Падна летало во езеро покрај Чаковец, извлечени две мртви тела
Во езерото покрај Чаковец во Хрватска падна летало, а двете лица кои биле во него загинаа, потврдено е за Индекс.
Моторниот змеј со две чица околу 15.22 часот паднал во акумулациското езеро на хидроелектраната „Чаковец“.
Нуркачите од водите на езерото извлекле две мртви тела. Од езерото е извлечен и моторниот змеј.
Во петок претпладне ќе се врши увид на местото на несреќата за да се утврдат околностите поради кои се случила несреќата.