Француското месечно списание ГЕО пишува за Северна Македонија – непозната земја на Балканот


Франција – Во својот мартовски број, француското месечно списание ГЕО објавува опширна репортажа за Северна Македонија, претставена како непозната земја на Балканот, јави дописникот на МИА. Северна Македонија, за списанието ГЕО е „Непозната земја на Балакнот“. -Со својата релјефна географија, оваа поранешна југословенска република, независна од пред триесет години, мораше да се бори пред да биде призната и […]

Џејмс Бонд го поздрави враќањето на „Астон Мартин“ во Формула 1


Англија– По пауза од 60 години, екипата на „Астон Мартин“ се враќа на трките во Формула 1, претставувајќи го денеска новиот болид „AMR21“ во кој во новата сезона ќе возат Себастијан Фетел и Ленс Строл. Екипата позната во минатото како „Рејсинг Поинт“, беше преименувана во текот на зимата, откако сопственикот Лоренс Строл ја презеде контролата врз управувањето со „Астон Мартин“. […]

Сончево и релативно топло, температурата до 20 степени


Времето во земјава ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, во источните од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од -5 до 3, а дневната од 14 до 20 степени. Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до -2, а дневната […]

Јапонски милијардер бара осум луѓе за патување на Месечината


  Јапонскиот милијардер Јусака Меѕава повика осум луше да му се придружат на патување околу Месечината на летот на „Спејс икс“. „Сакам да ми с епридружат луѓе од различно потекло“, рече тој во видео прикачено на Твитер, каде ги упати заинтересираните во сите детали од патувањето. Тој ќе го плати патувањето за сите, а оние […]

Лаура Ковеси отфрли седум од десетте бугарски кандидати за европски обвинители


Кандидатите што ги предложи Софија во Европското обвинителство не биле соодветни за работата што ќе се бара од нив   Европското обвинителство, предводено од Лора Ковеси, отфрли седум од десетте бугарски кандидати за делегирани обвинители, дозна во „Еурактив“ во средата (3 март). Европското обвинителство со писмо го извести бугарското Министерство за правда дека имаат забелешки […]

Зајакнати безбедносни мерки околу Капитол Хил


Полицијата во Вашингтон го зајакнува обезбедувањето околу зградата на Конгресот поради разузнавачките податоци кои предупредуваат на евентуално собирање на милитантни групи во текот на утрешниот ден, а по повод шпекулациите дека Доналд Трамп на 4 март, на денот кога порано се одржувале инаугурациите на претседателите на САД, ќе се обиде да се врати на власт. […]

Куомо: Нема да поднесам оставка поради скандалот


Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо изјави денеска дека нема да поднесе оставка поради зголемениот притисок во врска со скандалот поради сексуално вознемирување, но ја искористи можноста да им се извини на жените кои поради него се чувствувале непријатно. Тој апелираше на јавноста да ги „почекаат фактите“ пред да го осудат за сексуално вознемирување. – Нема […]

Средба меѓу Вучиќ и Лајчак во Белград: ЕУ очекува продолжување на дијалогот за сеопфатно нормилизирање на односите


Србија не поставува никакви рокови за компромисен договор со Косово и заклучок од средбата со Мироскав Лајчак е дека Србија ќе инсистира на спроведување на потпишаните договори во Брисел, меѓу кои е формињето на Заедницата на српски општини (ЗСО) и сето друго што не исполнето од 2013 година, изјави срспкиот претседател Александар Вучиќ на прес […]

Просечен Европеец годишно фрла 11 килограми облека


Просечен Европеец, и покрај зголемената еколошка свест, секоја година собира по 26 килограми текстил, додека 11 килограми фрла, а најголем дел од користената облека (87 отсто) завршува на депонии. Тоа се податоци на кои укажува Европскиот парламент. Во третиот квартал оваа година Европската комисија треба да усвои Стратегија за оджлив текстил, која ќе го адресира […]

Вечерва нов земјотрес со јачина од 5,1 степен во Грција


Серијата земјотреси во близина на грчкиот град Лариса продолжува и вечерва. Во 19:24 часот беше регистриран нов земјотрес со јачина од 5,1 степен со епицентар од 30 километри западно од Лариса. Денеска имаше најмалку 20 земјотреси во истата област со јачина од над 3 степени, а барем десетина беа и над 4 степени. Најсилниот беше […]

Истражување: Еврозоната влегува во двојна рецесија, но оптимизмот расте


Економијата во еврозоната сосема извесно влегува во двојна рецесија бидејќи мерките за затворање продолжуваат да ја попречуваат услужната индустрија, но надежите за зајакнување на кампањите за вакцинација го зголемија деловниот оптимизам на највисоко ниво во последните три години, покажа денеска објавеното истражување на аналитичката фирма IHS Markit. Индексот на менаџерите за набавки на Markit (PMI) […]

Мицкоски за довербата на Владата: Бидете спокојни, најдоброто допрва доаѓа


Откако денеска премиерот Зоран Заев сосема неочекувано побара и доби доверба на Владата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тоа го нарече „препелкање“. Христијан Мицкоски е заболен од корона и се наоѓа во изолација и во обраќањето преку Фејсбук рече дека токму оваа ситуација ја искористил Заев. „Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите […]

Ранети осуммина во Шведска, можен терористички напад


Најмалку осум луѓе се ранети во напад со нож во Ветланда во Шведска, пренесоа медиумите. Според првичните информации од локалните медиуми, наводно се работи за терористички напад, пренесува „Спутник“. #BREAKING Eight people wounded in stabbing attack in #Vetlanda, #Sweden. Police say it was a terror attack pic.twitter.com/GnMoGPiSYX — Guy Elster (@guyelster) March 3, 2021 Азилант […]

Македонија се задолжи 700 милиони евра по досега најниска камата од 1,625 отсто


Република Северна Македонија денеска ја издаде осмата по ред еврообврзница. Еврообврзницата е во вредност од 700 милиони евра со рочност од седум години и е издадена по историски најниска каматна стапка од 1,625%. Ќе се искористи за рефинансирање на третата еврообврзница од 2014 година во вредност од 500 милиони евра. Нето-повлекувањето по основ на оваа […]

Битолскиот театар доби највеќе пари од Министерството за култура, еве зошто


Битолскиот театар доби 4.900.000 денари (речиси 80.000 евра) од Министерството за култура за реализација на 5 проекти кои се наведени во објавената програма (односно реализација на 4 претстави, и 8-от Меѓународен театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал” во Битола. Ова е и најголемата сума што стручната комисија за драмска дејност ја одредила од пријавите на националните […]

Навални од затворска ќелија испрати порака дека е добро


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој беше осуден на две и пол години затвор во февруари, денеска од својата затворска ќелија преку Инстаграм објави дека е „добро“.   „Сè е во ред. Во дворот има дури и справа за вежбање”, наведе Навални и додаде дека се наоѓа во затворот Колчугино, источно од Москва.   Противникот […]

Во БиХ нови 894 случаи со корона вирус, 29 починаа


Во Босна и Херцеговина повторно расте бројот на новозаразени со корона вирус, а во последните 24 часа регистрирани се 894 нови случаи од вкупно тестирани 4.101 лица. Починаа 29 пациенти, 22 во Федерацијата и седум во Република Српска. Вчера беа забележани 727 случаи, а починаа исто 29. Во Федерацијата се тестирани 3.135 примероци, од кои […]

Мјанмар: Убиени 33 демонстранти, најмногу од воениот преврат досега


Најмалку 33 демонстранти се убиени денеска од страна на безбедносните сили на Мјанмар, што е најголем број жртви од почетокот на протестите поради воениот преврат извршен на 1 февруари. Податоците за жртвите се преземени од локалните медиуми и врз основа на информациите на социјалните мрежи, а за повеќето од загинатите се наведуваат лични податоци – […]

(Видео) Кентаки: Незапамтени поплави, има загинати – со чамци спасувале вакцини


Силните дождови и порастот на водостојот поради топењето на снегот предизвикаа големи поплави во Кентаки, САД. Вакцините против корона вирусот морало да бидат спасувани со чамец откако обилните дождови се заканиле да ја поплаватa здравствената установа во Кентаки, каде биле сместени, јави Си-ен-ен. Дозите се спасени од здравственото одделение во Бетвил и преселени во округот […]

Во Грција до 16 март воведено поголемо ограничување на движењата


Од утре наутро, до 16 март, во Грција се воведуваат построги измени на актуелните мерки, со цел да се ограничи раздвиженоста на граѓаните и да се спречи дополнителното ширење на коронавирусот, а ќе бидат зголемени и контролите, соопшти попладнево заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. Грција е поделена во […]