Во сообраќајка тешко повреден малолетник од Скопје


Пешак на возраст од 15 години од Скопје вчера попладне се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил. Како што соопшти МВР, вчера во 16:30 часот било пријавено дека во Скопје на булевар „Александар Македонски“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.В. од Крива Паланка удрило во […]

Светски ден на операта: Операта е плод на вечниот предизвик да се соединат во хармоничен брак музиката и драмата


Операта е плод на вечниот предизвик да се соединат во хармоничен брак музиката и драмата, инспирација на најголемите композитори на сите времиња, да ги спојат највозвишените уметнички изрази во еден комплексен ентитет и пред вечната публика, преку чудесниот јазик на музиката и моќта на зборот, да ги изведат на сцена, милениумските митови за природата на […]

Анталија – на листата на светски топ дестинации, миленичка на Ататурк (репортажа)


Анталија се смета за „рај на земјата“, нарекувана е бисер на Медитеранот и центар на турската ривиера. Сите овие метафори се заслужени благодарение на прекрасната природа, тиркизното море, жолтите песоци, смарагдните борови шуми кои го опшиваат градот и блиската планина Таур (Торос) која се огледа во морските води. Тука се и бројните пештери, водопади, национални […]

Штефица Ујчиќ од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ e просветен работник на годината


Признанието просветен работник на годината за учебната 2019/2020 го доби професорката по физика Штефица Ујчиќ од кумановската гимназија „Гоце Делчев“. Професорката Ујчиќ работи од 1983 година. За неа, наградата е признание што не го сфаќа лично, туку комплетно за учесниците во образовниот процес, учениците, колегите, училиштето, општеството. Критериумите за избор на просветен работник ги одредува […]

Бесими: Управувањето со финансиите, еден од приоритетите во соработката со Светска банка


Проектот за интегриран информациски систем за управување со финансиите, којшто ќе овозможи  интегрирано следење на приходите и расходите од нивното планирање до целосна реализација, како и проектите за локални патишта, иновации и конкурентност и за одржлив развој на општините се приоритетните проекти што треба да се реализираат во рамки на четиригодишната стратегија за партнерство што Република Северна Македонија ја има со […]

Почна третата сесија на проектот Филмска училница


Третата сесија на Филмската училница почна вчера со презентацијата на видеоесеите на неколку посетители и нивните опсервации на избраните теми. Филмската и телевизиска режисерка Марија Џиџева заедно со посетителите ги продискутираа и темите за идејата, синопсисот и филмското сценарио во контекст на вистината и лагата во филмот. Се разговараше за начините како од една видена […]

Во Словенија од денеска во болниците само пациенти со Ковид-19 и итни случаи


Од денеска, приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итни случаи и оние кои се заболени од Ковид-19. Ттоа беше пропишано со указ издаден синоќа од министерот за здравство на Словенија Томаж Гантар. Иако Универзитетскиот клинички центар во Словенија, најголемата здравствена установа во земјата и неколку други болници започнаа да […]

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат


Би ги укинал централните инспекции, целосно да не постојат, да не постои државен инспекторат. Може да постои државен орган што ќе врши контрола на инспекторирањето на општинските инспекции, дури ни пазарната инспекција не смее да биде централна. Различни ни се приоритетите како органи, посочи градоначалникот на Град Скопје на дебатата „Како до ефикасни и независни […]

Нов случај на корона вирус во тенисот


Францускиот тенисер Лука Пуј на социјалните мрежи откри дека е заразен со корона вирус. Тој ќе помине седумдневен карантин, по што ќе даде втор тест. Полуфиналистот на Австралија опен во 2019 година нема други симптоми освен губење на сетилото за мирис. Пуј не учествувал на ниту еден турнир од март 2020 година, користејќи ја паузата […]

Греењето на дрва најзастапено, на струја еколошки најприфатливо


Дури 62 отсто од вкупниот број македонски домаќинства користат дрва како примарен извор на енергија, 29 отсто се греат на електрична енергија, а само осум отсто се приклучени на централно парно греење, покажуваат податоците од публикацијата „Потрошувачка на енергенти во домаќинствата“. Експертите велат дека греењето со огревни дрва се уште е економски најисплатливо, а со […]

Австрија може да се соочи со 6.000 новоинфицирани лица, предупредува Курц


Австрискиот канцелар Себастијан Курц предупреди дека Австрија наскоро може да се соочи со 6.000 новоинфицирани лица на ден, што може значително да ја промени ситуацијата во болниците. Во интервју за виенскиот дневен весник „Естерајх“, Курц рече дека ситуацијата во Австрија се влошила, дека другите земји веќе имаат мерки за ограничувања и дека Австрија во моментов […]

Составувањето нова црногорска влада не оди мазно


Мандатарот за состав на новата црногорска влада, Здравко Кривокапиќ, им порача на лидерите на Демократскиот фронт дека не ги сака во неговата влада, поради што тие го повикаа да го врати мандатот, јавија црногорските медиуми. Кривокапиќ на парламентарните избори беше носител на листата „За иднината на Црна Гора“, чиј столб беше Демократскиот фронт (ДФ). Според […]

Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата: Судството покажа дека може да функционира онлајн


Ова ново време на светска пандемија, донесе нови предизвици и за правосудството и бара нови решенија како да функционира системот, да продолжат судските рочишта и постапките пред судовите и обвинителствата. Учениците, наставниот кадар и образовниот систем со извонредна посветеност, соочувајќи се со многу предизвици, покажаа дека системот во овие времиња треба и може да функционира […]

Почина првиот човек на „Самсунг“


Ли Кун Хи, првиот човек на јужнокорејскиот гигант, компанијата „Самсунг“, почина на 78-годишна возраст во Сеул. Ли е заслужен за трансформација на малиот бизнис основан од неговиот татко во денешен „Самсунг“, глобален економски гигант кој работи во области од производство на електроника, преку осигурување, до транспорт. Ли беше најбогатиот Јужнокореец со проценето богатство од околу […]

Бајден потрошил 582 милиони долари за ТВ рекламирање, најмногу од кој било друг претседателски кандидат во историјата на САД


Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден трошеше повеќе на телевизија и електронско рекламирање за време на тековната изборна кампања отколку кој било друг претседателски кандидат во историјата на САД. Кампањата на Бајден за претседателските избори во ноември досега потрошила повеќе од 582 милиони долари за ТВ рекламирање, се вели во извештајот на „Рекламирање аналитика“, додавајќи дека […]

Денес ќе биде погребан Амди Бајрам, апел да се почитуваат мерките за епидемијата


Општината Шуто Оризари денешниот ден  ќе го прогласи за ден на жалост во чест на починатиот Амди Бајрам. Амди Бајрам ќе биде погребан денеска на гробиштата во Бутел, а од неговиот дом ќе тргне  погребната поворка. По социјалните мрежи се споделува повикот сите Роми и не-Роми да се придружат на поворката од 14 часот. Министерството за […]

Денес дигитален конгрес на СДСМ


Владејачката партија СДСМ денеска ќе го одржи 25. Конгрес, кој ќе биде прв дигитален во земјава, а за таа цел, како што нагласува партијата, ќе се користат современи дигитални платформи и алатки. Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електронска платформа Зум, а партијата на овој чекор се решила заради заштита на здравјето на […]

Во Авганистан убиен еден од лидерите на Ал Каеда


Авганистанските безбедносни сили го убија Абу Мухсин ал-Масри, еден од водачите на Ал Каеда, кој се наоѓа на списокот на најбарани терористи на ФБИ, објави синоќа Дирекцијата за национална безбедност на Авганистан. Ал-Масри е обвинет во САД за обезбедување материјална поддршка и ресурси за странска терористичка организација и за планирање убиство на американски граѓани. Ал-Масри, […]

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик


Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација Скопје-Софија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на ЕУ. Историските прашања да се решаваат во рамки на Мешовитата македонско-бугарска […]