Борел: Јасно е дека Русија бара судир со ЕУ


Шефот на ЕУ дипломатијата утрово, Јосеп Борел, даде до знаење утрово дека ќе се дискутира за можни санкции против Русија поради затворската казна за Алексеј Навални. Борел, кој е мета на силни критики во повеќе земји на ЕУ поради неговата посета на Москва пред неколку недели, ќе треба да даде отчет денеска пред министрите за […]

Барањето за куќен притвор и 24 часовен надзор за Мијалков доставено до МВР во 18:30 часот


 Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера во 15:00 часот до Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОК бр. 47/17 од обвинителството означен како Таргет-тврдина, заради постоење на сомнение за евентуално бегство, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. Како што е наведено во […]

Заев на „Титаник“: Центрите за социјална помош во 2014 година биле злоупотребени од ВМРО-ДПМНЕ за изборни цели


 Премиерот Зоран Заев, во својство на сведок во случајот „Титаник” денеска во Кривичниот суд Скопје, збореше за неговите сознанија за изборните нерегуларности во 2014 година вршени од тогашната партија на власт ВМРО-ДПМНЕ. – Центрите за социјална помош беа злоупотребени, тие шетаа со списоци од примателите на социјална помош и ги закануваа примателите на социјална помош […]

Кина одобри тестирање на уште 16 вакцини против Ковид-19


Кинеската Влада одобри клинички да се тестираат уште 16 вакцини против Ковид-19, а шест од нив веќе ја поминале третата фаза, објави „Чајна дејли“. Кина веќе има две вакцини кои ги продава ширум светот, а околу 40 милиони граѓани веќе примиле вакцина. Кина веќе продаде 440 милиони дози во најмалку 27 држави, а најави дека […]

Турски државјанин обвинет затоа што прикажал фалсификуван ПЦР тест за корона вирус


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција, осомничен дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“. Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетиот 32-годишник, на 17 февруари на граничниот премин на Меѓународниот аеродром – Скопје, при пријава за излез од државава, употребил медицински сертификат за извршено тестирање за SARS-CoV-2 (ПЦР тест). На сертификатот […]

МВР бара да се распише меѓународна потерница за Сашо Мијалков


Министерството за внатрешни работи ќе побара да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница за Сашо Мијалков. -Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе […]

ЕУ планира нови санкции кон Русија, Москва најавува соодветен одговор


 Министрите за надворешни работи на Европска Унија ќе дебатираат за нови рестриктивни мерки кон Русија, откако беше изречена нова пресуда за рускиот опозиционер Алексеј Навални. Неименувани дипломати најавија дека најверојатно ќе биде постигнат договор за санкции кон Русија, поради што во следните недели ќе се работи на правната рамка и целта на рестриктивните мерки. Новите […]

Почина Златан Сарачевиќ, легенда на југословенскиот и хрватскиот ракомет


Вчеравечер на 60-годишна возраст во Копривница почина Златан Сарачевиќ. Сарачевиќ е носител на златен медал со Хрватска од Олимиските игри во Атланта 1996 година, а беше дел и од репрезентацијата на поранешна Југославија која го освои третото место на ЛОИ во Сеул 1988 година. Смртта на Сарачевиќ најверојатно е предизвикана од срцев удар. Тој по […]

Мијалков го нема, Мицкоски бара оставка од владата


Додека трае потрагата на МВР по Сашо Мијалков за да му биде предадена одлуката на судот за домашен притвор, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, побара оставка на целата влада.  „Одамна реков, мафијата има своја држава. Нема дно кое не го пробија. Оставка на Владата веднаш!“, напиша Мицкоски на Фејсбук. ВМРО-ДПМНЕ го исклучи од своите редови […]

Дури 872 возеле побрзо од дозволеното


Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во рамки на зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на целата држава, казнила 872 лица. Од нив, соопшти денеска МВР, 108 возила се движеле со брзина над 50 километри на час […]

Дали враќањето на Навални беше маестрален потег или грешка?


СТИВ ГУТЕРМАН Аналитичарите ги бараат одговорите на прашањето дали Навални требаше да го одложи своите враќање во Русија за на пролет или налето, неколку месеци пред важните избори за руската Дума. Никој нема дефинитивен одговор   Откако слета во Москва пред еден месец, непријателот на Кремљ кој преживеа труење Алексеј Навални е затворен и му […]

Задолжителен седумдневен карантин при влез во Грција


Грција– Задолжителниот седумдневен домашен карантин за сите кои во Грција ќе влезат на било кој начин и со било кое средство е продолжен уште две седмици, односно до 8 март 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно министерската одлука од надлежните грчки министерства и новите одлуки на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, […]

Русија извршила 17 напади со беспилотно летало „Орион“ врз терористи во Сирија


Русија – Руското беспилотно летало „Орион“ извршило 38 летови во Сирија, од кои 17 пати гаѓало објекти на терористи, објави телевизијата „Русија 1“. Во репортажата за „Орион“, телевизијата го покажа леталото во пустинска камуфлажа која се користи во Сирија. Според традицијата на воената авијација, на леталото се означени ѕвезди кои го претставуваат бројот на извршени борбени […]

Астероид со големина на стадион се приближува кон Земјата


САД– Астероид со големина на фудбалско игралиште ќе ѝ се приближи на Земјата денеска, соопшти истражувачкиот центар на НАСА – ЈПЛ (Лабораторија за млазен погон). Се проценува дека астероидот 2020 Икс-ју-6, со дијаметар од околу 213 метри ќе ѝ се приближи на планетата на растојание од околу четири милиони километри. На 22 февруари, се очекува да […]

Заев треба да сведочи за „Титаник“


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“. На претходното рочиште беше најавено дека денеска ќе бидат сослушани повеќе сведоци, меѓу кои и премиерот Зоран Заев. Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, […]

Поради Ковид-19 на околу 16.000 луѓе не им бил дозволен влез во Германија


Германските граничари минатата недела од граничните премини  со Чешка и со австриската покраина Тирол вратиле околу 16.000 луѓе кои сакале да влезат во Германија. Германија неодамна воведе гранични контроли поради појавата на нов вид на Ковид-19 во Тирол и влошената епидемиолошка ситуација во Чешка. Според германскиот весник Билд, минатата недела биле проверени 104.178 луѓе, при […]

„Боинг“ ги приземји авионите 777


  Американската федерална администрација за воздушен сообраќај издаде предупредување за авионите од типот „боинг 777“. До тоа дојде откако на еден од авионите му откажа моторот, а делови од него паѓаа во населено место во Денвер , Колорадо. Исто така, наредена е итна инспекција на овој тип авиони. Ројтерс наведува дека началникот на Агенцијата, Стив […]

Европската Унија „каска“ во трката со вакцинацијата


Сопственоста врз вакцините, исто така, има и геополитичко значење. САД, Кина и Русија се борат за влијание во светот. Само Европа нема што да понуди, се наведува во анализата на германскиот весник „Ханделсблат“. На средбата на шефовите на држави и влади од земјите на Г7, во петокот, фокусот на разговорите, меѓудругото, беше и на глобалната […]

САД се приближуваат до 500.000 смртни случаи на коронавирусот


САД– САД се приближуваат до бројката од 500.000 смртни случаи од коронавирусот, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс, додавајќи дека досега од вирусот починале точно околу 498.000 лица. Имунологот Ентони Фаучи изјави дека бројката од 500.000 жртви е речиси за 70.000 повеќе од американските жртви во Втората светска војна. САД во јануари, непосредно пред инаугурацијата на новиот […]

ЛДП ќе делува самостојно во Собранието, и натаму ќе стои зад Владата


    Либерално-демократската партија донесе одлука за самостојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски. Оваа одлука била донесена на Централниот одбор на партијата уште од месец август 2020 година, но сеуште не е реализирана од објективни причини, соопшти ЛДП. „Како партија донесовме одлука уште пред седум месеци за самостојно делување во македонскиот […]