Министерот за информатичко општество и администрација позитивен на коронавирусот


Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шакири, е позитивен на корона вирусот.  „Неколку дена што се лекувам од Ковид-19 во домашни услови, мојата здравствена состојба е стабилна и се подобрува.Ви благодарам на сите за вашето внимание и за многуте пораки што ги имам примено! Се надевам дека наскоро ќе се вратам на моите секојдневни […]

Порака од Србија: Македонците што немаат закажано темин да не доаѓаат за вакцинација


Директорот на српската владина Канцеларија за е-Управа, Михаило Јовановиќ, која е надлежна за примање барања и одредување на термини за вакцинација во Србија, ги повика граѓаните на соседните земји, меѓу кои е и Северна Македонија, кои немаат закажано термин за вакцинација, да не доаѓаат во Србија, бидејќи нема да бидат вакцинирани, јави дописникот на МИА […]

Над 1.100 стопанственици од Македонија денес се вакцинирале во Ниш


Во текот на денешниот ден, повеќе од 1.100 македонски стопанственици беа вакцинирани во рамки на акцијата која на организираше Стопанската комора на Северна Македонија заедно со Стопанската комора на Србија, во рамките на Коморскиот инвестициски форум. Тимовите на Стопанската комора на Северна Македонија, распоредени во спортската сала „Чаир“ во Ниш, Република Србија, на граничниот премин […]

Хрватска со нови 1.790 случаи на корона вирус, починаа 18


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.790 нови случаи на зараза со корона виурс, а активни се 9.790. Меѓу нив 1.148 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 121 пациент. Починаа 18 пациенти. ДОсега во Хрватска од корона вирус заболеа 265.901 лица, а 5.872 починаа. Оздравеа 250.239 лица, од кои 1.034 во […]

Денеска 35 починати и 1.320 нови случаи на Ковид-19 во земјава


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 4.738 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 604, Куманово – 80, Битола – 72, Велес – 62, Охрид – 60, Кавадарци и Штип – по 44, Прилеп – 43, Гостивар – […]

Земјотрес во Јадранското Море, нема повредени


  По денешниот земјотрес во Јадранското Море, кој според италијанската сеизмолошка служба беше со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а кој исто така беше почувствуван во поголемиот дел од југот на Италија, нема жртви и не е соопштена материјална штета. Хрватската сеизмолошка служба проценува дека станува збор за земјотрес 5,5. Земјотресот, кој се […]

„Час на планетата Земја“: Вечер во мрак ќе потонат над 8.000 града во светот, меѓу нив Скопје и Охрид


Република Северна Македонија 12-ти пат ќе се вклучи во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата Земја“. Оваа година, „Часот на планетата Земја“ ќе се одржи вечер, кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот. Во рамки на акцијата, во земјава […]

Заев: Фон дер Лајен ме извести дека ЕУ ќе обезбеди вакцини за Западен Балкан, дел од нив во април ќе стигнат во земјава


Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека остварил телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со која разговарале за соработката меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан во услови на здравствена криза.   -Претседателката ме извести дека ЕУ обезбедува 651.000 дози вакцини за заштита од Ковид-19 како директна помош […]

Во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето


Од ноќеска во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два ќе биде три часот. Летното сметање на времето завршува на 31 октомври во 3 часот по полноќ. Се очекуваше оваа година да биде последно помесување на времето. Европскиот […]

ЕУ ќе испорача 650.000 вакцини за Западен Балкан


  Европската Унија на земјите од Западен Балкан ќе му испорача 650.000 вакцини против Ковид-19, најави денеска црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ. Тој се обрати по разговорот со претседателката на Европската комисија Рсула фон дер Лајен. Кривокапиќ рече дека првата количина вакцини за Црна Гора ќе стигнат во април, пренесоа подгрички „Вијести“. „ЕК дака да ѝ […]

Дојче веле: ЕУ не може да одлучи дали ќе живее по летно или зимско сметање на времето


Германија– Во 2018 година, Европската комисија спроведе онлајн анкета на која својот став го искажаа 4,6 милиони учесници. Мнозинството од нив побараа да се запре промената на времето, потсетува Дојче веле. Сепак, до денес не е постигнат консензус меѓу земјите на ЕУ за тоа време да се воведе – летно или зимско сметање на времето. […]

Заев со амбасадорите на земјава во држави на ЕУ: Остануваме посветени кон ЕУ и на градење пријателства


Остануваме 100-процентно посветени кон ЕУ и на градењето пријателства, низ политиките на дијалог, добрососедство и разбирање, како и на домашните реформски процеси, во насока на заслужените придвижувања на Северна Македонија на полето на евроинтеграциите, по успешното членство во НАТО, а при тоа зачувувајќи го дигнитетот на македонскиот јазик и македонскиот народ. Тоа го истакна премиерот […]

Македонска борбена елита за НАТО (галерија)


По повод одбележување на првата годишнина од полноправното членството на Република Северна Македонија во НАТО, во касарната „Илинден”- Скопје, денеска припадниците на специјалните единици при Армијата изведоа неколку вежбни активности. Симулирање на заложничка состојба во затворен објект беше првата вежба кој ја изведоа припадниците на елитните единици на АРМ. Со пуштање низ јаже од височина […]

Од Ковид почина легендарниот пејач и композитор Зафир Хаџиманов


Србија- Во Белград на 78 години почина познатиот македонски пејач, композитор, глумец и поет Зафир Хаџиманов. Српските медиуми јавуваат дека починал како последица од коронавирус. „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“, познати ви се, нели, овие наслови, испеани шансони, евергрини. Тоа се само најпознатите, од кои веднаш ви текнува […]

Во Ниш се вакцинираат и граѓани кои не закажале, во Белград преспиваат за да го избегнат полицискиот час


Околу стотина лица пред влезот на спортската сала „Чаир“ во Ниш, сите од Македонија и сите без претходно закажан термин, чекаат за вакцините АстраЗенека кои ги овозможи соседна Србија за граѓаните на земјите од регионот. Истовремено, во близината има и друга, помала редица граѓани кои претходно имаа закажано вакцинирање преку договорената соработка на стопанските комори […]

Борисов: Ќе предложам да испратиме 5.000 вакцини идната седмица во Северна Македонија


Бугарија идната седмица ќе добие 200.000 вакцини. Ќе предложам 5.000 вакцини да испратиме за Република Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов изјави дека тоа ќе биде вистински пријателски гест за здравјето на луѓето. Борисов, кој ја даде изјавата за време на увидот на градежните […]

Во ковид-центрите хоспитализрани 1498 пациенти, слободни околу 200 кревети


Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1498 и има околу 200 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство. – Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе […]

Рикер: Северна Македонија има свој глас во најмоќната Алијанса, САД стојат покрај вас да изградите подобра иднина


Заедно сме во НАТО. Едно семејство, иста иднина. Да се стане дел од оваа Алијанса, Севрерна Македонија ја сигнализираше својата посветеност да придонесува кон глобаната безбедност и демонстрираше ефикасност на политиката на отворени врати на НАТО. Сега, кога Северна Македонија има место на масата како членка на најмоќната светска воена Алијанса ние очекуваме дека тоа […]

Белорусија дисквалификувана од Евросонг поради политички стихови


Белорусија е дисквалификувана од годинешниот Евросонг откако двапати пријави песна со која ги прекршила правилата на натпреварувањето. На Белорусија пред две недели ѝ беше кажано да ја промени песната поради наводен политички контекст на стиховите, но и новата, напишана од истата група, е оценета како несоодветна од организаторите. Групата „Галаси Зместа“ ги исмеваше протестите против […]

Заштитни карактеристики на македонските банкноти, ново едукативно видео на Народна банка


Во рамки на Глобалната недела на парите, Народната банка објави ново видео од серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“, којшто се изработува со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ). Заштитни карактеристики на македонските банкноти Видеото е достапно на: https://youtu.be/ReyEc-sCMcg Видеото е достапно и на албански јазик на: https://youtu.be/9DGqB9RXdoI Серијалот едукативни […]