Во Босна и Херцеговина висок број починати од Ковид-19, дури 66, новозаразени 547


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се само 1.390 примероци на корона вирус, од кои позитивни се 547. Но, починаа 66 пациенти со Ковид-19.

Во Федерацијата тестирани се 983 примероци, а 362 биле позитивни на вирусот.
Досега се тестирани 263.147 примероци, а позитивни на корона вирус биле 51.320 луѓе.

До денеска од Ковид-19 оздравеле 31.615 пациенти во Федерацијата, а активни се 18.314 случаи.

Пријавени се нови 37 смртни случаи, со што вкупната бројка се искачи на 1.391.

Република Српска за 24 часа тестираше 407 луѓе, а позитивни биле 181.

Пријавени се и 26 смртни случаи од последиците од корона вирусот или вкупно од почетокот на пандемијата 886.

Досега се потврдени 27.726 случаи на корона вирус, а оздравеле 13.533 лица.

Во Брчко регистрирани се четири нови случаи со Ковид-19, а починаа тројца пациенти.