Блинкен: Осум приоритети во новата американска надворешна политика


Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, во денешното обраќање до јавноста ги изложи правците на надворешната политика на САД, за што истакна дека „како никогаш порано границите меѓу внатрешната и надворешната политика речиси и да не постојат“.  Справувањето со дезинформациите,  расколот во општеството „кога Американците се поделени како никогаш порано“, борбата со Ковид-19, и обновата на […]

Унгарија планира да ја прошири употребата на вакцината на „АстраЗенека“


Унгарија планира да ја прошири употребата на вакцината на „АстраЗенека“ против коронавирусот и врз луѓе постари од 60 години, откако во Европа се појавија податоци кои ја покажаа нејзината ефикасност и врз оваа возрасна група, изјави денеска главниот унгарски хирург Сесилија Милер. Пред една недела, Унгарија стана првата земја членка на Европската унија која почна […]

Нов скандал ја тресе Шпанија-сестрите на кралот Фелипе се вакцинирале во Абу Даби, не можеле да чекаат да им дојде редот 


Шпанија – Сестрите на шпанскиот крал Фелипе беа вакцинирани во Абу Даби минатиот месец додека го посетуваа својот татко кој живее во самонаметнат егзил, објави денес весникот „Ел Конфиденцијал“, предизвикувајќи негодување дома, каде повеќето Шпанци сè уште ги чекаат своите вакцини. Елена де Борбон и нејзината сестра Кристина го посетија поранешниот крал Хуан Карлос, кој […]

Хаг ги испитува воените злосторства на Израелците


Обвинителката на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Фату Бенсуда денес изјави дека покренале истрага против наводните злосторства на палестинска територија. Израел размислува како да им помогне на стотици свои граѓани кои се под истрага на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг, кој не е признат од официјален Ерусалим. Во изјавата Бенсуда вели дека истрагата […]

Османи и прати честитка на Захариева


 Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати честитка до неговата бугарска колешка Екатерина Захариева по повод 3 Март – Националниот празник на Република Бугарија. – Односите со Република Бугарија ги сметам за исклучително важни, додека заложбата за нивно натамошно зајакнување е од посебен интерес во насока на развивање на добрососедските односи. Република Северна Македонија останува […]

НАТО сними видео за „волците“ на АРМ


  Македонските специјални сили „Волци“ во Германија извежбуваат операции со американски „зелени беретки“ и колеги од други НАТО-земји, како подготовка за учество во Компонентата за специјални сили на НАТО силите за одговор. НАТО објави видео со припадници на Баталјонот за специјални намени на АРМ „Волци“, снимени на вежбата „Combined Resolve XV“ што од почетокот на […]

Досега евидентирани 18.236 лица преку апликацијата за самопопишување


Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани 18.236 лица, објави Државниот завод за статистика на својата веб страница. Податоците се однесуваат за состојбата на 3 март 2021 во 10 часот. Со пријавувањето на Апликацијата, корисникот се регистрира и остава свој ЕМБГ, е-маил адреса, која се верификува со праќање на е-маил за верификација, и телефонски број […]

Првата дама Ѓоргиевска го посети Центарот за згрижување на жртви на семејно насилство во Струмица


Сопругата на претседателот на државата Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска заедно со шефица на канцеларијата на Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) во земјава, Афродита Шаља денеска го посетија Центарот за згрижување на жртви на семејно насилство во Струмица, со цел да им се даде поддршка на овие жртви и да се крене свеста за унапредување на […]

Драган Стојковиќ – Пикси официјално селектор на Србија до 2024


Србија – Поранешниот прославен српски фудбалер и југословенски репрезентативец Драган Стојковиќ – Пикси денеска официјално е назначен за нов селектор на Србија. Пикси потпиша тригодишен договор со Фудбалската федерација на Србија и треба да остане на селекторското место до завршување на квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Тој доаѓа на местото на Славиша Тумбаковиќ, кој во декември поднесе оставка како селектор на […]

Македонија издава нова седумгодишна еврообврзница


Северна Македонија е во процес на издавање на нова седумгодишна обврзница, јави Блумберг, повикувајќи се на лице запознато со зделката, кое побарало да не биде именувано, бидејќи не е овластен да зборува јавно. Процесот е веќе започнат, пишува Блумберг во текст посветен на трендот на издавање на еврообврзници од страна на државите од Западен Балкан. […]

Вујнович: СЗО засега е против воведувањето ковид пасоши


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) во моментот е против воведувањето на специјални сертификати или ковид пасоши за луѓето кои примиле вакцина против коронавирусот, изјави денеска претставникот на СЗО за Русија, Мелита Вујнович. -СЗО е јасна за ова прашање и во овој момент не препорачува ваков вид пасоши, изјави Вујинович за телевизискиот канал „Русија 24“, пренесе […]

Заев побара и експресно доби доверба на Владата


Премиерот го образложи овој чекор со постојаните изјави од опозицијата дека се формирало ново мнозинство и дека со тоа се пласирале лажни вести за да се создаде несигурност кај граѓаните   Во своевиден блиц-криг премиерот Зоран Заев денеска попладне неочекувано побара гласање доверба на Владата и околу 17 часот парламентарното мнозинство му ја изгласа со […]

Општина Аеродром чекор напред до изградба на голф терен во Лисиче


Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин и претседателот на Македонската голф-федерација, Наум Јанакиев, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со што се отвора патот за изградба на голф-терен на територијата на оваа скопска општина. Терените, како што предвидуваат од локалната самоуправа, ќе се градат во руралниот дел на Аеродром, односно во селото Лисиче и ќе се протегаат […]

Детектиран британски сој на Ковид-19 кај пациент вратен од Занзибар


 Детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2, според анализите што денеска ги направи МАНУ, на брисот од пацинетот кој пред неколку дена се вратил од Занзибар, информираат од Министерството за здравство.   Дополнуваат дека во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пацинет, кој, исто така, патувал за Занзибар. Тој […]

Истражување: И една доза вакцина ја намалува хоспитализацијата


И една доза вакцина од „Фајзер/Бионтек“ или „АстраЗенека“ помага да се спречи развој на потешки форми на болеста за кои е потребна хоспитализација на лица со висок ризик постари од осумдесет години, покажаа првичните податоци од британско истражување.   Резултатите од истражувачкиот проект финансиран од компанијата „Фајзер“ покажуваат дека ефикасноста од една доза од вакцината […]

Пет македонски и еден британски државјанин на аеродромот во Скопје приложиле лажен негативен тест за Ковид-19


Кривична пријава против пет македонски и еден британски државјанин заради приложување на лажен негативен тест за Ковид-19 на аеродромот во Скопје. – Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Е.Д.(22) од Р.Турција, Н.Р.(48) и Е.Р.(34), двајцата од с.Неготино, гостиварско, Р.А.(22) од с.Пласница, општина Македонски Брод, Н.Б.(67) од Кичево, С.Б.(22), државјанин на Р.Северна […]

Во Србија повторно над 4.000 нови случаи, размислуваат за полициски час


  Во последните 24 часа во соседна Србија на корона вирус тестирани се 16.175 лица, од кои 4.056 се позитивни, а починаа 16 лица. Според податоците на Министерството за здравство, на респиратори се 161 пациент. Вчера во Србија имаше 4.157 нови случаи, од 16.743 тестирани. Од викендот на сила се нови мерки – угостителските објекти […]

Саркози обвинува дека пресудата е „длабока неправда“


Франција– Поранешниот шеф на француската држава, Никола Саркози, кој вчера беше осуден во таканаречениот случај „прислушување“, денеска изјави дека е подготвен да поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права и остро ги критикуваше судиите кои го казнија, јави дописникот на МИА.. Првиот претседател осуден на затворска казна во Петтата француска република, Никола Саркози, за првпат […]

Француската Влада предвидува враќање кон нормалниот животен ритам од средината на април


Франција – Извршната власт во Франција се надева дека „враќањето во нормалниот живот ќе биде можно кон средината на април“, дури и ако во меѓувреме има  „тешки недели“, изјави владиниот портпарол. Габриел Атал, јави дописникот на МИА. -Враќањето кон нормалниот живот е на повидок, местата што го сочинуваат нашиот социјален живот повторно ќе се отворат, тоа […]

Вилијам Барнс е новиот шеф на ЦИА


САД – Комитетот за разузнавачки прашања при американскиот Сенат едногласно потврди дека поранешниот дипломат Вилијам Барнс ќе биде новиот шеф на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), изјави сенаторот Марк Ворнер, претседател на комитетот. Ворнер истакна дека едногласната потврда на ветеранот во дипломатијата Барнс, кандидат на претседателот Џозеф Бајден за директор на ЦИА, сведочи за неговите „несомнени квалификации […]