Непречен сообраќај по наместа влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар […]

Османи во посета на Швајцарија и Шпанија


Министерот за надворешни работи  Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Швајцарија и на Шпанија.  Како што соопшти МНР, во рамки на престојот во Берн, министерот Османи ќе се сретне со бројни здруженија на граѓани и членови на нашата дијаспора од кои ќе побара поддршка за процесот на Попис 2021. За време на […]

Продолжува судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април


Во Кривичниот суд Скопје за денеска е предвидено да продолжи судењето за предметот „Организатори на 27 април”. На претходното рочиште за случајот  за собраниските настани на 27 април 2017 година беа изведени материјални докази предложени од одбраната на Миле Јанакиески. Овој случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник […]

Предлог измените на Законот за лична карта пред Комисијата за политички систем


Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање, е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. – Со предлагањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта се цели кон проширување на можностите кои би ги имале […]

Променливо облачно со засилен северозападен ветер


Времето денеска во западните делови од земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните значително облачно, претежно со врнежи од снег. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието, каде на места ќе достигнува брзина и над 65 километри на час. Дневната температура ќе се движи од 4 […]

Во Бугарија дури 187 починати од корона во последните 24 часа


Силината на последниот бран на корона вирусот во Бугарија не попушта. Во последните 24 часа здравствените власти регистрираа дури 187 смртни случаи поврзани со Ковид-19. Идентификувани се 4.637 нови случаи на коро навирус од извршени 19.497 тестови, што значи речиси 24 проценти од позитивните примероци, соопшти БТА. Со денешните смртни случаи бројката на починати се […]

Заев: Безрезервна поддршка од Луксембург за европската иднина на Северна Македонија


Премиерот Зоран Заев доби безрезервна поддршка од шефот на дипломатијата на Луксембург за европската перспектива на Северна Македонија. „Благодарност за топлата средба и пречекот од нашиот домаќин тука во Луксембург, министерот за надворешни работи, Аселборн. Ми беше задоволство што се видовме и со драгиот пријател Флекенштајн, со кого имавме инспирирачки разговори за европската иднина на […]

Влада: Секој граѓанин кој ќе се најде на граница за време на полициски час мора да биде пропуштен за да стигне во својот дом


Владата најостро ги отфрла грубите манипулации изнесени во написите на одредени портали и на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ за наводен “скандал” дека додека граѓаните се казнувале, премиерот Заев се јавувал да се пропуштаат автомобили, при што наводно законите не важеле еднакво за сите. Владата на својата 51 седница, кога беше донесена актуелната одлука за ограничување на […]

Маск станува „технокрал“ на Тесла, а финансискиот директор – „господар на монетите“


Во официјален поднесок на „Тесла“ денеска до Комисијата за хартии од вредност и берзански тргувања (СЕК), Комисијата се информира дека функцијата на Елон Маск е преименувана во „технокрал“ на компанијата, а онаа на финансискиот директор Зак Кирхорн во „господар на монетите“. Во извештајот се наведува дека позициите на Маск и Кирхорн остануваат генерален директор и […]

Франција и Шпанија потпишаа конвенција за двојно државјанство


Франција и Шпанија потпишаа конвенција за двојно државјанство, се наведува во завршната изјава на 26-тиот Француско-шпански самит, што се одржа во Монтобан под раководство на францускиот претседател Емануел Макрон и шпанскиот премиер Педро Санчез. „Дваесет и шестиот Француско-шпански самит им овозможи на двете земји да потпишат конвенција за државјанство, што е важна фаза во нашата […]

Битиќи верува дека ќе бидат донесени законите од петтиот пакет, Славески вели време е за лидерска средба


Владата верува дека пратениците ќе имаат доблест на 23 март да ја изгласаат потребата од донесување на законите од петтиот антикризен пакет за тој што поскоро да стане функционален. Доколку е потребно, ќе се разговара и со пратениците од парламентарното мнозинство да се интервенира преку амандмани за да не се пропушти февруари како месец во […]

„Модерна“ тестира нова вакцина против Ковид-19


 Компанијата „Модерна“ денеска соопшти дека првпат тестира нова вакцина против Ковид-19 кај пациенти во рана фаза на истражување. Новата вакцина mRNA-1283 потенцијално може да се чува во фрижидери наместо во замрзнувачи, што ја олеснува дистрибуцијата, особено во земјите во развој. „Истражувањето во рана фаза ќе ја процени безбедноста и имуногеноста на mRNA-1283 во три фази […]

Предностите на вакцината на „АстраЗенека“ се поголеми од секој ризик, соопшти Европската агенција за лекови


Европскиот регулатор на лекови презеде чекор да ја задуши спиралната загриженост за вакцината на „Оксфорд/АстраЗенека“, велејќи дека придобивките од вакцинацијата ги надминуваат ризиците откако четири големи земји на ЕУ објавија дека ја прекинуваат неговата употреба. Германија, Франција, Италија и Шпанија привремено ги запреа инокулациите со вакцината во понеделникот по пријавените инциденти на крварење, згрутчување на […]

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Зоран Мамиќ


Тренерот на загрепски Динамо, Зоран Мамиќ, мора да отслужи затворска казна во траење од четири години и осум месеци, одлучи Врховниот суд во Загреб на три дена пред реванш осминафиналниот натпревар што хрватскиот првак треба да го игра против Тотенхем во Лига Европа. Највисоката судска инстанца во Хрватска денеска ја потврди одлуката на Жупанискиот суд во Осиек […]

Антиковид мерките на Грција може да предизвикаат нафтена криза во С. Македонија, предупредуваат Транспортната заедница и ЦЕФТА


Транспортната заедница и ЦЕФТА Секретаријатот ги повикува властите на Грција да ги изземат возачите на камиони со нафта од новите санитарни мерки, во спротивно се заканува недостиг на есенцијални производи во Северна Македонија и пошироко во Западен Балкан, предупредија денес овие две организации. Мерките за заштита од КОВИД-19, воведени од Грција на 26 февруари се […]

Последната фаза од колапсот на Бугарија


На десетина дена пред влегувањето на Црвената армија Бугарија доби нова влада на чело со Константин Муравиев. Таа не знаше што да прави: дали да ѝ објави војна на Германија и да им се приклучи на сојузниците. На 9 септември 1944 се случи државен удар На 30 август 1944 година, СССР објави дека одбива да […]

Наградена бизнис идејата „MultiBox“ на средношколци од Прилеп


Решение што на потрошувачите им нуди практично и интересно парче мебел „MultiBox“, му донесе победа на средното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ од Прилеп на натпреварот во претприемачки вештини организиран од Џуниор Ачивмент Македонија. Нивната бизнис идеја е коцка мебел која се трансформира во столче, масичка и фиока за складирање и нуди подобра функционалност и искористеност во […]

Заев ја кани Европската инвестициска банка да отвори претставништво во Македонија


Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе продолжи да инвестира во општествениот и економски развој на  Македонија со поддршка на проектите за побрзо закрепнување на економијата од последиците од пандемијата со Ковид-19 со посебен фокус на малите и средни претпријатија, како и за проекти од Зелената агенда за инвестиции во обновлива енергија, енергетска ефикасност и дигитализацијата како […]

Британскиот регулатор за лекови соопшти дека вакцината на АстраЗенека не е причина за згрутчување на крвта


Вакцината на АстраЗенека/Оксфорд не е одговорна за згрутчување на крвта, соопшти денеска британскиот регулатор за вакцини. Фил Брајан, шеф за безбедност на вакцини во Агенцијата за регулирање на лекови и здравствени производи, изјави дека организацијата „внимателно ги разгледува“ извештаите за згрутчување на крвта во некои европски земји. Но, тој додаде дека доказите што се на располагање „не […]

Итни состаноци на СЗО и ЕМА за случајот АстраЗенека


Швајцарија – Шефот на Светската здравствена организација рече дека експертите на агенција за безбедност на вакцини ќе се состанат утре за да разговараат за вакцината на АстраЗенека откако голем број земји престанаа да ја користат поради страв од згрутчување на крвта. – Советодавниот комитет за безбедност на вакцините на СЗО ги разгледува достапните податоци, тесно соработува со Европската […]