Поради страв од мутациите на корона вирусот, Словачка забрани одмор во странство


Словачката влада го забрани патувањето во странство за време на празниците во наредните месеци за да ја забави пандемијата на корона вирусот, објави во средата телевизијата ТА3. Владата изјави дека патувањето ќе биде дозволено за работа и други не-туристички цели, а забраната е продолжување на мерките за ограничување на движењето во земјата, според кои луѓето […]

Бајден изјави дека Путин „ќе ја плати цената“ за мешањето во американските избори


Џо Бајден рече дека рускиот претседател, Владимир Путин, ќе се соочи со последици поради обидите да ги пренасочи претседателските избори во САД во 2020 година во корист на Доналд Трамп и дека тие ќе дојдат наскоро. „Тој ќе плати цена“, изјави Бајден за ABC News во интервјуто емитувано во средата наутро. Запрашан од водителот на […]

„Фајзер“ ја очекува вистинската заработка по пандемијата


  Неодамнешните коментари на финансискиот директор на „Фајзер“ укажуваат на можноста компанијата да ја претвори вакцината за Ковид-19 во долготраен нов бизнис модел. Неговите предвидувања вклучуваат драстично зголемување на цените на вакцините против корона вирусот кои би се примале секоја година. Додека во тек е масовна вакцинација против корона вируспот и крајот на пандемијата се […]

Париз се разбуди со мурал со ликот на Хубер де Живанши


Франција- Суперголемиот портрет на Хубер де Живанши осамна во парискиот кварт Маре, три години по смртта на легендарниот дизајнер. Givenchy Parfums го нарача делото, што претставува модерно толкување на познатата фотографија на Живанши од Виктор Скребнески. Во црно-бела боја, муралот има печат на улична уменост. Висок два ката, на раскрсницата од Rue Vieille du Temple и […]

Клуге: Владата на С.Македонија стори се што требаше, не само за набавка на вакцините, туку и за подготовката за имунизација


Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге вели дека Владата на Република Северна Македонија направила сè што треба не само за набавка на вакцини против Ковид 19, туку целосно е подготвен и здравствениот систем за имунизација. -Владата на Република Северна Македонија стори сè што требаше, не само за вакцините, туку и за подготвеноста […]

ЕК: Производството на вакцини се забрзува, до крајот на јуни 466 милиони дози


По првичните тешкотии во производството на вакцини против Ковид-19, процесот сега се забрзува и сè уште е можно да се исполни целта за вакцинирање на 70 отсто од возрасната популација во ЕУ до крајот на летото, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. – Сега треба да се фокусираме на вториот квартал и периодот до летото. Знаеме дека можеме да […]

Ханкок: Очекуваме целосно исполнување на договорите за вакцините


Британскиот министер за здравство, Мет Ханкок, изјави дека неговата земја очекува целосно да бидат исполнети договорите за вакцини со производителите, откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска кажа дека Унијата може да го запре извозот, јави ДПА. На брифинг со новинарите, Ханкок попладнево кажа дека вакцината „АстраЗенека“/ „Оксфорд“ е произведена со истражување […]

Бугарските болници полни: „Не можеме да се носиме со оваа масовна зараза“


  Бугарските болници и итните служби се на граница на издржливост пореди наглиот пораст на бројот случаи со зараза од корона вирус. „не можеме да се носиме со оваа масовна зараза“, рече портпаролката на итните служби Катја Сунгарска во Сифија. Во многу места болниците се реорганизираат и се ствараат повеќе оддели за пациенти заразени со […]

Минхен не ја дава организацијата на Европското фудбалско првенство


Германија – Повлекување на Минхен од мапата на Европското фудбалско првенство не е на дневен ред, порачаа денеска германските власти, реагирајќи на најавите од УЕФА за одземање на организацијата на натпревари во градови кои нема да бидат во можност да примат навивачи. -Германската фудбалска федерација и градот Минхен продолжуваат да работат на различни сценарија околу прашањето […]

Последниот примерок на „Ербас А380“ излезе од фабриката во Тулуз


Франција– Последниот произведен примерок на „Ербас А380“ го напушти Тулуз, полетувајќи  од аеродромот Блањак кон центарот каде се финализираат авионите во Хамбург, Германија, јави дописникот на МИА. Последниот Суперџамбо во Хамбург ќе ги добие своите внатрешни делови и таму ќе биде обоен во боите на компанијата „Емирати“, последниот клиент на „А380“. Досега се насликани само […]

Во Хрватска почина маж на 33 години 12 дена по вакцинирањето со „АстраЗенека“


Маж на возраст од 33 години почина утрово во Хрватска 12 дена откако се вакцинирал со „АстраЗенека“ против Ковид-19, поради што Хрватската агенција за лекови веднаш покрена истрага. Како што дознава Индекс, се работи за маж од Сисак, кој починал утрово во болницата „Ребро“ во Загреб. Тој се вакцинирал на 5 март, а првите два […]

СЗО: Вакцината на Џонсон и Џонсон се препорачува во земји со мутации на Ковид-19


Швајцарија– Вакцината на Џонсон и Џонсон се препорачува и во земји каде циркулираат позаразните мутации на коронавирусот, соопштија денеска експерти од Светската здравствена организација (СЗО). Стратешката советодавна група на експерти (САГЕ) за вакцинација при СЗО денеска ги објави своите препораки за употреба на вакцини изработени од американската фармацевтска компанија Џонсон и Џонсон по состанокот кој се одржа во понеделникот, […]

Режисерот Ален Франсон е цел на нападот со нож во Монпелје


Франција– Театарскиот режисер Ален Франсон е цел на нападот со нож изутринава во Монпелје и  во сериозна состојба е пренесен во болница. Причините за нападот засега остануваат непознати, осомничениот или осомничените не се пронајдени, јави дописникот на МИА. Нападот се случил на улица, во близина на црквата Сен Рош, каде што бил прободен со нож во […]

Ентони Хопкинс е најстариот актер номиниран за Оскар за најдобра машка улога


САД– На 83 години, Ентони Хопкинс нема намера да се пензионира. Прославениот актер заработи номинација за Оскар за најдобар актер во понеделникот за улогата во „ The Father“, што го прави најстариот актер номиниран во таа категорија во историјата на Оскарите. Ричард Фарнсворт претходно го држеше рекордот на 79-годишна возраст за неговата номинација во 2000 […]

Рашковски за ТВ24: Многу е евтино во Мексико


Поранешниот генерален секретар на Владата, а сега секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма, Драги Рашковски, во изјава за ТВ24 вели дека одморот за Мексико го испланирал пред неколку месеци кога не можел да што ќе се случува на политичката сцена. – Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така што, искрено […]

АРМ набавува 40 лесни оклопни возила од САД


Американскиот Стејт Департмент ја одобри набавката на лесни оклопни возила од типот „STRYKER“ за Армијата на Северна Македонија Ве информираме дека американскиот Стејт Департмент ја одобри набавката на 54 лесни оклопни возила од типот „STRYKER“ од страна на Владата на Северна Македонија за потребите врзани со модернизацијата на македонската Армија во согласност со стандардите на […]

Анкета на ИДСЦС: Половина граѓани би се вакцинирале, 16 проценти се двоумат


Институт за демократија преку Програмата за парламентарна поддршка спроведе анкета, според која половина од анкетираните граѓани изјавиле дека би се вакцинирале, а 16 отсто се уште се двоумат. Најголем дел од граѓаните, според анкетата, ја преферираат вакцината на „Фајзер“. Од друга страна граѓаните сметаат дека Владата не прави доволно за да ја адресира состојбата со […]

ИЕА: Цените на нафтата нема да имаат континуиран и драматичен раст


Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) денеска соопшти дека цените на „црното злато“ веројатно нема да растат драматично и континуирано, и покрај очекувањата дека кампањите за вакцинација подоцна, во текот на годината, ќе ја зголемат побарувачката за нафта. „Остриот скок на цената на нафтата, до блиску 70 долари за барел, беше поттикнат од приказните за нов […]

Стефоска одржа онлајн состанок со директорите на центрите за култура, акцент е ставен на инвестициите


Министерката за култура Ирена Стефоска денеска одржа онлајн работен состанок со директорите на центрите за култура, на кој стана збор за активностите на овие институции од областа на културата, но и за инвестициите кои, со поддршка од Министерството за култура ќе се реализираат до крајот на годинава. На средбата, директорите на центрите за култура ја […]

И Бајден ги повика имигрантите да не доаѓаат во САД 


Американскиот претседател, Џо Бајден, порача имигрантите кои имаат намера да влезат во САД без документи да „не доаѓаат“ и дека сите возрасни ќе бидат вратени назад.  Во интервјуо за телевизијата Еј-Би-Си, на прашање дали треба да испрати јасна порака на луѓето кои сакаат да ја преминат (јужната) граница, Бајден изјави дека „возрасните ќе бидат вратени […]