачката ЦДУ. Водечките демохристијани зборуваа на состаноците на извршното тело на партијата и президиумот за предупредувачки удар и повикаа на фундаментална анализа на поразот и санирање на аферата со маските. Лидерот на ЦДУ, Армин Лашет, […]

Меки допири со „Mellow“ – нова колекција на Евгенија Зафировска (галерија)


Во понудата на дизајнерката која живее и создава на релација Скопје-Љубљана, одново доминираат минимализмот и геометриските форми, како нејзин препознатлив стилски печат Mодната дизајнерка Евгенија Зафировска претстави над триесет уникатни креации под етикетата на брендот „EZ“, кои се наменети како за домашниот пазар, така и за љубителите на нејзината естетика во странство. „Меllow“ е симболичниот […]

Почна доставата на решенија за данок на имот и фирмарина


Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека во тек е доставувањето на решенија за данок на имот и комунална такса –фирмарина за тековната 2021 година. Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатата 2020 година ќе добијат опомена за неплатен долг. Даночните […]

Во Србија повеќе од 4.600 новозаразени, починаа 28 пациенти


  Според последните информации, во Србија потврдени се уште 4.634 случаи на зараза со корона вирус, а починаа 28 пациенти. Во болниците ширум Србија се лекуваат 4.516 пациенти, од кои 219 на респиратори. Во последните 24 часа тестирани се 15.265 граѓани, а вкупно од почетокот на пандемијата 3.164.313. Досега во Србија од Ковид-19 заболеле 520.911 […]

Реновирани целосно неупотребливи училници во ООУ „Ѓоргија Пулевски“


Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска изврши увид во реновирањето на училниците во ООУ „Ѓоргија Пулевски“, кои деновиве се целосно обновени. Училниците, кои 15 години не се во употреба, деновиве Општина Аеродром за прв пат целосно ги реновира од кога е изградено училиштето и наскоро ќе бидат приспособени за настава. Тие добија нов под, […]

Главна цел на Федерер е пласман на Олимпијадата во Токио


САД– Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер во интервју за „Tennis World USA“ зборуваше за неговата главна цел во кариерата. – Сега имам една цел – да дојдам до Олимпијадата во Токио и да настапам таму најдобро што можам. Ова е важно за мене, бидејќи не можев да се натпреварувам во Рио 2016 година поради повреда на коленото. […]

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 23 март, денеска беше испрашуван сопственикот на „Дурмо Турс“


Со директно испрашување на сопственикот на „Дурмо Турс“, кој е првообвинет во предметот „Ласкарци“ од страна на одбраната, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари 2019 година во атарот на скопското село Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а над 30 беа тешко повредени. Пред да […]

Оставка на координаторот за набавка на вакцините во Австрија


Високиот австриски здравствен службеник, координаторот за набавка на  вакцината против Ковид-19, Клеменс Оер, денеска поднесе оставка на фунцијата, затоа што не успеа да ги купи сите достапни дози на вакцини, откако канцеларот ги искритикува разликите во дистрибуцијата на вакцините во Европската унија. -Клеменс Оер денеска ме замоли да го ослободам од должноста, изјави австрискиот министер […]

Секој петти текстилец ќе остане без работа ако не ја добијат навреме поддршката за плати


Пратениците побрзо да го донесат законот за финансиска поддршка на плати зашто во спротивно, 20 отсто од вработените ќе останат без работа, апелираа денеска текстилните компании. Тие бараат и одложување на роковите за поднесување на барањата за финансиска помош. Во претстојниот период компаниите очекуваат пад на продажбата за 50 отсто и дополнително откажување на нарачките, […]

Одобрени нови 337 барања од 27,9 милиони евра од Ковид 3 бескаматната кредитна линија


Нова група од 337 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, соопшти Развојната банка на Република Северна Македонија. Од кредитната линија, за која се предвидени средства до 31 милион евра, досега вкупно се одобрени 2459 […]

Студија на „Фридрих Еберт“ укажува на потребата за поголема вклученост на жените во општеството


Фондацијата „Фридрих Еберт“ спроведе сеопфатно национално истражување и објави Студија за жените во Република Северна Македонија 2020/2021 со цел да ја измери, опише и објасни позиционираноста на женската популација од сите етнички заедници во однос на општеството, семејството, вредностите, образованието, вработувањето, политиката, безбедноста и грижата за здравјето. – Студијата дава еден сеопфатен преглед и анализа на најбитните […]

УЕФА бара најдоцна до 20 април да се знае дали ЕП во фудбал ќе се игра пред публика


Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин објави краен рок за донесување одлука за прием на навивачи на натпреварите на натпреварите од Европското првенство 2020. – Крајниот рок е утврден на 20 април. Идеален исход би бил турнирот да се одржи во 12 градови, но доколку тој не успее, тогаш турнирот ќе се одржи […]

Македонија 2025 објави седум стипендии за РАНЕПА, најдобрата бизнис школа во Русија


Македонија 2025 објави седум стипендии за Руската претседателска академија за национална економија и јавна администрација (РАНЕПА) во Москва за учебната 2021 година. Од Македонија 2025 наведуваат дека станува збор за најдобра Бизнис школа во Русија со меѓународна и национална акредитација, која според последните рангирања (во 2020 година) на универзитетите во Русија се наоѓа на 4-тото место. Предвидени се две […]

ССМ бара минималната плата да биде 60 отсто од просечната 


Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија  (ССМ) покажуваат дека согласно критериумите за усогласување на минималната плата во март годинава, таа би требало да се усогласи за 3,17 проценти. Но, од Синдикатот сметаат дека тоа не е доволно и бараат минималната плата да се зголеми во висина од 60 проценти од просечната плата и таа […]

Ангеловски го објави списокот на фудбалери за почетокот на квалификациите за СП 2022


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски денес го објави списокот на фудбалери за претстојните три натпревари: против Романија (25 март, Букурешт), Лихтенштајн (28 март, Скопје) и Германија (31 март, Дуизбург) од квалификациите за Светското првенство 2022. На списокот на Ангеловски се наоѓаат 26 фудбалери. Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), […]

ОПМ со кредитни калкулатори ќе им помага на граѓаните кој кредит да го одберат


Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) по повод 15 март, Светски ден на правата на потрошувачите, денеска организираше онлајн работна средба со цел да се подобрат финансиски услуги за потрошувачите. На средбата, како што соопшти Организацијата на потрошувачите, имаше повеќе од 66 учесници од министерствата за финансии и за економија, Народната банка, Агенцијата за супервизија […]

Објавен јавен повик за реконструкција на 35 улици и патишта во 21 општина и Градот Скопје


Министерството за транспорт и врски го објави вториот повик за изведба на градежни работи за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта во 21 општина и Градот Скопје во проценета вредност од околу седум милиони евра. Рокот за доставување на понудите е до 8 април годинава, по што ќе се изберат најповолните понудувачи. Проектот за реконструкција […]