Шекеринска во Словенија на средби со Пахор и Тонин


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска престојува во официјална посета на Република Словенија, во чии рамки ќе има средби со словенечкиот колега и домаќин министерот за одбрана, Матеј Тонин, со претседателот Борут Пахор и со членовите на собраниската Комисија за одбрана, соопшти Министерството за одбрана. Во Словенија, министерката Шекеринска ќе го посети и Центарот за […]

Танзанискиот „ковид-скептик“ претседател почина од наводна срцева болест


Танзанија– Претседателот на Танзанија Џон Помбе Магуфули, кој долго време негираше дека Ковид-19 претставува закана за неговата земја, почина по мистериозно двонеделно заболување, пренесува Фајненшл тајмс. 61-годишниот Магуфули исчезна од очите на јавноста на 27 февруари, предизвикувајќи шпекулации дека се заразил со Ковид-19, иако премиерот Касим Маџалива, минатата недела инсистираше на тоа дека претседателот е […]

Само презентерите и номинираните со плус еден гостин ќе присуствуваат лично на Оскарите


САД- Само презентерите и номинираните со плус едно лице во придружба ќе имаат право лично да присуствуваат на 93. церемонија на „оскарите“. Во писмото испратено до речиси 10.000 членови на филмската академија на САД, претседателот на Академијата за филмски уметности и науки Дејвид Рубин потврди дека само презентерите и номинираните со плус еден ќе бидат […]

Нов силен бран на Ковид-19, расте бројот на заболени, можни се нови мерки ако не дадат резултат постојните


Во пораст е бројот на заболени и хоспитализирани со Ковид-19 во државава. Состојбата се следи, засега нема нови мерки, но останува сегашната мерка полициски час од 22 часот до 5 часот. Доколку таа не ги даде очекуваните резултати не се исклучени нови рестрикции за кои Комисијата за заразни болести ќе одлучува на почетокот на идната […]

САД: Во близина на резиденцијата на Камала Харис уапсен маж воооружен со полуавтоматска пушка


САД- Американската тајна служба соопшти дека вчера во близина на резиденцијаta на потпретседателката Камала Харис уапсила маж од Сан Антонио, кој бил пронајден со опасно оружје. Во неговото возило пронајдени сe пушка и муниција, се вели во соопштението на полицијата, пренесува Си Ен Ен. Полицискиот извештај до кој дошол Си Ен Ен покажува дека 31-годишниот Пол […]

Онлајн тркалезна маса по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески


Во соработка со Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, денеска ќе одржи тркалезна маса на тема „Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“, во чест на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески, со почеток во 12 часот на платформата Зум. […]

Американските разузнавачки агенции предупредуваат на раст на домашниот тероризам


САД– Американските разузнавачки агенции соопштија дека расно мотивирани екстремисти и десните екстремистички групи претставуваат најсмртоносни терористички закани во земјата и предупредија дека е можно интензивирање на нивните активности  годинава. Според нивните проценки расно мотивираните екстремисти најверојатно стојат зад нападите врз цивилите, додека нападите на припадниците на десничарските групи насочени се врз полицијата и владините претставници […]

Дваесет и една американска држава го тужи Бајден поради блокирање изградба на гасовод


САД –  Главни обвинители од 21 американска држава поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Џо Бајден во врска со указот за блокирање на изградбата на гасоводот Keystone XL на границата меѓу САД и Канада. Тоа го објави јавниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон. Од тужбата станува јасно дека Бајден „нема еднострано овластување да ја менува […]

Уставниот суд ќе расправа за Законот за Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците


Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе одржи подготвителна седница за предметите во кои е оспорена уставноста на Указот за Законот за ратификација на договорот со Грција (т.н. Преспанскиот договор) и Законот за ратификација на Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резулуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН […]

Продолжува судењето за „Организаторите на 27 април”


Судењето за „Организаторите на 27 април” денеска со ново рочиште продолжува во Кривичниот суд Скопје. На претходното рочиште за овој предмет кој е во доказна постапка сведочеше поранешниот републички јавен обвинител Марко Зверлевки, по предлог на одбраната на обвинетиот Владимир Атанасовски, поранешен директор на УБК. Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението […]

Вакцини против Ковид-19 до крајот на месецов и почетокот на идниот, надлежните велат сите ќе бидат безбедни


Здравствените власти очекуваат поголеми количини вакцини против КОВИД-19 во земјава да стасаат до крајот на месецов или на почетокот на следниот. Уверуваат дека сите вакцини што влегуваат и ќе влезат во земјава се и ќе бидат безбедни. Недостигот на вакцини, велат, се чувствува секаде и е резултат на многу поголемата побарувачка од понуда. Се очекува […]

Да се има уште малку трпение за вакцините, вели Клуге


Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге рече дека државава освен што ги нарачала вакцините преку КОВАКС механизмот, исто така ги завршила и сите финансиски и административни процедури. – Нарачката е направена, комплетирани се финансиски и административни процедури. Во постојан контакт сум со министерот за здравство Венко Филипче. Пред точно една година бев во […]

Орце Камчев треба да сведочи за „Меѓународен сојуз”


Ново рочиште во Кривичниот суд Скопје денеска е предвидено да се одржи за предметот „Меѓународен сојуз“. Судијката Софче Ефремова, на последното рочиште за овој предмет најави дека за денеска ќе треба да сведочат Орце Камчев и Агапи Дика. Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, […]

Ново рочиште за „Тортура”


Во Кривичниот суд Скопје денеска е закажано ново рочиште за случајот „Тортура”. Свој исказ пред судечкиот совет на последното рочиште имаше еден од обвинетите поранешни припадници на единицата „Алфа” при МВР, кој истакна дека истражители на СЈО му вршилте притисок да го смени исказот даден пред обвинител. Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, додека […]

„Музиката и градот“ – концерт во Филхармонија


Филхармонија вечер ќе одржи концерт насловен „Музиката и градот“ на кој праизведба ќе доживее електроакустична симфониска поема „Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска. На програмата се и „Фантазија за обоа и оркестар на фолк тема“ од Васил Атанасов В’чев (кој ќе настапи и како солист на обоа), Адаџето од Малер и „Роденденот на една инфантка“ […]

Груби во еднодневна посета на Приштина


Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Косово. Како соопшти неговиот кабинет, Груби во Приштина ќе има средба со лидерите на тамошните политички партии, Вјоса Османи,  Енвер Хоџај, Лумир Абдиџику, Рамуш Харадинај, Фатмир Лимај, како и со претседателот на здружението „Балкански сираци“, […]

Облачно со умерен ветер, вечер снег на планините и пониските места


Времето во земјава ќе биде умерено, повремено значително облачно. Преку денот на планините и понекаде на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен северозападен ветер. Од вечерните часови од југ ќе се прошират врнежи кои ќе бидат од снег на планините и на повисоките места, а во планинските региони снег ќе провејува понекаде […]

Даниловски: Треба да се спроведе комплетно затворање само за викенд за да се запре наглиот раст на заболени од Ковид


Треба да се спроведе комплетно затворање само за време викенд. Значи еден викенд 24/7 да се затвори општеството. Можеби не на територија на цела држава, туку само на тие подрачјата каде растот на заболени од Ковид-19 е најголем. Тоа значи буквално само продавниците за храна да работат и аптеките. Тоа може да го запре наглиот […]

ГЕРБ ја зацементира блокадата на Македонија во предизборната програма


Во програмата за изборите, партијата на премиерот Борисов запиша „гарантирање на правата на бугарското малцинство во Албанија“ и заштита на сите бугарски заедници надвор од Бугарија. Каракачанов, пак, ќе бара впишување на Бугарите во македонскиот Устав и давање бугарски пасоши и  политички права за Гораните во Косово   Слободанка Јовановска Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, […]

ПСЖ го затвори тренинг центарот поради коронавирус


Францускиот фудбалски клуб Пари Сен-Жермен (ПСЖ) го затвори денеска тренинг центарот на својата академија поради коронавирус. Клубот од Париз соопшти дека тренинг центарот ќе биде затворен до понеделник како мерка на претпазливост, откако по спроведените тестирања биле откриени неколку позитивни случаи на Ковид-19 во женскиот тим. Нови тестирања ќе бидат извршени в петок. Француските медиуми јавија дека […]