Дневен хороскоп


Овен Денес се чувствувате одлично. Не треба да трошите премногу пари. Обидете се да им кажете на другите што е важно за вас. Бик Можете да добиете добри информации за работата. Прашајте дали можете да ја искористите можноста да напредувате. Поделете ја вашата заработка на неколку делови, не е време да ja потрошите. Близнаци Вие […]

Лекарска комора бара дополнителни рестриктивни мерки поради Ковид-19


Комисијата за заразни болести треба сериозно да го земе предвид воведувањето дополнителни рестриктивни мерки и протоколи, бидејќи се наоѓаме во исклучително сериозна состојба, од која може да излеземе само ако сите почнеме одговорно да се однесуваме и да ги почитуваме мерките за заштита, соопшти Лекарската комора. – Треба да сфатиме дека секој од нас и […]

Брисел без коментар за наводите дека Израел нуди вакцини на Косово во замена за амбасада


Европската комисија нема коментар за наводите дека Израел му ветила на Косово голем број вакцини во замена за отворање амбасада во Ерусалим, јави дописничката на МИА од Брисел. На прашање на редовниот брифинг во Брисел од Европската Комисија денеска едноставно ја повторија познатата позиција на ЕУ во однос на израелско-палестинскиот конфликт и статусот на Ерусалим, […]

Унгарија ги сруши црните рекорди на починати од корона вирусот


Во Унгарија е забележан нов црн рекорд на бројот на смртни случаи во еден ден. Во изминатите 24 часа 207 лица починаа како резултат на Ковид-19. Овие се претежно стари пациенти со придружни болести, додека регистрирани се 6.502 нови инфекции, објавено е на веб-страницата koronavirus.gov.hu, пренесува МТИ. Агенцијата наведува дека според денешните податоци на овој […]

Словачка, Чешка и Македонија заеднички ќе ја организираат манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“


Премиерот Зоран Заев денеска го прими амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, кој на средбата го претстави долгогодишниот организатор и иницијатор на манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ Стојан Лекоски, наш сонародник кој повеќе децении живее во Словачка. Лекоски на средбата информираше дека оваа година „По трагите на светите Кирил и Методиј“ е вклучена […]

Од 18-22 март голема акција со големи заштеди и двојно повеќе поени за вас! Двојно повеќе среќа во „Нептун“!


По повод Светскиот ден на среќата 20-ти март „Нептун“ организира голема акција во која на потрошувачите им нуди најголеми заштеди и двојно повеќе поени при секоја купопродажба. Акцијата трае од 18-22 март и важи во сите Нептун продавници ширум државата и за онлајн шопинг преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација NEPTUN MAKEDONIJA. […]

Сослушани двајца сведоци од одбраната за ,,Организатори на 27 април”


На денешното рочиште за „Организаторите на 27 април” во Кривичниот суд Скопје сведочеа двајца сведоци предложени од обвинетиот Владимир Атанасовски. На почетокот од рочиштето судот извести дека до нив е пристигнат допис од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во кој се вели дека на предложените сведоци им се забранува изнесување на класифицирани информации. Сведокот […]

МТСП: Комитетот на министри на Совет на Европа ја усвои Декларацијата за еднакви плати и можности за жени и мажи


Еднаквоста помеѓу жените и мажите е меѓу основните човекови права што сите земји-членки на Советот на Европа се обврзаа да ги почитуваат. Тоа е впишано во најосновните правни инструменти донесени од Организацијата, вклучувајќи ја и Европската социјална повелба. „Шеесет години по усвојувањето на Европската социјална повелба – Социјалниот устав на Европа – со кој се […]

Бочварски: Градежните компании да ги зголемуваат капацитетите и да аплицираат за проекти


Градежните компании да ги зголемуваат капацитетите со цел  сите да можат да аплицираат на тендерите за инфраструктурните проекти и навреме да ги завршуваат работите, апелираше денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. По тврдења на домашни градежни компании дека изгубиле многу тендери од почетокот на годината и оти бараат да не бидат само подизведувачи […]

Февруари ќе биде покриен со плати, за другото зависи од пратениците, вели Битиќи 


Февруари ќе биде покриен со плати, а за другото одговорoт треба да го дадат пратениците во Собранието. Јас знам како би постапил да сум на нивно место, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Тој очекува дека наредната недела за кога е закажана собраниската седница, законите за економските мерки да бидат донесени и дека […]

Агапи Дика сведочеше за нејзината улога во Меѓународен сојуз


Претседателот на Собранието на Меѓународен сојуз, Агапи Дика, денеска во Кривичниот суд Скопје сведочеше за нејзината улога во Меѓународниот сојуз и склучување на договори со правни лица. Сведокот Дика, во Кривичниот суд Скопје, рече дека поврзаноста со Меѓународниот сојуз е преку Бојан Јовановски, (првообвинет, претседател на Меѓународен сојуз). – На свечената средба што се одржа […]

Бектеши: Доколку има нови рестриктивни мерки, ќе има дополнителна поддршка за најпогодените дејности


Доколку со нови рестритивни мерки има скратување на работата на некои дејности, тогаш сигурно дека ќе има дополнителна поддршка за нив. На овој начин постапувавме и во изминатиот период и така ќе продолжиме. Туристичко-угостителскиот сектор кој што е најпогоден од пандемијата доби и најголема поддршка преку владините мерки, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во […]

Симовски смета дека имало тивок бојкот на пописот во дијаспората


Тивкиот бојкот на граѓаните кои живеат во дијаспората веројатно се должи на антикампањата за бојкот на пописот. Ова за Канал 5 го потврди директорот на Заводот на статистика Апостол Симовски. Тој потенцира дека слабиот одзив на иселениците води во погрешна насока и апелира тие да дадат свој придонес во оваа важна статистичка операција „Toa што […]

Од странство преку апликацијата самопопишани 77.122 лица, процесот продолжува до 21 април


Преку апликцијата за самопопишување на дијаспората заклучно со денешниот ден евидентирани  се вкупно 77 122 лица. Процесот на самопишување почна на 1 март и ќе трае до 21 април, а преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци, а попишувањето ќе се […]

Трамп изгубил 700 милиони долари додека бил претседател


  Богатството на ДОналд Трамп намалено е за 700 милиони долари во периодот додека бил претседател на САД: Според податоците на Блумберг, Трамп го почувствувал и влијанието на пандемијата од корона вирус затоа што вредноста на неговите згради, брендирани хотели и одморалишта опаднала, како и приходите. Неговата флота авиони и терени за голф исто така […]

ТВОЈА партија бара одговорност за немањето вакцини


ТВОЈА партија повторно ги повикува сите надлежни државни органи да утврдат и точно да ги лоцираат одговорните субјекти за фактот што Македонија до денешен ден се уште сама нема набавено ниту една вакцина. „Од самиот почеток на кризата упорно укажувавме дека неажурноста на Владата ќе не  чини загубени животи и огромни материјални штети. Четиримесечното доцнење […]

Два младински социјални бизниси од Северна Македонија добија финансиска поддршка преку програмата RISE 


Дванаесет социјални бизниси, по два од Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, ќе бидат поддржани со финансиски грантови од 2.500 евра и регионална инкубациска програма која ќе им помогне нивните идеи да станат реалност. Како што соопшти Здружението за социјални иновации (АРНО), избраните социјални бизниси на млади луѓе се поддржани со вкупно 30.000 […]

Драстична анти-ковид мерка: Децата да се врзуваат за кревет


  По усвојувањето на Законот во Израел, со кој сите кои се во карантин носат електронска алка, уште една земја има драстични анти-ковид мерки. Имено, властите во Хонконг применуваат врзување за кревет на бебињата и децата кои се во изолација, додека сè повеќе критики се упатуваат заради психолошките последици на таквите мерки против корона вирусот. […]

(Во живо) Потенцијалот на извозно ориентираните компании за придонесот за пост Ковид-19 економското опоравување во Северна Македонија


Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе биде дел од панелистите за време на дискусијата која ќе се одржи во рамките на настанот за презентација на публикацијата „Потенцијалот на извозно ориентираните компании за придонесот за пост Ковид-19 економското опоравување во Северна Македонија“

Камчев спроведен до суд да сведочи за „Меѓународен сојуз“


Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи судењето за предметот „Меѓународен сојуз“. Во судницата е и бизнисменот Јордан Камчев, кој е спроведен од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што издржува 30-дневен притвор. Тој на денешното рочиште треба да даде исказ во својство на сведок. Судијката Софче Ефремова на последното рочиште за овој предмет најави дека […]