Холандија: Метални делови од исчезнат авион паѓале во населено место


Холандија – Жителите на холандското село Мерсен беа шокирани откако повеќе метални делови од авион паднаа од небото, оштетувајќи автомобили и куќи, а полесно се повредени една жена и дете. Авионските делови се од товарното летало Боинг 747-400, кое во саботата исчезна откако во 16 часот полета од аеродромот Мастрихт кон Њујорк. Очевидци тврдат дека слушнале […]

Осака во „Луј Витон“ ја славеше победата на Австралија опен


Тениската ѕвезда во јануари се приклучи на тимот на Луј Витон како глобален  амбасадор на луксузниот бренд   Австралија– Наоми Осака во саботата беше насмеана додека ја славеше својата победа на Австралија опен во 2021 година. 23-годишната тениска сензација ја победи Џенифер Брејди со 6: 4, 6: 3 на финалето на Австралија опен, со што […]

Полицијата го бара Мијалков, исчезна пред изрекувањето на пресудата


Од вчера попладне полицијата е во потрага по Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, откако судот издаде решение за куќен притвор до изрекување на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина” на 26 февруари. Мијалков во овој случај е првообвинет, а обвинителката Ленче Ристеска во завршниот збор побара максимална казна. На барање на обвинителството Кривичниот суд издаде решение […]

Тексас: Времена забрана за исклучување на струјата на граѓаните


САД– Поради зимската бура и екстремно ниските температури, властите во Тексас времено им забранија на компаниите за електродистрибуција да им доставуваат сметки за струја на граѓаните или да ги исклучуваат мрежите поради неплатени сметки, соопшти гувернерот на оваа американска сојузна држава Грег Ебот. – Жителите на Тексас кои во текот на студените денови останаа без […]

Шеста ноќ по ред насилни протести во Барселона


Шпанија – Протестите во Барселона во знак на поддршка на шпанскиот рапер Пабло Хасел, кој е обвинет за навреда на монархијата и величење на тероризмот, продолжија и синоќа, шеста ноќ по ред. Како и претходните денови, вчера во Барселона почнаа мирни протести, а уметниците нацртаа мурал со кој го го критикуваа шпанскиот крал Филипе Шести и […]

Валентина Велковска-Трајановска-прва жена композиторка на чело на СОКОМ


Композиторката проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска е избрана за претседател на Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) на Изборно собрание  што се одржа на 13.02.2021 за следниот мандат од две години. Со изборот таа воедно станува и првата композиторка која застанува на чело на оваа институција во нејзиното повеќедецениско постоење. За композиторката Велковска-Трајановска тоа претставува огромна […]

Иран и МААЕ постигнаа времен договор


Иран – Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) постигнаа времен договор за продолжување на активноста за верификација на таа агенција во иранските нуклеарни постројки, изјави генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси по разговорот со ирански претставници во Техеран. – Интензивните консултации доведоа до добар резултат. Постигнат е времен технички договор. МААЕ ќе ја продолжи […]

Снежните бури во САД ја попречија испораката на вакцини


САД – Поради снежните бури, екстремниот студ и прекинот во снабдувањето со електрична енергија затворија повеќе од 2.000 пунктови за вакцинација и ја пролонгираа испраката на шест милиони дози вакцини во сите 50 американски сојузни држави минатата недела, изјави високиот советник на Белата куча, Енди Салвит. Тој истакна дека заостанатите дози вакцини против Ковид-19 ќе бидат […]

СЗО: Пандемијата ќе заврши на почетокот на 2022 година


Швајцарија– Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, изјави дека верува оти пандемијата на коронавирусот ќе заврши на почетокот на 2022 година. Клуге за данската државна телевизија „ДР“ изјави дека ширењето на Ковид-19, сепак, ќе доминира во општеството и во 2021 година, но ќе биде многу поконтролирано од 2020 година. Посочувајќи дека […]

Дац и Александар Митевски во посета на македонскиот КИЦ во Софија


Бугарија- Музичките ѕвезди Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, придружувани од хармоникашот Војче Петрушев, минатата недела го посетија и Културно-информативниот центар (КИЦ) на Република Северна Македонија во Софија. Како што информира КИЦ, тие се запознале со работата и активностите на Центарот, му го подариле нивното ЦД „Лубовен пасош“ и најавиле следни видувања во месеците […]

Министерот Османи ја продолжува посетата на Обединетите Арапски Емирати


ОАЕ – Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ја продолжува дводневната посета на Обединетите Арапски Емирати со средба со неговиот емиратски колега Шеик Абдула бин Зајед Ал Нахјан. Во текот на денешниот ден, Османи во Абу Даби ќе се сретне и се државниот министер за економска диверзификација и економска дипломатија Ахмед Али Ал Сајег, како […]

Близу 95 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација


Државата ќе порача дополнителни 100.000 вакцини „Спутник“, со што би се надополнил севкупниот план за вакцинација, додека неделава се очекуваат и првите информации за вакцини од Европската Унија, од директниот договор со „Фајзер“ и од Ковакс механизмот, а неделава се очекуваат и вакциналните дози од Кина. Во земјава во тек е вакцинирање на првата група […]

Сончево со утринска магла по котлините


Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер и со појава на магла и ниска облачност по котлините во претпладневните часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени. Во Скопје и околината претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а во текот на денот ќе биде претежно […]

Короната пак зема замав: за 10 дена бројот на активни случаи се зголеми речиси за илјада


Дали поради британскиот сој, дали поради олабавувањето на граѓаните при почитување на мерките, но по стабилното намалување на инфекциите од Ковид-19, последниве десет дена бројките пак забрзано се искачуваат. Обично поради викендите бројот на тестирања е намален, но очигледно дека многу граѓани се сомневаат дека се инфицирани, па според податоците од последните 24 часа биле […]

(Видео) „Боинг 747“ полета од Холандија – му паѓаа делови


Две лица се повредени во Холандија, откако во сличен случај како оној во САД, делови од авион „боинг“ паѓаа на земја поради пожар во моторот. Холандските власти спроведоа истрага откако од товарен авион почнале да паѓаат метални делови, набрзо по полетувањето од аеродромот во Мастрихт. Наводно, се запалил еден од моторите. Според изјава на надлежните, […]

Черчил: Три пати во мојот живот Бугарија беше на погрешна страна


Иако поразот на Германците веќе можеше да се види, Бугарија се колебаше да ја смени страната. Таа бараше од сојузниците да ги задржи анектираните територии откако ќе заврши војната. Черчил ја нарече „суров лакеј на нацистите“ Премиерот Багрјанов презеде чекори за намалување на употребата неговата земја од страна на Германија како воена база против СССР, […]

Се бара да се забранат летови за 9,99 евра


Германското здружение за воздушен транспорт формулираше список на барања и им се обрати на политичарите во форма на отворено писмо, со цел да се осигура дека оваа индустрија ќе расте кога ќе помине корона-кризата. Здружението ги застапува интересите на авиокомпаниите, аеродромите и контролата на летовите. Според правилата на ЕУ, доколку летот се одложи повеќе од […]

Ким и Кање ќе делат богатство од 2 милијарди долари


Двојката има потпишано предбрачен договор за да си ја заштити заработката пред бракот, засега разводот ќе тече мирно и спогодбено САД- Ѕвездата на реално шоу Ким Кардашијан поднесе барање за развод од раперот Кање Вест, а големото прашање сега е што ќе се случи со огромното богатство на двојката. „Форбс“ процени дека Кардашијан и Вест […]

Во Албанија досега вакцинирани 5.891 лица, заразата не стивнува


Во Албанија непречено се одвива вакцинацијата против Ковид-19 со која освен здравствените работници, персоналот и лицата сместени во домовите за стари и изнемоштени лица, од денеска се опфатени и повозрасните лица според одредени критеруми. – Во текот на денот вакцинирани се 822 лица, а вкупно досега се имунизирани 5.891 лице, од нив најмалку 500 ја […]

Руските стручњаци одобрија производство на „спутник V“ во Србија


  Производството на руската вакцина „спутник V“ на Институтот „Торлак“ е одобрено од руките стручњаци, јавија српските медиуми. Тоа значи дека вакцината во секој момент ќе им биде на располагање на граѓаните, објаснува директорката на Инсититутот Вера Стоиљковиќ. „Што се однесува на лекарите, ним исто така, со превентивата односно со вакцинацијата на населението, ќе им […]