Хрватска со нови 1.790 случаи на корона вирус, починаа 18
Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.790 нови случаи на зараза со корона виурс, а активни се 9.790.
Меѓу нив 1.148 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 121 пациент.
Починаа 18 пациенти.
ДОсега во Хрватска од корона вирус заболеа 265.901 лица, а 5.872 починаа. Оздравеа 250.239 лица, од кои 1.034 во последните 24 часа.
Тестирани се вкупно 1.519.731 лица, а 8.291 во последните 24 часа.
До денеска се вакцинирани 341.656 луѓе, од кои 260.126 се со една доза, 81.530 со две дози.