Во Русија за еден ден повеќе од 28 илјади новозаразени од Ковид-19


 Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 28.137 новоинфицирани лица, од почетокот на епидемијата вкупно 2.625.848, а зголемувањето на новозаболените не надминува 1,1 процент, соопшти денеска рускиот кризен штаб.

Бројот на смртни случаи исто така се намали во споредба со претходниот ден и изнесува 560, со што вкупниот број е 46.453, објави агенцијата ТАСС.

Во последните 24 часа се излекувале уште 26.118 пациенти со Ковид-19, вкупно 2.085.958 од почетокот на пандемијата.