„Вондер Вуман“ Гал Гадот е новата филмска Клеопатра

САД– Студиото „Парамаунт“ објави дека победило во наддавањето за правата за снимање римејк на историската класика „Клеопатра“, а во насловната улога ќе биде израелската актерка Гал Гадот. Освен „Парамаунт“, за овој филм силно биле заинтересирани и „Ворнер брос“, „Епл“, „Нетфликс“ и „Јуниверзал“.

Филмот ќе го режира Пети Џенкинс, со која Гадот соработуваше на двата дела на „Вондер Вуман“, додека главниот женски тим го комплетира сценаристката Лаета Калогридис.

„Неверојатно сум возбудена што добив можност да ја раскажам приказната за Клеопатра, веројатно најславната македонска Гркинка во историјата“, изјави Калогридис.

Најпознатата филмска Клеопатра досега е Елизабет Тејлор. Филмот од 1963 година освои четири оскари и беше голем хит во кината, но речиси го доведе студиото „20 сенчури фокс“ до банкрот.