Маск предупреди дека акциите на „Тесла“ се прескапи


Извршниот директор на „Тесла“, Елон Маск предупреди дека акциите на компанијата се прескапи, но тоа не го спречува производителот на автомобили да ги монетизира своите спектакуларни добивки. Имено, компанијата „Тесла“ навести дека ќе има продажба вредна до 5 милијарди долари во дополнителни акции, што е втора ваква најава за неколку месеци. Вредноста на акциите на […]

Затворен угостителски објект во Жеровјане, приведени повеќе лица


Затворен е угостителски објект во тетовско Жеровјане во кој синоќа надвор од дозволеното време биле затекнати 40-ина гости, а при акцијата на полицијата се приведени сопственикот и уште неколку лица, поради непочитување на мерките за справување со коронавирусот и поради пронајдена дрога. Во угостителски објект во село Жеровјане,тетовско, синоќа во 22.35 часот, при спроведена акциска […]

Во Русија за еден ден повеќе од 28 илјади новозаразени од Ковид-19


 Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 28.137 новоинфицирани лица, од почетокот на епидемијата вкупно 2.625.848, а зголемувањето на новозаболените не надминува 1,1 процент, соопшти денеска рускиот кризен штаб. Бројот на смртни случаи исто така се намали во споредба со претходниот ден и изнесува 560, со што вкупниот број е 46.453, објави агенцијата ТАСС. […]

Со договорот за буџетот на ЕУ се деблокираа и парите за Западен Балкан


Со постигнувањето договор за буџетот на Европската унија ќе се овозможи и реализирање на најавената помош за земјите од Западен Балкан, во износ од 9 милијарди евра за надминување на последиците од пандемијата, пишуваат порталите во регионот. Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, во четвртокот ги повика балканските држави итно да ги спроведат неопходните […]

ДИК: Гласањето за изборите во Штип и Пласница без проблеми


Сите гласачки места во казнено поправните установи за предврмените избори за градоначалник на општините Штип и Пласница се отворени утрово во 7:00 часот и гласањето таму ќе трае до 19:00 часот. До овој момент гласањето тече без никакви проблеми, соопшти Државната изборна комисија.  На гласачките места во  казнено поправните установи на територијата на РСМ своето гласачко право […]

Иранските власти извршија смртна казна над новинар


Иранските власти извршија смртна казна над новинарот Рухолах Зам (47), кој со своите текстови ги инспирирал протестите во Иран во 2017 година. Како што пренесуваат странските агенции, егзекуцијата се случила рано утрово, откако прогонетиот Зам се вратил во Техеран под мистериозни околности. Иранскиот суд му ја изрече најтешката казна на новинарот во јуни годинава и […]

Инспекцијата ќе ја спречува предновогодишната еуфорија


Идната недела ќе се одлучува дали ќе се скрати дополнително работното време на угостителските објекти пред новогодишните празници. Со цел да нема собири и прослави највени се засилени контроли од Инспекцискиот совет. Засилени инспекциски контроли во угостителските објекти во пресрет на новогодишните празници најавија од Инспекцискиот совет . -Инспекциските служби не учествуваат во процесот на […]

Роберт Кох: Во Германија 28.438 новозаразени, вкупно еден милион и 300 илјади


Германија – Бројот на потврдени случаи на заразени со коронавирус во Германија е зголемен за 28.438 на 1.300.516, според денешните податоци на институтот Роберт Кох. Од Ковид-19 починаа уште 496 лица починаа, со што вкупниот број починати од почетокот на епидемијата изнесува 21.466 лица. 

Бугарскиот амбасадор Ангелов со сопругата донираа прехранбени пакети на дневниот центар „Доза среќа“


Бугарскиот амбасадор во Северна Македонија Ангел Ангелов и неговата сопруга Билјана Ангелова донираа прехранбени пакети за триесет домаќинства, во рамки на дневниот центар „Доза среќа“ во Скопје. Како што соопшти бугарската Амбасада, Центарот е специјализиран за работа со деца со Даунов синдром, а помошта е обезбедена со одлука на Советот на министри на Бугарија на […]

Во Хрватска стапија на сила новите мерки за бројот на купувачи во продавниците и трговските центри


Хрватска– Во Хрватска на полноќ стапија на сила новите мерки на Штабот за цивилна заштита, кои се однесуваат на намалување на бројот на купувачи и посетители во продавниците и трговските центри. Според новите правила, продавниците што имаат простор до 10 метри квадратни можат да имаат по еден клиент, додека продавниците од 11 до 100 метри квадратни […]

Светска банка ни одобри заем од 21,5 милиони евра за подобрување на основното образование


САД – Светска банка одобри нов проект, во вредност од 21,5 милиони евра, со кој ќе се обезбеди поддршка за учениците во основното образование во државава, вклучувајќи ги Ромите, девојчињата и другите маргинализирани групи, преку воведување на подобри услови за учење и преку подобри училишта. Со проектот ќе се поддржи и спроведување современ систем за професионален развој […]

Вакцината на „Фајзер“ одобрена за итна употреба во САД


САД– Американската агенција за храна и лекови (ФДА) издаде дозвола за итна употреба на вакцината против Ковид-19 од американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и германската „Бионтек“. Си-Ен-Ен потсетува дека оваа вакцина покажала ефикасност од 95 отсто, дека првите вакцинации ќе започнат во наредните денови и дека терминот „за итна употреба“ значи дека може да се користи во итни […]

Линдзи Вон: Без Федерер, спортот никогаш нема да биде ист, за мене тој е најдобриот играч на сите времиња


САД – Олимписката шампионка во алпско скијање, Линдзи Вон искажа голема почит кон швајцарскиот тенисер Роџер Федерер. – Роџер сака да остане во спортот што е можно подолго. Јас исто така се однесував кон скијањето, но во одреден момент телото рече: „Не, ова е премногу“. Не знам во која фаза е сега тој, но сигурен сум […]

Поради короната, повторно научивме да одиме пеш


Короната не натера повторно да одиме пеш и да се свртиме кон природата. Соочени со пандемија, луѓето почнаа се почесто да пешачат и да се свртуваат кон природните  убавини, се враќаат на некои подзаборавени вредности. Вака со мене го започна разговорот, Сретен Давидов, неготинец кој докторираше на електротехнички науки и беше избран за најдобар млад […]

Слаби врнежи од снег на Ѓавато, магла на Стража


Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на планинскиот премин Ѓавато, но без пречки во одвивањето на сообраќајот. Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Стража е намалена на 50 – 70 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е […]

„Апчиха!“ – нов мурал на Бенкси во Бристол


Англија– Бенкси потврди дека стои зад новото уметничко дело на кое се гледа стара жена како силно кива додека нејзините протези излетуваат од уста. Муралот, кој анонимниот уличен уметник го нарече „Апчиха!!!“, се појави на ѕидот од куќа во Тотердаун, предградие на британскиот град Бристол. Бенкси заслугата за делото ја презеде преку својата официјална веб-страница и […]

Во Штип гласаат болните, немоќните, осудениците и станарите на геријатриските домови


Во Штип денеска на изборите за градоначалник на Општина Штип правото на глас го остваруваат болните и немоќни лица, осудениците во петте казнено-поправни институции и станари на геријатриските домови во земјава, кои се жители на Општина Штип. Претседателката на Општинска изборна комисија (ОИК)-Сенка Андреева вели дека денеска избирачките одбори ќе посетат 66 болни и немоќни […]

Ќе овозможи ли новиот закон подобра заштита на жените жртви на насилство?


Насилството врз жените, вклучувајќи го насилството во семејството, претставува кршење на човековите права на жртвите и пречка за остварување на нивните фундаментални слободи и права, но и проблем со кој се соочува не само земјава, туку и останатите земји во светот, а кој бара систематизиран пристап за превенција и заштита. Меѓу другото, неоходно е разбивање […]

Комерцијална банка ќе прифаќа фактури по електронски пат


Со цел избегнување на ризиците од вирусот Ковид-19 и согласно одредбите од член 53-в од Законот за данокот на додадена вредност, Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите деловни партнери дека e согласна за прием на фактури пратени по електронски пат до 31.12.2021 година. Фактурите пратени по електронски пат треба да се доставуваат исклучиво на […]

Позициите на Скопје и Софија засега без поместувања, за деблокада на ветото да се бара решение преку Договорот за добрососедство


Бугарија – Враќање на преговарачката маса на Скопје и на Софија и на темелите на Договорот за добрососедство, модерирање на процесот на почнување на пристапните преговори со Северна Македонија, принцип консензус минус еден за одлуките на ЕУ, се дел од упатените предлози вчера, како продолжение на реакциите од изминатите денови по ветото на преговарачката рамка на […]