Земјотрес во Јадранското Море, нема повредени


 

По денешниот земјотрес во Јадранското Море, кој според италијанската сеизмолошка служба беше со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а кој исто така беше почувствуван во поголемиот дел од југот на Италија, нема жртви и не е соопштена материјална штета. Хрватската сеизмолошка служба проценува дека станува збор за земјотрес 5,5.

Земјотресот, кој се чувствуваше во Апулија и Абруцо сè до Неапол, е регистриран во 14,47 часот на длабочина од 5 км под морето, на околу 90 км од островот Тремити и 30 км од Ластово.

Следуваа послаби потреси.

Италијанската сеизмолошка служба до 17 часот забележа вкупно 19 последователни потреси, од кои три беа со магнитуда од 4 и 4,1 степени.

„Засега немаме извештаи за штета или повици за помош“, соопштија пожарникарите на Твитер.

Епицентарот на земјотресот бил на 169 километри северозападно од Бари. И, според ЕМСЦ, на 120 километри јужно од Сплит и се чувствувало на хрватската страна на Јадранот, во Далмација, Сплиt.