Маск предупреди дека акциите на „Тесла“ се прескапи


Извршниот директор на „Тесла“, Елон Маск предупреди дека акциите на компанијата се прескапи, но тоа не го спречува производителот на автомобили да ги монетизира своите спектакуларни добивки.

Имено, компанијата „Тесла“ навести дека ќе има продажба вредна до 5 милијарди долари во дополнителни акции, што е втора ваква најава за неколку месеци.

Вредноста на акциите на „Тесла“ скокна за 677 проценти оваа година, а Маск уште во мај објави дека цената на акциите на „Тесла“, според него, е „превисока“.

За разлика од претходните периоди, на „Тесла“ сега не ѝ требаат очајно пари. На крајот на септември тие имаа на располагање 14,5 милијарди долари, повеќе од двојно на почетокот на годината.

Наместо тоа, продажбата на акции се чини дека е обид профитот од хартија да се претвори во вистински пари, со оглед на тоа што проценката на компанијата достигна 600 милијарди долари за прв пат оваа недела, пренесува Банкар.рс.

„Веруваме дека ова е паметен потег во вистинско време за Маск и за компанијата“, рече аналитичарот на „Ведбуш Секјуритис“, Даниел Ајвс.

На крајот на краиштата, „Тесла“ има голем број високи трошоци. Се градат нови погони во Германија и околу Остин, Тексас. Покрај тоа, во тек е работа за лансирање на камион и полу-трактор за прв пат.

Маск во вторникот откри дека тој всушност се преселил од Калифорнија во Тексас, велејќи дека верува оти државата Калифорнија започнала да ги зема здравите за иноватори здраво за готово. Исто така, треба да се има предвид дека Тексас не наплатува данок на приход на државата или данок на капитална добивка за физички лица, што е потенцијален благодет за вториот најбогат човек во светот.

Споменатата федерална држава е центар на технолошките иноватори веќе подолго време, но таа почнува да подлегнува на притисокот. Претходно овој месец, компанијата за информатичка технологија „Хјулит Пакард Ентерпрајз“ објави дека ќе се пресели од Калифорнија во Тексас. Софтверската компанија „Палантир“, која е критичар на културата на таканаречената Силиконска долина, неодамна исто така го премести своето седиште од Пало Алто во Денвер (Колорадо).

Седиштето на „Тесла“ е сè уште во Калифорнија, како и компанијата што го произведува вселенското летало Спејс Х (исто така во сопственост на Маск) – иако Маск годинава се судри со официјалните лица за затворањето на фабриката на „Тесла“ во Фремонт за време на пандемија на корона вирусот.