Фронт 21/24 реагира на прописите за легализација на дивоградби


 Здружението Фронт 21/24  преку соопштение реагира на постапките за двата прописа поврзани со легализација на дивоградби упатувајќи прашања до Владата во однос на нивната примена, меѓу останатото и врз основа на што надлежните институции ќе го прават изборот по кој закон ќе постапуваат. -Во моментов во Собранието се води постапка за усвојување на два прописи […]

Русија бара извинување од САД откако Бајден го нарече Путин „убиец“


Русија бара извинување од Соединетите Држави откако претседателот Џо Бајден рече дека смета дека Владимир Путин е убиец и може да му се одмазди на Вашингтон, освен ако не добие тоа, рече висок руски пратеник во четвртокот. Во едно интервју за ABC News, емитувано еден ден порано, Бајден рече „мислам“, кога го прашаа дали верува […]

Грција задоволна од предлогот на ЕК за дигитален зелен сертификат


Задоволство од предлогот на Европската комисија за воведување дигитален зелен сертификат за патувањата во кој ќе бидат вклучени податоците дали лицето е вакцинирано или има негативен ПЦР тест или пак прележало Ковид-19, изразуваат грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, министерот за туризам Харис Теохарис, потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас, но и туристичките федерации и здруженија во Грција, […]

Европската медицинска агенција денеска одлучува за вакцината на „АстраЗенека“


  Европската медицинска агенција ЕМА, денеска треба да донесе одлука за безбедноста на употребата на вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“. ЕМА ја разгледува ситуацијата откако повеќе земји привремено го сопреа вакцинирањето со оваа вакцина, поради страв од нуспојави, како што е згрутчување на крвта. ЕМА презеде детална проценка за мал број случаи кои се однесуваат […]

Словенија нема да бара пари од ЕУ за нова национална авиокомпанија


Словенечката влада се откажа од плановите за воспоставување нова национална авиокомпанија со користење на средства од ЕУ, пишува порталот Exyuaviation. Планот, кој мора да биде одобрен од Европската комисија, со цел земјата да добие грант од 1,6 милијарди евра и 3,6 милијарди заеми за ублажување на последиците од пандемијата, повеќе не содржи предлог за финансирање […]

Од 245 казнети возачи во Скопје, 31 се за брзо возење, 23 биле без возачка


На територијата на град Скопје вчера изречени се вкупно 245 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 23 за возење без возачка дозвола, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила. Во рамки на засилените сообраќајни контроли, информираа денеска од МВР, изречени се 19 санкции за користење мобилен телефон, 11 за непочитување […]

Кинеските научници повеќе нема да ја разгледуваат верзијата дека коронавирусот излегол од лабораторија


Кинеските научници повеќе нема да ја разгледуваат верзијата дека коронавирусот настанал во лабораторијата во Вухан се додека не се добијат евентуално нови податоци, изјави во денешното интервју за Глобал тајмс Лианг Вангјан, шеф на групата кинески експерти вклучени во мисијата на СЗО испратен во Вухан да го испита потеклото на вирусот. По посетите на Институтот […]

Економски форум „Економијата на крстопат: Кој ќе биде мотор на растот по Ковид-19?


Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска ќе учествува на Економскиот форум „Економијата на крстопат: Кој ќе биде мотор на растот по Ковид-19? што ќе се одржи во организација на институтот за економски истражувања и политики, „Finance think“. На овој настан ќе биде презентирана публикацијата „Потенцијалот на извозно […]

Од понеделник десетдневен „локдаун“ во Бугарија


 Рестриктивни мерки за десет дена се воведуваат низ Бугарија од понеделник, најави министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов на брифинг во Советот на министри. Посетите на ресторани се запрени, дозволени се само испораки за дома и канцеларии. Сите сопственици на хотели да ги организираат своите активности за посетителите да вечераат во собите.Градинките престануваат да работат. […]

Асани се јави: Совеста ми е чиста


По разрешувањето од функцијата директор на струшката Општа болница, доктор Мухамед Асани преку фејсбук-статус се обрати до јавноста, во кој тврди дека одговорно ја извршувал својата работа и оти совеста му е чиста. Во однос на обвинувањата за извадени органи на пациентка од Дебар, гинекологот посочува дека таа своерачно потпишала дека се согласува со царски […]

Бизнис конфедерацијата иницира порамнување на долговите меѓу компаниите


 Модел за порамнување меѓу компаниите, што ќе овозможи поефикасно решавање на прашањето на внатрешниот долг меѓу деловните субјекти, кој, со усогласување на системот меѓу финансиските институции надлежни за овие прашања, може во голема мерка да учествува во намалувањето на внатрешниот јавен долг, презентираше делегација на Бизнис конфедерацијата, предводена од извршниот претседател Миле Бошков, на средба […]

Одбележување на 18 Март – Светскиот ден на рециклирањето


По повод 18 Март – Светскиот ден на рециклирањето, компанијата „Пакомак“ информира дека интересот за рециклирање во нашата земја е во постојан пораст. За правилно да се рециклира потребно е отпадот да се сортира пред да се фрли, да се научи што се рециклира, а што не и да се најде соодветниот контејнер за рециклирање. […]

Израел: Електронска алка за оние во карантин


  Израелскиот парламент го одобри законот кој наложува задолжително носење електронска алка за сите кои влегуваат во Израел, а кои се во карантин заради корона вирусот. Новиот закон им наложува на луѓето во карантин дома да мора да носат електронска алка за следење за да се обезбеди почитување на прописите. Ако одбијат, мора да одат […]

Кучињата на Бајден ќе се вратат во Белата куќа


САД– Мејџор, палавото куче на американскиот претседател Џозеф Бајден, ќе се врати во Белата куќа, но, како што пишуваат западните медиуми, откако тоа ќе мине „посебна обука“, односно дресура. Претседателот во едно скорешно интервју изјави дека Мејџор, којшто инаку беше испратен во Вилмингтон, Делавер, САД, по гризнување човек, е „симпатично куче“. Тој го објасни немилиот […]

Заев на состанок со Асоцијацијата на странски компании: Потребен е консензус по прашањата на економскиот развој на земјата


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и владиниот економски тим одржаа онлајн состанок со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и со Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство во рамките на Советот на странски инвестиции, чиј претседател е Виктор Мизо. Како што соопштија од владината прес-служба, на состанокот се дискутираше […]

Пет изуми на жени коишто го променија светот


САД– Некои од најпрактичните предмети и уреди во секојдневието на човекот, се измислени од жена. Следат пет важни изуми за коишто многумина, можеби, и не знаеле дека се создадени од талентирани жени ширум светот… Електрични фрижидери Овој неверојатен придонес во современото живеење го измисли Флоренс Парпарт во 1914 година. Таа, како што пишува порталот „Квизклаб“, била […]

Панел дискусија: Колку стилот на првите дами влијае на модниот свет?


Во чест на Месецот на историја на жените, едночасовната виртуелна програма – модерирана од Робин Гивхан, постар критичар на „Вашингтон пост“ – ја истражува динамиката на стилот на првите дами, почнувајќи од Џеки Кенеди Оназис до д-р Џил Бајден САД- Прва дама на Соединетите држави е позиција која отсекогаш била синоним за американската мода. „За […]

За прв пат во последните пет години нема италијански екипи во четвртфиналето на ЛШ


Франција – Завршија сите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите и познати се четвртфиналистите. По шести пат во историјата на елитното фудбалско натпреварување и првпат од сезоната 2015/16, италијанските тимови не се пласираа во четвртфиналето на турнирот. Аталанта загуби од Реал Мадрид, Лацио загуби од Баерн Минхен, додека Јувентус не успеа да го мине Порто. […]

Истражување: Повторното заразување со Ковид-19 почесто кај повозрасните лица


Данска–  Повеќето луѓе кои оздравеле  од Ковид-19 се заштитени најмалку шест месеци од повторно добивање инфекција, но повозрасните луѓе имаат поголема веројатност повторно да заразат отколку помладите, покажува најновото истражување. Студија објавена во медицинско списание „Лансет“ открива дека само 0,65 проценти од луѓето вторпат биле позитивни на Ковид-19, откако претходно биле заразени за време на […]

Подгорица бара помош од ЕУ за отплата на кинески кредит


Црна Гора –  Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ побара помош од Европската унија за отплата на кредитот што Црна Гора го зеде од кинеска банка за изградба на првиот дел од автопатот Бар-Болјари. Тој пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) изјави дека голем проблем е долгот кон Кина. – Ве молиме, помогнете ни […]