Во Србија повеќе од 1.800 новозаразени, починаа 14 пациенти


 

Во Србија, од последниот пресек, потврдено е дека има уште 1.863 новозаразени лица со корона вирус, а починаа 14 пациенти.

Тестирани биле 12.047 лица

На респиратор се 138 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Србија заболеа 402.700 луѓе, а починаа 4.085 пациенти.

Тестирани се вкупно 2.664.142 лица.