Експлозија на гас во зградата на Црвениот крст во Германија, има повредени


  Неколку луѓе се повредени во експлозија на гас во меминген на југот на Германија, јави весникот Билд во птеокот повикувајќи се на полицијата. Весникот пишува дека не е исклучена уште една експлозија. Аугсбургер алгемајне пак објави дека експлозијата се случила во зградата на баварскиот Црвен крст околу 6 часот и дека повредени се пет […]

Петриња повторно погодена од земјотрес, грѓаните на улица


Подрачјето на Петриња во Хрватска утрово во 9.03 часот го погоди уште еден во низата земјотреси. Според првичните податоци на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), магнитудата на потресот била со јачина од 3,8 степени по Рихтеровата скала и со епицентар на три километри југозападно од Сисак. Според тврдења на очевидци, потресот бил прилично силен, поради […]

Адвокатската улица станува еднонасочна


Во текот на денешниот ден, Општина Центар во координација со екипите на Град Скопје ќе започнат со теренски активности за поставување вертикална сообраќајна сигнализација за воведување еднонасочен сообраќаен режим на ул. „Св. Климент Охридски“ – позната како „Адвокатска улица“.   Во интерес на зголемување на безбедноста и подобрување на сообраќајот во овој дел на територијата […]

Данска гради прв енергетски остров


Данска одобри план за изградба на првиот енергетски остров во светот, во Северното Море, кој ќе произведува и складира доволно зелена енергија за потребите на три милиони европски домаќинства за електрична енергија. Вештачкиот остров, со големина од 18 фудбалски игралишта, ќе биде поврзан со стотици турбини на ветер и ќе обезбеди енергија и за домаќинствата […]

Бескаматни кредити или директна поддршка за исплата на плати – Владата уште нема пресечено


Владата се уште дефинитивно не одлучила дали помошта за вработените во компаниите ќе биде преку бескаматни кредити или пак како до сега со директна финансиска помош за исплата на плати, изјави вчера министерот за економија Крешник Бектеши. Тој за денеска најави дека ќе се одржи уште еден состанок во Владата околу претстојниот петти пакет анти-ковид […]

ЕУ и САД критикуваат, Турција продолжува да апси


Веќе цел месец траат протестите по намерата на Ердоган да постави партиски човек за ректор на елитниот универзитет Богазичи во Истанбул   Полицијата приведе десетици демонстранти низ повеќе градови во четвртокот (4 февруари), откако Турција ја отфрли осудата на САД и ЕУ за насилството на претседателот Реџеп Таип Ердоган на студентските собири кои ескалираат веќе […]

Во Русија се разгледува закон кој на полицијата и овозможува пристап до геолокацијата на граѓаните


Русија– Русија повторно разгледува нацрт-закон што ќе им овозможи на безбедносните сили без судски налог да пристапат до локациите на жителите преку нивните мобилни телефон. Илјадници демонстранти беа уапсени на протестите во текот на два викенда, а над 1.000 беа приведени во Москва во вторникот, откако судот го осуди опозицискиот лидер Алексеј Навални, на 32 месеци затвор […]

Деми Мур: Голата фотографија во „Венити фер“ го промени светот


САД – Во гостување на Јутјуб-емисијата „Без филтер“ на Наоми Кембел, Деми Мур се потсети на актот на насловницата во „Венити фер“ од 1991 година. Имено, Деми смета дека таа разголена фотографија каде што има 28 години и е во поодмината бременост, го променила светот. – Се сеќавам многу добро на тоа. Јас разбирам какво влијание имаше […]

Црквата во Романија под оган откако бебе умре по крштевката


Православната црква во Романија се соочува со зголемен притисок да ги смени ритуалите на крштевање откако бебе почина по церемонијата што вклучува потопување на доенчиња три пати во света вода. Детето од шест недели доживеа срцев удар и беше пренесено во болница во понеделникот, но почина неколку часа подоцна, а при обдукцијата беше откриена течност […]

Претставничкиот дом на САД ја отстрани конгресменката Грин од неколку одбори по серија нејзини контроверзни изјави


САД – Претставничкиот дом на САД одлучи да ја отстрани републиканската конгресменка, Марџори Тејлор Грин, која ги поддржува теоретичарите на заговор, од неколку комисии, по серија контроверзни јавни изјави. Претставничкиот дом гласаше за исклучување на Грин од Комитетот за образование и труд, како и од Комитетот за буџет. Вкупно 219 демократи и 11 републиканци гласаа „за“, […]

„Џонсон и Џонсон“ побара итно одобрување на нејзината вакцина


„Џонсон и Џонсон“ поднесе во четвртокот до американските здравствени власти барање за одобрување за итна употреба на својата вакцина за корона вирус во една доза, подготвувајќи се за клучна трета опција во битката за имунизација на стотици милиони Американци. Вакцината на „ЏиЏ“ е 66 проценти ефективна против умерена до тешка инфекција, но обезбедува силна заштита […]

Европскиот шеф на СЗО загрижен поради ефективноста на вакцините за мутираните видови на Ковид-19


Данска– Европа и фармацевтските групи мора да работат заедно за да ги забрзаат вакцинациите против Ковид-19, смета шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација, изразувајќи притоа загриженост за ефективноста на вакцините врз варијантите на вирусот. „Треба да бидеме подготвени“ за нови проблематични мутации на вирусот „со проширување на капацитетот на земјите за ген-секвенционирање“, изјави […]

Подигнат отпадот од дива депонија близу железничката станица во Гостивар


Екипи на гостиварското комунално претпријатие вчера ја расчистуваа дивата депонија покрај пругата во близина на железничката станица. Неодговорни лица на ова место фрлаат градежен шут, автомобилски гуми, мебел и друг вид на отпад. За ден ипол колку што траеше расчистувањето, комуналците подигнаа над 30 тони отпад и го транспортираа на депонија. – Дивата депонија се […]

Бајден суспендира одлука на Трамп за повлекување американски војници од Германија


САД –  Претседателот на САД, Џо Бајден, официјално го суспендираше планираното повлекување на американските трупи од Германија, нарачано минатата година од поранешниот претседател Доналд Трамп, но акцијата за повлекување дури и не започна. Бајден синоќа процени дека повлекувањето на трупите ќе биде запрено се додека министерот за одбрана Лојд Остин не направи проценки за присуството на […]

Армијата ќе промовира 65 подофицери од вкупно 120 планирани за годинава


Во касарната „Илинден“ денеска ќе биде промовирана првата група подофицери од професионалните војници. Првата група ја сочинуваат 65 лица од вкупно 120-те професионални војници. Курсот за подофицери се организира по 11 години. Обуката за нив почна на 28 ноември 2020 година, а заврши на 4 февруари, додека втората група од 55 лица ќе ја започне […]

ОН почна процес за кандидирање нов генерален секретар


САД– Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН почнаа процес за кандидирање генерален секретар на ОН, за периодот од 2022 до 2026 година, за кој сегашниот Антонио Гутереш веќе се кандидираше, додека Хондурас бара кандидатура за жена. Гутереш, (71) поранешен португалски премиер, има силна поддршка во Генералното собрание и во Советот за безбедност меѓу […]

Суливан: Бајден ја зголемува квотата за прием на бегалци во САД 


САД- Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џејк Суливан, синоќа изјави дека претседателот Џо Бајден планира да потпише указ за зголемување на годишната квота за прием на бегалци од воените зони.   Претседателот подоцна во говор во Стејт департментот укажа дека квотата може да достигне 125.000 бегалци и да се применува заклучно 1 октомври 2021 […]

Трет ден над 1.000 новозаразени во Грција, можни дополнителни мерки за Солун и Атина


Грција– Воведување полициски час од 18 наместо од 21 часот за викендите во Атина и префрлање на Солун во црвената зона со построги рестрикции се дел од мерките што се споменуваат во Грција, а би можеле да се воведат од утре, доколку ваква препорака донесе Комисијата на епидемиолози на денешниот состанок, јави дописничката на МИА […]

Ненадејно почина заменикот главен лекар во болницата каде првично се лекуваше Навални


Русија-  Заменик-главниот лекар на болницата во Омск, Русија, каде што првично се лекуваше опозицискиот лидер Алексеј Навални, почина ненадејно. Станува збор за 55-годишниот лекар Сергеј Максимишин. Соопштение за смртта на лекарот е објавено на веб-страницата на Болницата каде што работел. Максимишкин беше лекар за анестезиологија и реанимација и доцент на Државниот медицински универзитет во Омск. Не […]

Поради голем интерес ќе се одржи втора изведба на концертот „Балетски бисери“


Поради голем интерес на публиката ќе се одржи втора изведба на балетот насловен „Балетски бисери“ во Национална опера и балет. Оттаму информираат дека балетскиот концерт ги опфаќа најубавите балетски дела „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ итн. Настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. -Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба […]