Пентагон води истрага за „домашен тероризам“ – засега на списокот се 25 лица


Најмалку 25 лица се под истрага за обвиненија за тероризам поврзани со опсадата во средата во Капитол, според официјален претставник на одбраната и член на Конгресот.

Конгресменот Џејсон Кроу, демократ од Колорадо и поранешен армиски ренџер, рече дека разговарал со армискиот секретар Рајан Мекарти во неделата и му било кажано дека „најмалку 25 случаи на домашен тероризам се отворени како резултат на нападот врз Капитол“.

Официјален претставник на одбраната рече дека некои војници – во активна и резервна должност – можеби биле вклучени во немирите, а војската ќе ги испита по потреба.

„Постои загриженост дека воени припадници можеби биле вклучени во немирите“, рече официјалното лице.

Оние за кои се води истрага се осомничени за учество во востанието што го затвори Конгресот, додека тој ја официјализираше победата на избраниот претседател Џо Бајден во Изборниот колеџ. „Ние сме ангажирани во идентификување на сите кои учествуваа во упадот во Капитол, без оглед на нивната припадност“, рече во неделата портпаролот на Министерството за правда, Марк Раимонди.

Од Пентагон, исто така, беше побарано да ги испита сите членови кои ќе бидат дел од безбедносните детали за инаугурацијата на 20 јануари за да се осигури дека „немаат симпатии кондомашните терористи“, рече Кроу. (УСА тудеј)