(Видео) Девојче падна од трети кат на куп снег, стана и замина


 

Неверојатна сцена се одиграла во саботата вечерта во рускиот град Томск откако девојче на возраст од шест годни паднало од терасата од третиот кат, но благодарение на длабокиот снег на тревникот, преживеа и не се здоби со сериозни повреди.

Падот го снимиле безбедносните камери од соседниот влез, па снимката стана вирална на социјалните мрежи затоа што на сите им е неверојатно како девојќето станува и заминува.

Сепак, тоа било пренесено во болница, каде вечерта ја поминало во испитувања кои покжале дека има благ потрес на мозокот и лесни телесни повреди, но без скршеници.

Останала ноќта на интензивна нега, а другиот ден е префрлена на редовно одделение.

Локалните медиуми јавуваат дека загрижен сосед повикал итна помош откако го видел падот. Мајката ја оставила неа сама дома, а за среќа избегнати се фатални последици.

https://youtu.be/FPJRpLxt_28