Во БиХ нови 894 случаи со корона вирус, 29 починаа
Во Босна и Херцеговина повторно расте бројот на новозаразени со корона вирус, а во последните 24 часа регистрирани се 894 нови случаи од вкупно тестирани 4.101 лица.
Починаа 29 пациенти, 22 во Федерацијата и седум во Република Српска.
Вчера беа забележани 727 случаи, а починаа исто 29.
Во Федерацијата се тестирани 3.135 примероци, од кои 567 позитивни на корона вирус.
Во последните 24 часа во РС тестирани се 922 лабораториски примероци, а корона вируспт е потврден кај 310 лица.
Во Брчко се тестирани 44 лица, а забележани се 17 новозаразени.