ЕУ и САД критикуваат, Турција продолжува да апси
Веќе цел месец траат протестите по намерата на Ердоган да постави партиски човек за ректор на елитниот универзитет Богазичи во Истанбул
Полицијата приведе десетици демонстранти низ повеќе градови во четвртокот (4 февруари), откако Турција ја отфрли осудата на САД и ЕУ за насилството на претседателот Реџеп Таип Ердоган на студентските собири кои ескалираат веќе еден месец.
Новинарите на АФП беа сведоци на полицијата како користат штитови за немири и палки за да разбијат неодобрен настан во Истанбул и да одведат повеќе од 20 лица.
Безбедносните сили, исто така, воспоставија проверки на личните карти на две големи пристаништа на азиската и европската страна на Босфор за да спречат демонстранти да се соберат за настаните.
Толпа левичарски политички сили и неколку пратеници од опозицијата излегоа во поддршка на студентите кои протестираат против одлуката на Ердоган да именува партиски лојалист за ректор на елитниот универзитет Богазичи во Истанбул минатиот месец.
Многу студенти сметаат дека назначувањето на Мелих Булу е дел од поширокиот притисок на Ердоган да ја преземе контролата врз различните аспекти на секојдневниот живот на Турците додека е на на власт во последните 18 години.
Групите за поддршка на студентите во четвртокот, исто така, објавија дека најмалку 36 лица биле приведени на митинзи во западните градови Бурса и Чанаккале, како и на црноморското пристаниште Самсун.
Европската унија соопшти дека е „сериозно загрижена“ од последните случувања во Турција и повика на ослободување на „оние кои се произволно приведени“.
Способноста на студентите да ги втурнат своите барања во центарот на турската политика и да ја претворат својата кауза во национално движење, одекнуваа од демонстрациите во 2013 година, кои први го разбрануваа владеењето на Ердоган.
Тој првично ги игнорираше демонстрациите и се чинеше дека стратегијата се исплати. Полицијата го огради кампусот на универзитетот Богазичи и ги гледаше протестите како полека стивнуваат.
Но, тие експлодираа и станаа понасилни откако полицијата уапси четворица студенти за време на викендот поради прикажување уметничко дело кое го покажува најсветото место на исламот покриено со ЛГБТ-знамиња.
Потоа полицијата влезе во просториите на кампусот и уапси речиси 200 лица во понеделникот вечерта.
На демонстрациите во Истанбул и Анкара оваа недела полицијата пукаше со гумени куршуми и солзавец додека народот и нивните приврзаници ја гаѓаа со разни предмети од околните згради.
Над 500 лица се приведени во изминатиот месец.
Ердоган во средата започна бесен напад врз студентите што Вашингтон брзо го осуди – размена што ја потенцираше построгата линија со која Турција може да се соочи под новата администрација на американскиот претседател Џо Бајден.
Турскиот лидер спореди некои од студентите со „терористи“ и ја нарече ЛГБТ-каузата неспоива со вредностите на земјата.
„ЛГБТ, нема такво нешто“, рече Ердоган.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека е „загрижен од притворите на студенти и други демонстранти и силно ја осудува анти-ЛГБТ реториката околу демонстрациите“.
Тешката линија означи отстапување од помекиот пристап кон човековите права што го уживаше Ердоган додека негуваше лично пријателство со поранешниот претседател Доналд Трамп.
Турското министерство за надворешни работи одговори во четвртокот велејќи им на „оние кои се осмелуваат да одржат лекција за демократија и закон… да се погледнат во огледало“.
„Никој не смее да се осмели да се меша во внатрешните работи на Турција“, се вели во соопштението.
Сепак, студентите полека почнуваат да добиваат поддршка во некои водечки турски политички кругови и покрај тоа што се игнорирани од провладините телевизиски канали и весници.
Главниот опозициски лидер Кемал Киличдароглу во четвртокот за првпат повика оставка на спорниот ректор на универзитетот.
„Не можете да ги нарекувате терористи луѓето кои го користат своето уставно право (да протестираат)“, му рече Киличдароглу на Ердоган во телевизиски коментари. (АФП)