Сметководителите ќе го кажат ставот за одбивањето на барањето за завршните сметки


Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори денеска на прес-конференција ќе го образложи својот став за одбивањето на нивното барање за одложување на роковите за поднесување на завршните сметки. Сметководителите неодамна побараа да се направат измени во Законот за трговски друштва за да се пролонгираат роковите за поднесување на завршните сметки. На прес-конференцијата најавено е […]

Почнува судењето на Навални за клевета


Русија–  Во Русија денеска треба да почне судски процес за клевета на опозиционерот Алексеј Навални, кој на 2 февруари беше осуден на 32 месеци затвор за кршење на претходната условна казна, додека беше на лекување во Германија откако беше отруен од нервен агенс Новичок. Судот денеска ќе се осврне на обвинението против Навални за ширење „навредливи“ […]

Заводот за статистика ќе објави детали за пописот


Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски заедно со заменикот-директор Илми Селами денеска ќе одржат прес-конференција за Методологијата за подготовка, организација и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021. Прес-конференцијата ќе биде онлајн преку апликацијата ЗУМ, а ќе може да се следи и на Фејсбук каналот на Државниот […]

Османи во Тирана на средби со државниот врв на Албанија


Шефот на дипломатијата Бујар Османи ќе престојува во посета на Тирана каде ќе се сретне со претседателот на Албанија, Илир Мета, со неговиот домаќин, министерот за европски и надворешни прашања Олта Џачка и со државниот министер за дијаспора Пандели Мајко, а ќе има средба и со претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша. Како што соопшти […]

Состојбата со Ковид-19 во државата и натаму се стабилизира


Преку КОВАКС механизмот, Северна Македонија ќе добие 103.200 дози вакцини против Ковид-19, од вкупно 337,2 милиони, кои оваа Иницијатива на ОН планира да ги испорача во првата половина од годинава во 145 земји во светот. КОВАКС ќе покрие трошоци за набавка на вакцините за 92 сиромашни земји, додека другите ќе ги добијат по пристапни цени. […]

Распоредувањето на Националната гарда во околу Капитол ги чини САД речиси половина милијарда долари


САД – Речиси 500 милиони долари се трошоците за ангажирање на околу 26.000 припадници на Националната гарда за обезбедување на Капитол во периодот околу 6 јануари, кога се случи насилниот упад во Конгресот. Припадниците на Националната гарда пристигнаа од сите 50 држави и четири територии, додека агенциите за безбедност се обидоа да го обезбедат Капитол за […]

Фаучи: Вакцинацијата на децата може да почне на лето


САД – Директорот на Американскиот национален институт за алергии и инфективни болести, Ентони Фаучи, изрази надеж дека наскоро ќе бидат објавени податоци кои ќе поддржат вакцинација на постарите деца против коронавирусот. Тој рече дека се надева оти откако ќе бидат објавени резултатите од студијата, кон крајот на пролетта или почетокот на летото ќе почне вакцинација на деца од […]

Хрватска: Дупките по земјотресите околу Петриње се досега невиден феномен


Хрватска– Новиот земјотрес со интензитет од три степени според Рихтеровата скала вчера дополнително активираше многу одрони во Банија, а дупките што се појавија во земјата по секој земјотрес стануваат се поголеми. Сеизмологот Крешимир Кук за ХРТ изјави дека појавата на тие дупки, дупки, досега не им била позната на сеизмолозите. – Нема пишани траги, па дури […]

Трамп нема да сведочи на судењето во процесот за отповикување


САД – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп нема да одговори на поканата да сведочи на судењето за отповикување во американскиот Сенат, кое почнува следната недела, соопшти неговиот советник Џејсон Милер оценувајќи го процесот како неуставен. Демократите во Претставничкиот дом, кои имаат улога на обвинител во претстојното судење на Доналд Трамп во Сенатот, побараа од поранешниот американски претседател следната […]

Новиот објект на велешкиот театар прокиснува по дожд, шест години нема технички прием


За само шест години од свеченото отворање во декември 2014 година зградата на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” по вторпат прокисна од последните обилни дождови на неколку места во фоајето и помошните простории, но не е прокисната големата и малата сцена. В. д. директорот Сашо Димоски за МИА информира дека проблемот не […]

Бугарката Бакалова номинирана за „Златен глобус“ за улогата во „Борат 2“


САД- Бугарката Марија Бакалова се наоѓа меѓу номинираните за најдобра актерка во категоријата филмска комедија или мјузикл на доделувањето на наградите „Златен глобус“, се наведува на официјалниот Твитер профил на наградите. Бакалова е номинирана за нејзината улога во ликот на Тутар – ќерка на главниот лик во филмот „Борат 2“. Филмот беше номиниран и за […]

Почина Илија Филиповски, поранешен пратеник и министер


Почина Илија Филиповски, поранешен пратеник, екс министер, бизнисмен. Илија Филиповски е поранешен пратеник на СДСМ, а беше и министер за економија во владата на Бранко Црвенковски. Тој роден е 1941 година во Ростуше, а бил директор на увоз-извоз “Охис”. „Со жалење соопштуваме дека денес почина Илија Филиповски, роден 1941 година во Галичник. Илија Филиповски во […]

Ливерпул доби забрана за влез во Германија пред мечот со Лајпциг во ЛШ 


Фудбалерите на англискиот првак Ливерпул не смеат да влезат во Германија за да го одиграат првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) против Лајпциг, соопшти вечерва германското Министерство за внатрешни работи, образложувајќи ја одлуката со патните ограничувања поврзани со пандемијата со Ковид-19. Забраната за влез на германската територија од Велика Британија не предвидува […]

Бомбардирањето на Софија го уништи бугарскиот морал


На крајот на 1943 и почетокот на 1944 сојузниците извршија големи бомбардирања на Софија. Тогаш Бугарите сфатија дека повторно застанале на погрешна страна во една војна, откако во декември 1941 година им објавија војна на САД и Велика Британија. Тие веруваа дека пактот со нацистите ќе им ги донесе териториите за кои сонуваа Кога Бугарија […]

Бектеши бара компаниите кои зеле пари од државата, а не дале плата да не може да аплицираат повеќе


Министерот за економија Крешник Бектеши верува дека следната недела ќе биде објавен новиот петти антикризен пакет мерки за поддршка на граѓаните и стопанството. Во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма, министерот најави дека до понеделник ќе се направи уште една консултација со стопанските комори и со синдикатите со цел да се прецизираат предлог-мерките. – Утре имаме […]

Николовски за извештајот на Транспаренси: Треба да ја прифатиме реалноста


Апсолутно 2020 година сите ја паметиме како година во која оваа опозиција го блокираше работењето на Собранието и многу процеси во време на пандемијата и тоа извештајот го нотира, како што ги нотира успешноста на изборите и воспоставувањето на институциите и механизмите на демократијата, изјави вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчи Николовски, во однос на […]

Навални ги повика приврзаниците да ја ослободат Русија од „крадците“


Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој е осуден на три години затвор, ги повика своите приврзаници да го надминат стравот и да ја ослободат Русија од „крадците“ на власт. – Тие можат да останат на власт и да ја искористат за свое лично богатење потпирајќи се само на стравот. Но, ние надминувајќи го тој страв можеме […]

Макрон ја критикува нејасноста на кинеската вакцина


 Францускиот претседател, Емануел Макрон, смета дека кинеската вакцина против Ковид-19 е нејасна и дека постојат евентуални ризици таа да доведе до олеснување во развојот на нови варијанти, јави дописникот на МИА. Францускиот претседател ова го изјави за време на дебата во тинк-тенкот Атлански совет, пренесоа вечерва француските медиуми.  -Апсолутно немам информации за кинеската вакцина. Ова […]

Шест месеци по експлозијата во Бејрут семејствата на жртвите бараат одговори


Членовите на семејствата на жртвите од смртоносната експлозија на бејрутското пристаниште што се случи во август лани, денеска бараа од либанската влада да ги објават наодите од истрагата за експлозијата. Преживеаните, држејќи фотографии од жртвите, се собраа во близина на пристаништето за да одбележат шест месеци од катаклизмичната експлозија во која загинаа најмалку 193 лица, […]

Падна летало во езеро покрај Чаковец, извлечени две мртви тела


  Во езерото покрај Чаковец во Хрватска падна летало, а двете лица кои биле во него загинаа, потврдено е за Индекс. Моторниот змеј со две чица околу 15.22 часот паднал во акумулациското езеро на хидроелектраната „Чаковец“. Нуркачите од водите на езерото извлекле две мртви тела. Од езерото е извлечен и моторниот змеј. Во петок претпладне […]