Ким и Кање ќе делат богатство од 2 милијарди долари


Двојката има потпишано предбрачен договор за да си ја заштити заработката пред бракот, засега разводот ќе тече мирно и спогодбено

САД- Ѕвездата на реално шоу Ким Кардашијан поднесе барање за развод од раперот Кање Вест, а големото прашање сега е што ќе се случи со огромното богатство на двојката.

„Форбс“ процени дека Кардашијан и Вест имаат комбинирана нето вредност од 2,1 милијарди долари. Индивидуално, според списанието, Вест вреди 1,26 милијарди американски долари, а најголемиот дел од неговиот приход е резултат на неговата успешна и многу профитабилна модна марка Yeezy.

Во меѓувреме, богатството на Кардашијан се проценува на околу 750 милиони долари. Таа е сопственик на 72% од својата линија за убавина KKW, што чини околу 500 милиони долари. Дополнително, старлетата продаде 20% од акциите на таа компанија минатата година, што изнесуваше 200 милиони долари во готово. Заедно со нејзините разни други приливи на приходи, како што е реалната серија „Во чекор со Кардашијанс“, нејзината етикета за облека „Скимс“ и линијата за мириси на ККВ, имотот на Карадшијан е и ликвиден и огромен.

„Начинот на кој тие се однесуваат еден кон друг во овој развод е исклучително важен, бидејќи се однесува на нивниот бренд“, изјави за Yahoo Finance Дрор Бикел, адвокат за развод со седиште во Њујорк.

ТМЗ објави дека двоецот има предбрачен договор, што ги штити нивните средства стекнати пред бракот. Ова, најверојатно, ја вклучува и модната линија и музиката на  раперот , покрај реалната ТВ империја на Кардашијан.

Голем предизвик ќе бидат средствата што ги стекнаа во текот на нивниот скоро 7 годишен брак, што вклучува автомобили, колекционерски предмети, уметност, накит и недвижнини. Поранешната двојка поседува голем број домови заедно – вклучително и замок во Калабасас во Лос Анџелес со мијалник од 30.000 американски долари . Кање има имот и во Франција кој го купи пред бракот со Ким.  „Форбс“ проценува дека комбинираната актива на дуото вреди приближно 70 милиони долари.

Па, како ќе бидат поделени сите тие пари, особено ако разводот не биде цивилизиран?

И Кардашијан и Вест со своето контраверзно однесување привлекоа внимание кон своите брендови и грд развод не помага никому“, според Бикел.

Од тие причини, валкање на името, ставањето деца во средина, борбите за пари и личните напади може да ја амортизираат вкупната вредност на нивните брендови и да спречат и двајцата да растат и да се развиваат професионално.

„За двајцата е важно овој развод да се реши спогодбено и праведно“, заклучи тој.

Досега, се чини дека тоа е случај. ТМЗ известува дека Кардашијан поднела барање за заедничко старателство и дека ниту една од страните не го оспорила предбрачниот договор. Дополнително, поранешната двојка, наводно, е близу до спогодба за имотот. Ако продолжи вака, овој развод може да се реши брзо – и Кардашијан и Вест ќе заминат задоволни од резултатите.(Според агенциите)