Затворен ГП „Евзони’ поради штрајк


Денеска, раководителот на смена во полициската станица за граничен премин и ГН „Богородица“ е информиран од раководител на смена на ГП „Евзони“ дека поради 24- часовен штрајк на грчките царински служби, ГП „Евзони“ ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 5 часот на 24.11.2020  до 5 часот на 25.11.2020 година.