И во 2021 ќе има ваучери за туризам


Мерката ваучери за домашен туризам ќе продолжи и следната година за што веќе се обзбедени средства во предлог-буџетот на Министерството за економија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во дебатната емисија „И што сега“ на Националната телевизија. Министерот кажа дека досега се искористени 46.000 ваучери за домашен туризам, а податоците од Државниот завод за статистика […]

Битиќи: Целиме кон исполнување на обврските од Зелениот договор


Владата тргна храбро во енергетска транзиција. Целиме да ги исполниме обврските од Зелениот договор 2050 на ЕУ, порача вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на попладневниот панел што се одржа во рамки на Македонскиот енергетски форум 2020. Во своето обраќање, Битиќи посочи дека во последните три години Владата ја насочила […]

Бектеши: Продолжен рокот за аплицирање за грантови за туристичките агенции, ресторани за свадба, игротеки и ноќни клубови


Министерството за економија донесе одлука за една недела да го продолжи рокот за аплицирање за јавните повици за грантови за туристичките агенции, игротеките, рестораните за свадби, ноќните клубови, туристичките водичи како и за поврат на туристичка такса, кои се дел од Четвртиот сет мерки на Владата за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор. Министерот за економија Крешник […]

Од Ковид-19 почина Рефик Зенку, дописник на МИА


Од последици на Ковид-19 денеска почина Рефик Зенку, дописник на Медиумската информативна агенција. Зенку беше дописник за МИА од Кичево во изминатите девет години. За настаните во Кичево и околината известуваше до последен момент, додека не беше дијагностициран од коронавирусот. Зенку три недели се бореше со коронавирусот и се лекуваше во болницата „8ми Септември“. Вчера […]

Словенец со години го криел телото на покојната мајка поради пензијата


Словенечката полиција уапси 67-годишен маж, кој повеќе години го криел телото на покојната мајка, тврдеји дека е жива, за да ја добива нејзината пензија. Полицијата била алармирана од роднини на жената, која би имала 97 години, кои барале да ја посетат, а нејзиниот син постојано одбивал. Телото на починатата жена било пронајдено во станот на […]

Филипче на работен состанок со колегите од хируршките клиники и ковид центите на интерните клиники


Министерот за здравство  Венко Филипче попладнево се сретна со Александар Трајановски, директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и со директорите на ковид центрите од комплексот „Мајка Тереза“. – Оваа средба беше редовна коориданција околу отворањето на новите болнички капацитети за ковид пациенти во склоп на […]

Затворен ГП „Евзони’ поради штрајк


Денеска, раководителот на смена во полициската станица за граничен премин и ГН „Богородица“ е информиран од раководител на смена на ГП „Евзони“ дека поради 24- часовен штрајк на грчките царински служби, ГП „Евзони“ ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 5 часот на 24.11.2020  до 5 часот на 25.11.2020 година.

(Видео) Девојче падна од трети кат на куп снег, стана и замина


  Неверојатна сцена се одиграла во саботата вечерта во рускиот град Томск откако девојче на возраст од шест годни паднало од терасата од третиот кат, но благодарение на длабокиот снег на тревникот, преживеа и не се здоби со сериозни повреди. Падот го снимиле безбедносните камери од соседниот влез, па снимката стана вирална на социјалните мрежи […]

Ковачевски: Времено се откажуваме од инвестиции во Белене, се насочуваме кон Александропулос


Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски попладнево обелодени дека времено државата се откажува од инвестиции во бугарската нуклеарна централа Белене и се насочува кон инвестиции во гасна електрана во Александропулос. Во видео обраќање на Македонскиот енергетски форум, Ковачевски истакна дека со инвестицијата во Александропулос се очекува да се подобрат перформансите на компанијата во поглед […]

Руски селани пиеле разреден антисептик – починале седуммина, двајца се во кома


  Седум луѓе починаа во саботата, а уште двајца се во кома во понеделник во руската република Јакутија на крајниот исток, откако испиле разреден антисептик. Во саботата властите соопштија дека на девет мештани на селото Томтора им се слошило откако испиле течен антисептик кој го купиле во селската продавница, а има широка примена од избивањето […]

Брнз: Влезот на Северна Македонија во ЕУ го гледаме како заеднички интерес


Се надеваме дека Северна Македонија ќе продолжи со процесот на пристапување кон Европската Унија. Многу јасно ја кажавме нашата желба да ја видиме првата меѓувладина конференција до крајот на годината. Влезот на Северна Македонија во ЕУ го гледаме како заеднички интерес, изјави американската амбасадорка Кејт Мари Брнз во интервју за телевизија Телма. Според, Брнз, билатералните […]

Во Албанија 795 новозаразени,388 оздравени и 17 починати од Ковид-19


Во Албанија во последното деноноќие регистрирана е висока бројка на новозаразени и рекоден број починати. -Во изминатите 24 часа, од 2.352 тестирани сомнителни случаи, корона вирусот е дијагностициран кај 795 лица што е 34 отсто од тестраните,што е највик процент на позитивни од тестираните. Во исто време регистрирана е највисока бројка на починати или 17, […]

Во Грција регистрирани 1.388 нови случаи, починаа 84 лица од Ковид-19


Намален е бројот, како на новозаразени, така и на смртни случаи во Грција во изминатите 24 часа, според официјалните податоци соопштени на редовната прес конференција во Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Регистрирани се 1.388 нови случаи, а починаа 84 лица, додека пак 549 лица се приклучени на апарати, девет […]

Берово со нови мерки откако за еден ден беа регистрирани 23 новозаболени


Општинскиот кризен штаб во Берово донесе нови мерки и препораки по зголемениот број на позитивни лица со Ковид-19 на територија на општината. На состанокот што се одржа на иницијатива на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, беше презентирана фактичката состојба, прогресот на болеста и мерките за превенција и заштита кои ги презема општината. Пекевски истакна дека […]

Клучни информации за дел од досегашните вакцини против Ковид-19


Трката за вакцина против Ковид-19 се засилува со тројца главни кандидати што сега пријавуваат стапки на ефикасност поголема од 90 отсто. Здравствените експерти велат дека светот не може целосно да се врати во нормала се додека широко не се дистрибуира вакцината за новиот коронавирус. Но, секоја потенцијална вакцина има свои нијанси и веројатно ќе бидат […]

Републиканци побараа од суд во Пенсилванија да ги блокира резултатите од претседателските избори


Републиканците во Пенсилванија поднесоа итна тужба до државниот суд за блокирање на потврдувањето на резултатите од претседателските избори кои беа во корист на новоизбраниот шеф на државата Џо Бајден, јави Блумберг. Окрузите имаат рок да ги потврдат резултатите подоцна денеска, по што државниот секретар може да ги потврди резултатите на национално ниво. Во саботата, федерален […]

Во Босна и Херцеговина висок број починати од Ковид-19, дури 66, новозаразени 547


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се само 1.390 примероци на корона вирус, од кои позитивни се 547. Но, починаа 66 пациенти со Ковид-19. Во Федерацијата тестирани се 983 примероци, а 362 биле позитивни на вирусот. Досега се тестирани 263.147 примероци, а позитивни на корона вирус биле 51.320 луѓе. До денеска […]

Захариева го обвини Богојески дека предлага депортација на македонски Бугари, тој ѝ возврати дека има помрачен ум


Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во гостување на една бугарска телевизија го обвини Петар Богојески дека предложил депортација на македонските Бугари од Македонија во Бугарија. Таа додаде дека такво нешто немало уште од времето на Сталин. Богојески на Захариева ѝ одговори саркастично дека „може да ѝ ја исполни желбата, но нема железница […]

Тотенхем со загуба од 85,4 милиони долари во претходната сезона


Англискиот фудбалски клуб Тотенхем денеска објави дека изгубиле 85,4 милиони долари во претходната сезона. Како што се наведува, загубата настанала како последица на пандемијата на новиот коронавирус и недостатокот на приходи од продажба на билети. Заклучно со 30 јуни, лондонскиот клуб имаше вкупен приход од 533 милиони долари во сезоната, што е за 80 милиони […]

Ковид-19 одзеде уште 35 животи, најмладиот на 43 годишна возраст. Позитивни 387 лица


Нови 387 случаи на заболени од Ковид -19 се потврдени од направени 1.176 тестирања во изминатите 24 часа. Најголем број повторно се од Скопје -174, а двоцифрени бројки на заболени има во Гостивар -56, Тетово -26, Битола – 20, Штип -19, Куманово -17 и Велес и Прилеп по 12. Министерството за здравство попладнево информира дека […]