Владата ги обелодени десетте компании заинтересирани за ХЕ „Чебрен“, меѓу нив е и ЕДФ од Франција


Десет големи светски компании од областа на енергетиката и градежништвото поднесоа понуди во фазата за претквалификација за проектот „Чебрен“, односно за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроцентрали на Црна Река, соопшти Владата. Од таму информираат дека Комисијата формирана од Владата во наредниот период ќе изврши евалуација на пристигнатите апликации […]

Франција може да воведе зелени пасоши за вакцина


Франција – Француската Влада во Парламентот проследи закон што им овозможува на оние кои се вакцинирани да имаат пристап до јавен превоз, ресторани, културни институции и други јавни места. Премиерот Жан Кастекс уште во понеделникот го проследил законот за воспоставување на долгорочен систем за управување со вонредни состојби во собраниска процедура, а законот е познат и како „зелен вакцина пасош“, […]

Преспанското Езеро ќе се спасува со 44 милиони денари од буџетот


Вкупно 44 милиони денари ќе бидат одвоени од Буџетот за 2020 година за спас на Преспанското Езеро. Како што информираа денеска владините портпароли, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, соопштувајќи ги одлуките донесени на вчерашната владина седница, парите ќе и бидат одобрени на општина Ресен, а се наменети за активностите на Акцискиот план за Преспанското Езеро. […]

Обврските кон „Костал“ и „Гентерм“ предвреме ќе бидат исплатени, вработиле вкупно над 1.000 лица повеќе од предвиденото


Дирекцијата за технолошко развојни зони (ДТРИЗ) одобри предвремена исплата на обврските на државата кон две странски инвестиции „Костал“ и „Гентерм“, кои порано од предвиденото веќе ги постигнале планираните таргети за вработување и заклучно со крајот на 2020 година само во овие две компании креирани се над 1.000 работни места повеќе од поставените цели. Американската компанија […]

„Не окреќи се, сине“- Шербеџија ја завршува годината со нов албум


Легендарниот југословенски и светски актер Раде Шербеџија, кој со култната улога на Александар во филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, пред повеќе од четврт век беше дел и од големиот меѓународен успех на ремек-делото на македонската филмска уметност, оваа чудна 2020-та година ја завршува со нов албум – „Ne okreći se, sine“, традиционално, во издание […]

Магла на патните правци Тетово-Попова Шапка, Тетово-Скопје и на Ѓавато


Поради појава на магла намалена е видливоста на патните правци Тетово – Попова Шапка од 20 до 30 метри, Тетово – Скопје од 100 до 150 метри и на планинскиот премин Ѓавато до 100 метри, информираат од АМСМ. Од Авто мото сојузот на Македонија додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа […]

Лавров: Москва ќе гради односи во согласност со санкциите на САД


Москва ќе ги земе предвид новите антивирусни санкции наметнати од Соединетите Американски Држави при градењето на своите врски со Вашингтон, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. – Сето ова ќе го имаме предвид во одредени ситуации во врската со водење бизниси со Соединетите држави, кои во целост се покажаа како несигурен партнер, а исто така, ова […]

Владата нема информација дека за влез во Косово е неопходен ПЦР тетст


Владата нема информација дека за влез во Косово е неопходен ПЦР тетст, соопшти денеска портпаролот Муамет Хоџа. Доколку таква информација пристигне, јавноста, рече Хоџа, ќе биде веднаш информирана. -Се уште официјално не сме известени дека за Косово е потребен ПЦР тест. Немаме известување за ваква одлука од страна на Косово или од нашите власти. Ако […]

Жителите на студентските домови никогаш не учествуваат во носење одлуки за домовите


Во текот на 2020 година Младински образовен форум работеше на истражување за студентскиот стандард во државните студетски домови „Пелагонија“ – Скопје, „Кочо Рацин“- Штип и „Браќа Миладиновцки“- Битола. Како живеат станарите во студентските домови, колку се задоволни од квалитетот на живот и дали препознаваат односно знаат каде да пријават корупција се прашањата кои беа во […]

Изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско ќе се интензивира следната година, најавува Бочварски


Градежните активности за изградба на експресниот пат Прилеп-Градско ќе се интензивираат следната година. За првата делница од Градско до Дреново веќе е завршена постапката на преземање на градежните работи од страна на новиот изведувач, а за втората делница од Дреново до Фариш веќе е распишан тендер кој е во фаза на евалуација. Министерот за транспорт […]

Како успеја Бугарија прва да ни вети вакцини за короната?


Додека во Србија од вчера пристигнаа вакцини, во Македонија се уште не се знае кога ќе стигнат и колку, од Бугарија или од другите механизми, како донација, како помош или како купени со наши пари. И портпаролот на Владата, Димче Арсовски, на денешната прес конференција не даде  деталји околу прашањето што ја запали јавноста, особено […]

Ново зелено катче во Карпош 2


  На аголот помеѓу булеварот „Илинден“ и улицата „Никола Тесла“, до гимназијата „Орце Николов“, редизајнирана е зелената површина и целосно е уреден првиот сквер согласно со потребите на граѓаните за одмор, релаксација, дружење и сл. Целиот простор е облагороден со различни видови листопадни и зимзелени садници. Во едниот дел од скверот е оформено детско катче […]

Со повеќе од 2 милиони евра ќе се спасува Преспанското Езеро во следните пет години


На вчерашната, 32 седница, Владата го усвои Акцискиот план за Преспанското Езеро на Министерството за животна средина и просторно планирање подготвено од воспоставената Експертска работна група (ЕРГ).   Акцискиот план содржи сет на мерки кои се детално елаборирани, со утврден приоритет и дефинирана временска рамка на спроведување, пропратени со проектирани финансии потребни за нивната имплементација. […]

Вирусот од Велика Британија можеби стигнал во Хонг Конг, соопштија локалните власти


Двајца студенти кои се вратиле од Велика Британија во Хонг Конг, изгледа дека се заразени со новиот вид на коронавирусот, откриен во островската земја, соопштија денеска здравствените власти во Хонг Конг. Според Одделот за заразни болести на Центарот за здравствена заштита на Хонг Конг, во лабораторија со генетското секвенцирање на двете увезени инфекции било открило дека се […]

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 31 пациент, вкупно се лекуваат 476


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 31 нов пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 476 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 11 приеми и тоа по двајца пациенти […]

Изјавата дека кај три банки има исти дејствија како во Еуростандард се однесувала на 2007 до 2012 година


Во врска со дадените Изјави од страна на Директорот на Управата за финансиска полиција при гостувањето во емисијата на ТВ 24, на ден 22.12.2020 година, кои се однесуваа на водење на преистражни постапки кон други банки за начинот на нивно постапување во врска со издадени кредити го даваме следното појаснување: Дадената изјава воопшто не се […]

Викендов снег на повисоките населени места


 Снег на повисоките населени места во западните и северните делови, се очекува за време на викендот. Од УХМР информираат дека до петок ќе биде стабилно времето, а од петок попладне до недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на планините со снег. Поради продор на студена воздушна маса од север во сабота кон […]

Во Хрватска уште 2.763 новозаразени, починаа 66 пациенти


Во последните 24 часа забелеажни се 2.763 нови случаи на заболени со корона вирус, а бројот на актвини во Хрватска изнесува 15.957. Од нив, 2.843 пациенти се лекуваат во болница, а 291 пациент се на респирато. Починаа 66 лица, односно од почетокот на епидемијата досега од Ковид-19 во Хрватска починаа 3.394 пациенти. Досега во Хрватска […]

Ѓоргиевски: 43 проценти од буџетот на новата Еразмус програма ќе биде наменет за високо образование


 „Како да се зборува со младите генерации“ е насловот на конференцијата што денеска се одржува во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. На конференцијата воведно обраќање имаше в.д. директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Марко Ѓоргиевски кој посочи дека се во исчекување на Еразмус чаптерите за новата […]