Филипче: Се крати времето на чекање за зрачна терапија, наскоро оддел во ГОБ „8 Септември“


 Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на својот Фејсбук профил објави дека ќе се скрати времето на чекање за зрачна терапија и оти наскоро ќе биде отворен оддел за зрачна терапија во ГОБ „8 Септември“. Во овој оддел, како што пишува минисетрот, ќе работи лекар специјалист, физичар и техничар, а третманот за пациентите ќе биде […]

Бебе во Романија починало по крштевката


Јавноста во Романија изминатиов период е потресена по шокантната информација дека во понеделникот шест недели старо новороденче починало во болница, непосредно по крштевање во црква во место наречено Сучаева. Имено, бебето откако три пати било потепено во благословената вода, се разболело и по неколку часа во болница било констатирано дека починало од срцева болест. Многу […]

Французите не се убедени дека Макрон добро управува со кризата со Ковид-19


По единаесет месеци здравствена криза, јасно мнозинство од Французите (60 отсто) немаат доверба во извршната власт во управување со ситуација предизвикана од епидемијата со Ковид-19, покажува испитувањето на „Одокса-Бекбеун Консултинг“ за Ле Фигаро и Франс Инфо, јави дописникот на МИА. Овој скептицизам е намален за само четири индексни поени од минатиот октомври. Главно се однесува […]

Конгресмените ќе бидат казнувани ако одбиваат да поминат преку детекторот за метал


Членовите на американскиот Претставнички дом кои одбиваат проверка со детектор за метал, инсталиран на влезната врата во главната собраниска сала, ќе треба да платат казна од 5.000 долари.  Мерката беше изгласана синоќа од Долниот дом на американскиот Конгрес. Според неа, при следен обид за избегнување на рамката за детекција на метал, казната ќе биде зголемена […]

Матурантите привремено го прекинуваат бојкотот на наставата од 6 до 12 февруари


Сојузот на средношколци попладнево соопшти дека од 6 до 12 февруари привремено ќе го прекине бојкотот на наставата. – По нашите средби со пратениците во Собранието, Сојузот на средношколци е сигурен дека ја ужива поддршката на повеќе од 70 пратеници во законодавниот дом. Во тој поглед, Генералното собрание на Сојузот одлучи привремено да прекине со бојкотирањето на наставата – […]

НАТО донира 60 комплети опрема за вентилатори на Министерството за здравство


Центарот за координација на евро-атлантскиот одговор на катастрофи на НАТО (EADRCC) донираше 60 комплети опрема за вентилатори на Министерството за здравство, овозможена со финансиска поддршка од Чешка, Литванија, Холандија, Велика Британија и САД. – Следната недела, комплетите ќе бидат дистрибуирани до локалните болници каде претходно беа донирани 60 вентилатори, со испораката на 30 октомври 2020 […]

Памела Андерсон зрачеше од љубов: Објавени фотографиите од тајната венчавка со телохранителот


САД- Актерката и активистка Памела Андерсон ги изненади обожавателите минатата недела откривајќи дека се омажила ( по четврти пат) за својот телохранител Дан Хејхурст на интимна церемонија во дворот на куќата што ја купила од нејзините баба и дедо, на островот Ванкувер, Канада. -Памела зрачеше од љубов “, изјави за „Пипл“ свадбената фотографка и пекарка […]

Николовски на средба со Тасева по извештајот за корупцијата


Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот,  Љупчо Николовски, денеска одржа работен состанок со   претседателката на „Транспаренси Интернешнл Македонија“, Слаѓана Тасева. На состанокот Николовски и Тасева разговараа за последниот извештај за „Индексот на утврдување на перцепцијата за корупција за 2020 година“. Воедно, на состанокот се разговараше и за меѓународните  искуства и најдобрите практики кои може да […]

Во Мјанмар по воениот удар уапсени најмалку 147 луѓе


Најмалку 147 лица се уапсени во Мјанмар по овонеделниот воен удар, вклучително активисти, пратеници и владини претставници, соопшти денеска Здружението за помош на политичките затвореници (ААПП). ААПП, кое постои уште од ерата на претходната хунта, соопшти дека уапсени се 133 владини претсатвници и пратеници и 14 граѓански активисти. Војската на Мјанмар на 1 февруари воведе […]

Кремљ: Апсењето на илјадници демонстранти беше неопходен одговор


Портпаролот Дмитириј Песков им изјави на новинарите сами си го барале тоа зашто учествувале на неодобрени протести   МОСКВА – Кремљ силно ги отфрли критиките на Западот во четвртокот и ги опиша илјадниците апсења на протестите против затворот на опозицискиот лидер Алексеј Навални како неопходен одговор на несанкционираните митинзи. Многу од уапсените поминаа долги часови […]

Пандемијата со Ковид-19 негативно влијае и врз глобалната нафтена индустрија


Пандемијата со Ковид-19 негативно влијае и врз глобалната индустрија на нафта и гас, покажуваат финансиските извештаи на водечките нафтени компании за 2020 година. Англиско-холандскиот гигант „Ројал Дач Шел“ денеска соопшти дека во 2020 година заработката изнесувала 4,85 милијарди долари, што е пад од 71 отсто во однос на профитот од 16,5 милијарди во 2019 година. Претходно, […]

Итно да им се овозможи пристап на затворениците до здравствена заштита


Итно и неодложно преземање мерки од страна на Министерството за здравство за обезбедување непречен пристап до здравствена заштита на сите осудени лица, обезбедување хигиенски пакети за осудените лица во сите установи и подобрување на хигиената во Затворот Тетово, Затворот Битола и Затворот Куманово, а со цел спречување ширење на КОВИД-19, се дел од препораките произлезени […]

Во Азербејџан почнува тестирање на комбинација од вакцините „АстраЗенека“ и „Спутник“


  Тестирање на комбинацијата од руската вакцина „спутник V“ и вакцината на „Астра Зенека“ ќе почне следната недела во Азербејџан и во некои други земји на Блискиот Исток, изјави денеска висок руски службеник. „АстраЗенека“ претходно објави дека ќе почне клинички испитувања заради тестирање на комбиација од две вакцини за да се утврди дали може на […]

Во Србија повеќе од 1.800 новозаразени, починаа 14 пациенти


  Во Србија, од последниот пресек, потврдено е дека има уште 1.863 новозаразени лица со корона вирус, а починаа 14 пациенти. Тестирани биле 12.047 лица На респиратор се 138 пациенти. Од почетокот на пандемијата во Србија заболеа 402.700 луѓе, а починаа 4.085 пациенти. Тестирани се вкупно 2.664.142 лица.

Царовска: Со стипендии ќе ги поддржиме стручните профили што ги бара пазарот на труд


Профилите кои ќе се изучуваат во средното стручно образование ги прилагодуваме на потребите на реалниот сектор, со што го осовременуваме образованието, а со политиките за стипендирање на учениците од техничките струки ќе го поттикнеме изборот токму на оние кои ќе им овозможат поголема вработливост на младите. Ова го рече министерката за образование и наука Мила […]

Заболени од Ковид 32 здравствени работници од Клиниката за нефрологија, нема застој во работењето


Во моментов 32 здравствени работници од Клиниката за нефрологија се заболени со Ковид-19, информираа за МИА од Министерството за здравство. Двајца од нив се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а еден техничар е хоспитализиран на Клиниката за кожни болести. -Работењето на Клиниката за нефрологија се одвива регуларно и нема никаков застој […]

Талентираниот математичар Дамјан од Штип ќе добие 15.000 денари награда и ќе биде почесен граѓанин


Талентираниот ученик од осмо одделение Дамјан Давков од Штип, ќе добие 15.000 денари од Општина Штип, како награда за постигнатиот успех на натпревар по математика, каде бил подобар од сите средношколци.  На овој начин Министерството за образование и наука ќе се обиде да ја смири јавноста, која бурно реагираше откако на социјалните мрежи се појави […]

Протест на административците во ГОБ„8 Септември“: И ние работиме во ковид болница


Протест пред Градската болница „8 Септември“ денеска одржаа вработените во администрацијата и техничкиот персонал бидејќи не добиле еднократна парична помош од Владата. Тие бараат и ним да им се исплати еднократната помош од 30.000 денари бидејќи, како и лекарите, биле изложени на ризикот од заразата од корона вирусот. -Револтирани сме од понижувачкиот и некоректен однос […]

Скопското обвинителство поведе постапка против припадници на МВР за случајот со возачките дозволи


 Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица вработени во Министерството за внатрешни работи – Одделение за управни работи Скопје за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.  Осомничените, како што информираат од ОЈО Скопје, искористувајќи […]

„Вестингхаус Електрик Шведска“ ќe истражува за алтернативно гориво за АЕЦ „Козлодуј“


„Westinghouse Electric Sweden“ ќе ја истражи можноста за употреба на алтернативен вид нуклеарно гориво во Петиот блок на АЕЦ „Козлодуј“. Премиерот Бојко Борисов за потпишаниот договор меѓу двете компании кажа дека е уште еден чекор кон диверзификација на енергијата и додаде дека потпишувањето на договорот со „Вестингхаус Електрик Шведска“ денеска е уште еден чекор за […]