По 20 години војна, САД им го оставаат Авганистан на талибанците


Речиси две децении откако САД извршија воздушни напади против талибанскиот режим во Авганистан и ја започнаа најдолгата војна на Америка, тврдокорната група е во посилна позиција од кога било. Инвазијата што следеше по ударите на 7 октомври 2001 година, брзо ги симна од власт екстремистите кои ја засолнија Ал Каеда, групата што ги изврши нападите […]

Фаучи гневен поради „сечен и лепен“ изборен спот на Трамп


Водечкиот американски виролог Антони Фаучи е гневен поради рекламен спот на изборниот тим на Доналд Трамп, во кој е цитиран без дозвола и со изјава за борба против корона-пандемијата извадена од контекст   Во својата речиси петдецениска служба, никогаш не сум поддржал јавно некој политички кандидат, изјави 79-годишниот експерт. Спотот од 30 секунди содржи снимка […]

Над десет милиони Американци веќе гласаа на претседателските избори во САД


Повеќе од 10 милиони Американци веќе гласаа на претседателските избори на 3 ноември по пошта или со првично гласање. „Гласачите дадоа вкупно 10.296.180 гласачки ливчиња“, што е рекорд, објави американскиот Проект за избори на Универзитетот во Флорида на својата веб-страница. Гласачите во американската држава Џорџија беа принудени да чекаат во долги редици пред избирачките места […]

Чешка ги затвора рестораните и преминува на онлајн настава


Чешка – Чешката Влада ќе ги затвори баровите, рестораните и клубовите од утре, 14 октомври до 3 ноември и ќе воведе учење на далечина во повеќето училишта, како дел од новите мерки што ги воведува за запирање на брзото ширење на коронавирусот во земјата. Чешка бележи најголем раст на бројот на заразени со Ковид-19, при што […]

„Вондер Вуман“ Гал Гадот е новата филмска Клеопатра


САД– Студиото „Парамаунт“ објави дека победило во наддавањето за правата за снимање римејк на историската класика „Клеопатра“, а во насловната улога ќе биде израелската актерка Гал Гадот. Освен „Парамаунт“, за овој филм силно биле заинтересирани и „Ворнер брос“, „Епл“, „Нетфликс“ и „Јуниверзал“. Филмот ќе го режира Пети Џенкинс, со која Гадот соработуваше на двата дела […]

„Џонсон и Џонсон“ го прекина клиничкото испитување на потенцијална вакцина против Ковид-19 поради несакани ефекти врз пациент


САД – Американската компанија Џонсон и Џонсон привремено го прекина клиничкото испитување на потенцијална вакцина против новиот коронавиру поради необјаснета болест на учесник во студијата, објави компанијата. Болеста на учесник на тестот, ја испитува независен одбор за набудување на податоците и безбедноста. Во соопштението се посочува дека таквите паузи се вообичаени за време на големите истражувања […]

Драматично опаѓа подготвеноста на Американците да примат вакцина против новиот коронавирус


САД– Според најновата анкета на Галуп, подготвеноста на Американците да примат вакцина против новиот коронавирус се намали на 50 отсто кон крајот на септември. Тоа е драматичен пад од 11 поени од претходниот месец. Републиканците сега се повеќе подготвени да бидат вакцинирани, додека демократите и независните станаа се посомничави.Тие резултати ги следат најавите на претседателот […]

За првпат од падот на комунизмот Полјак добил политички азил во Норвешка поради политички прогон


Норвешка– Норвешка одобри азил на полски државјанин кој е осуден на затворска казна за фалсификат и измама. Сепак, Полјакот се пожали дека казната е форма на политички прогон од страна на владата на централноевропската земја. Случајот на Рафал Хавел е првиот во кој на Полјак му е даден политички азил од падот на комунизмот во […]

Огромни загуби на канадските универзитети поради Ковид-19


Канада– Канадските универзитети би можеле да загубат 3,4 милијарди долари оваа година поради пандемијата на коронавирусот, најмногу поради намалувањето на бројот на странски студенти, нагласува канадската Агенција за статистика. Во извештајот, од статистичката служба на Канада беше побарано да ги процени загубите во универзитетскиот буџет за академската 2020-2021 година. Школарините заземаат поголем удел во приходите на […]

СЗО: Слободно циркулирање на Ковид-19 „не е опција“


Швајцарија – Светската здравствена организација (СЗО) смета дека е незамисливо да се дозволи слободно циркулирање на Ковид-19 за да се постигне колективен имунитет. – Никогаш во историјата на јавното здравство не бил користен имунитет на стадо како стратегија за одговор на епидемија, а уште помалку пандемија. Тоа е научно и етички проблематично, нагласи на прес-конференција генералниот […]

Надлежната обвинителка ќе ги предложи казните за раководството и членовите на Златна зора


Грција– На денешното 458-мо рочиште од почетокот на судскиот процес против Златна зора, надлежната обвинителка се очекува да ги соопшти предлозите за висината на казните за обвинетите поранешни пратеници, членови, но и лидерот на партијата, јави дописничката на МИА од Атина. По предлогот на обвинителката за казните, збор повторно ќе имаат адвокатите на осудените, а […]

Ватикан отвора во Рим прифатен центар за бегалци


Ватикан– Зграда во Рим, што им припаѓа на монахињи, ќе биде претворена во прифатен центар за шеесетина бегалци, соопштија од Ватикан. Полскиот кардинал Конрад Крајевски, кој е задолжен за добротворните активности на папата Франциск и кого италијанскиот печат понекогаш го нарекува папа „Робин Худ“, во соопштение нагласува дека центарот ќе прима жени и деца во првите […]

ММФ: Климатските промени се голема закана за глобалниот раст


САД– Климатските промени претставуваат голема закана за глобалниот раст, предупреди шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева. На состанокот за климатски промени таа нагласи дека средствата потрошени за борба против Ковид-19, исто така, треба да бидат потрошени за зелени инвестиции. Според неа, со тоа може да се зголеми БДП во просек за 0,7 проценти во […]

Претставници на компании од градежништвото на средба со министерот Бочварски


Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи работна средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Како што соопшти Комората, целта на работната средба е да се отвори дискусија за идните проекции за инвестициите во инфраструктурата, реализацијата на капиталните проекти, потребата и динамиката за […]

Ретроспективна изложба на Павле Кузманоски во Чифте амам


Ретроспективна изложба на авторот Павле Кузманоски од Тетово ќе биде отворена вечер во Чифте амам. Од Национална галерија на Република Северна Македонија информираат дека официјалното отворање на изложбата е закажано за 18:30 часот со почитување на протоколот за социјална дистанца. Изложбата ќе биде отворена до 23 октомври. Куратор на проектот е Љупчо Маленков, виш кустос […]

По координацијата со Џафери појасна слика за натамошната работа на Собранието


Како ќе се одвива работата во Собранието по откривањето во јавноста дека двајца пратеници се позитивни на Ковид-19 и имајќи предвид дека владејачките партии со нивното отсуство на пленарните седници немаат мнозинство, веројатно ќе се знае по денешната координативна средба со претседателот на Собранието Талат Џафери и со почетокот на седницата закажана за напладне. Од […]

Владата ќе работи онлајн, се очекува да ги усвои новите мерки против ширење на заразата


Владата денеска треба да одржи онлајн-седница на која се очекува да ги усвои новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести за да се спречи ширење на заразата поради големиот број инфицирани од коронавирусот. Предложено е да се забрани групирање во домовите на семејни прослави, со тоа што во едно живеалиште ќе може да се […]

Бугарија ризикува да падне во изолација во ЕУ со вето на преговорите на С. Македонија


Евентуално вето од Софија на преговорите на С Македонија би било апсурдно бидејќи е спротивно на официјално декларираната политика на Бугарија за поддршка на евроинтеграциите на Западен Балкан, оценка од бугарската експертска фела, а од Парламентот порака дека во надминувањето на недоразбирањата меѓу двете земји може да помогнат и законодавните домови. Бугарскиот политички аналитичар Иван […]

Активни случаи со Ковид-19 во земјава се 4015, да се почитуваат мерките за заштита


Нови 177 случаи со Ковид-19 од 778 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починати се пет пациенти од кои еден од Тетово (67 г.), еден од Струмица (87 г.), еден од Крива Паланка (68 г.) и двајца од Кочани (70 г. и 73 г.). Вкупниот број Ковид […]

Облачно со дожд и ветер


Времето претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во источните делови ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена. Во Скопје, […]