Преспанско Езеро зголемено за 14 сантиметри


Од почетокот на 2021 година, Преспанско Езеро се зголемило за 14 сантиметри и сега е на ниво 842.36. Веста за зголемување на нивото на езерото, на Фејсбук ја сподели градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски. „Секторот за животна средина на Општина Ресен, по извршените мерења ме информира дека од почеток на оваа година нивото на Преспанско […]

Да, тоа беше пуч. Еве зошто


ФИОНА ХИЛ Она што се обиде да го направи Трамп се нарекува „само-преврат“ и тој тоа го направи бавно со јасна идеја   Од минатата среда, луѓето се расправаат како да се нарече она што се случи во американскиот Капитол – дали беше тоа бунт? Востание? Јавно го нарекував пуч, но други не се согласуваат. […]

Нови 520 позитивни, починаа 12 лица


Во последните 24 часа се направени 3.023 тестирања, а регистрирани се 520 нови случаи на Ковид-19 во Македонија, што изнесува 17,2 отсто. Според градови:   – Скопје 231 – Куманово 22 – Дебар 11 – Штип 10 – Прилеп 9 – Тетово 23 – Струга 9 – Велес 20 – Битола 10 – Охрид 22 […]

Технички неисправните возила ќе се одземаат на 90 дена – досега одземени 24 автомобили


Согласно член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој стапи на сила на 26.12.2020 полициските службеници ги одземаат возилата кои се технички неисправни или учествуваат во сообраќајот, а важноста на сообраќајната дозвола им е истечена повеќе од шест месеци (нерегистрирани). Од стапувањето во сила на оваа одредба, до денеска, одземени се 24 […]

Исамедин Азизи нов член на историската комисија за Бугарија


Исамедин Азизи, научен соработник – доцент во Институтот за национална историја е именуван нов член во Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Тој ќе им се приклучи на моменталните членови на комисијата од македонска страна: претседател е академик д-р Драги Ѓорѓиев, член на МАНУ и […]

Македонија оди на СП во ракомет, Чешка се откажа


Македонската ракометна репрезентација ќе игра на Светското првенство во Египет, што стартува утре, откако репрезентацијата на Чешка и официјално се повлече од настапот поради многуте позитивни случаи на Ковид-19 во составот. Чесите не се во можност да имаат конкурентна репрезентација на Мундијалот па затоа денеска одлучија да не патуваат за Египет. Во нивниот состав има […]

Фајзер/БиоНТек произведе 70 милиони вакцини до крајот на 2020 година


САД– „Фајзер“ и неговиот германски партнер „БиоНТек“ произведоа над 70 милиони дози од својата вакцина против Ковид-19 до крајот на 2020 година, изјави денеска извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла. Во интервју за Си-Ен-Би-Ес, тој рече дека до последната недела од 2020 година се произведени повеќе од 70 милиони дози и дека биле распределени околу 50 […]

Владата ќе рефундира средства за набавка на автомобил за лица со инвалидност


Владата денеска усвои Програма за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна инвалидност, лица со умерена, тешка и длабока ментална попреченост за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2021 година. – Оваа […]

Усвоена Програмата за задолжителна имунизација на населението во 2021 година


Владата на денешната 38-ма седница ја прифати Предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението во Северна Македонија за 2021 година во која е содржан план за обезбедување на годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикациии. – Во програмата се опфатени возрасните групи подложни за пoeдини вакцинации, видот […]

Рокот за користење на финансиската поддршка од 6.000 денари продолжен до 31 март


До 31 март е продолжен рокот за користење на финансиската поддршка од 6.000 денари за граѓаните. Одлуката е донесена денеска на 38-та владина седница. – Со ова продолжување на рокот за финансиска поддршка од 6.000 денари, околу 22.000 граѓани на кои им следува оваа финансиска поддршка, а кои не ги ажурираа своите податоци во банките, […]

Пејачката Елена Петреска го победи Ковид-19, јавно се заблагодари за третманот на Инфективна


Поп-пејачката Елена Петреска по две недели поминати во борба со Ковид-19 на Инфективната клиника е дома, а за нејзиното помошта околу нејзиното искуство со вирусот јавно се заблагодари на социјалните мрежи за третманот што го добила во изминатите 14 дена. Петреска која работи во Македонската опера и балет ,лани потврди дека се повлекува од естрадата […]

Влада: Сугарески е нов директор на Царината


Владата на денешната седница го именува Горан Сугарески за директор на Царинската управа. Тој е поранешен пратеник, министер и функционер на СДСМ. Во периодот од 2008 до 2016 година бил пратеник во Собранието на Македонија. Во текот на пратеничкиот мандат, Сугарески бил член на парламентарната делегација за соработка со НАТО, на комисиите за прашања за […]

Сара Климоска прогласена за Европска ѕвезда во подем


Сара Климоска, една од ѕвездите на последниот филм на Милчо Манчевски „Врба“, е прогласена за Европска ѕвезда во подем и наградата ќе ја добие летово во Берлин. Климоска се најде меѓу 10-те најдобри актерски таленти во Европа и е добитник на наградата „Шутинг старс“ (Shooting Stars), што ја доделува платформата Европска филмска промоција (ЕФП). Нивното претставување […]

ЕК: Најмногу вакцини во ЕУ ќе стигнат во вториот квартал на 2021 година


Белгија – Европската комисија го извести Европскиот парламент дека најголемата испорака на вакцини против Ковид-19 во ЕУ се очекува во текот на вториот квартал на 2021 година. Комисијата исто така најави дека платформата на ЕУ ќе започне да работи следната недела, при што земјите-членки известуваат двапати неделно за бројот на примени и употребени вакцини. За време на […]

Ограбена новоотворената ковид-болница во Крушевац


  Од магацинот на новоотворената ковид-болница во Крушевац, соседна Србија непознати крадци однесе ноќеска медицински уреди. Ова го потврди и координаторот на здравствената установа Влада Цветанович, кој вели дека одземени се девет телемедицински системи. Кражбата е забележана утрово, а полицијата извршила увид. На вратата од магацинот нема траги од насилно влегување. Цвијаќновиќ вели дека телемедицинските […]

Нема опасност од поголеми поплави, оценува ЦУК


Нема опасност од поголеми поплави по зголемените врнежи во земјава, оцени денеска Главниот штаб за управување со кризи на својата 10-та седница која се одржа преку видеоконференциска врска. На седницата, како што информираат од ЦУК, освен превземените мерки за справување со кризната состојба прогласена поради Ковид-19, била разгледана и актуелната ситуација со врнежите од дожд. […]

Пентагон води истрага за „домашен тероризам“ – засега на списокот се 25 лица


Најмалку 25 лица се под истрага за обвиненија за тероризам поврзани со опсадата во средата во Капитол, според официјален претставник на одбраната и член на Конгресот. Конгресменот Џејсон Кроу, демократ од Колорадо и поранешен армиски ренџер, рече дека разговарал со армискиот секретар Рајан Мекарти во неделата и му било кажано дека „најмалку 25 случаи на […]

Институт за македонска литература: Заминувањето на академик Старделов непроценлива загуба за нашата книжевна наука и култура


Заминувањето на академик Георги Старделов, чијшто виспрен и прониклив дух со децении ја унапредуваше филозофско-естетичката, книжевно-научната и културолошката мисла во нашата средина, е непроценлива загуба за нашата академска и културна средина, се наведува во соопштението од Институтот за македонска литература при што се изразува длабока жалост по повод неговата смрт и сочувство до неговите најблиски […]

Почина главниот донатор на Доналд Трамп


  Главниот донатор на претседателот на САД, Доналд Трамп, казино магнатот Шелдон Олдерсон, почина во понеделникот на возраст од 88 години. Неговата сопруга Миријам Олдерсон рече дека директорот на Лас Вегас Сендс и извршен директор, починал од компликации настанати поради долгогодишна болест, пренесе Гардијан. „Оваа болка е неиздржлива, со жалење морам да соопштам дека мојот […]