Вардар загуби на гостувањето кај Мешков


Европскиот ракометен шампион Вардар доживеа пораз на гостувањето кај Мешков Брест со 24:22 (12:10) во првото коло од новото издание на ракометната Лига на Шампиони. Македонскиот тим одигра одличен натпревар, во последните минути резултатот беше изедначен (22:22) но сепак не успеа да издржи до крај и доживеа пораз. Вујин со шест гола беше најефикасен во […]

Софија ја убедува ЕУ дека 20.000 Бугари биле убиени во Македонија од 1944 до 1946 година


Во меморандумот испратен до ЕУ, чии делови објави РСЕ, уште се тврди дека „повеќе од 100.000 Бугари биле убиени, затворени, пратени во егзил или во концентрациони кампови“ во првите години по војната   Што поневеројатно е тврдењето, толку треба да изгледа повистинито. Можеби од оваа максима се раководела официјална Софија кога го подготвувала и ги […]

Треба да се вратиме на работните места, вирусот ќе го има и во 2021 година, вели Филипче


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во однос на почетокот на учебната година, отворањето на градинките и враќањето на работа на родителите,  планот и стратегијата на Комисијата за заразни болести е да не се сконцентрираат повеќе ризик фактори во ист временски период. – Свесни сме дека на почетокот на септември луѓето се враќаат […]

Почина 22-годишен маж во фабрика во Куманово


Маж (22) починал во фабрика во Куманово, потврди денеска СВР Куманово. Во 14:40, лекар од итна помош Куманово пријавила во СВР Куманово дека има починато лице во фабрика „11 Октoмври“. Од кумановската полиција соопштија дека станува збор за А.Д. (1998). Увидот на СВР Куманово, јавен обвинител и трудов инспектор сѐ уште трае.

Песков: Путин самиот ќе каже дали и кога ќе прими вакцина


Рускиот претседател Владимир Путин самиот ќе соопшти дали и кога сака да прими вакцина за коронавирус, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. -Самиот ќе информира дали и кога сака да се вакцинира, рече Песков. Руските медиуми потсетуваат дека во август во Русија беше регистрирана првата вакцина против коронавирусот, што беше тестирана врз доброволци беше […]

Димитров очекува поддршка од Грција на европскиот пат


Одлуката за отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ е клучна пресвртница и за Северна Македонија и за регионот во 2020 година, а воедно и потврда за посветеноста на Европската Унија кон нејзините геостратешки приоритети. Ова е главната порака што вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска ја испрати на средбите со грчкиот министер […]

Суспендирани 29 германски полицајци – на Ватсап разменувале слики од Хитлер и кукасти крстови


Во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија се откриени затворени комуникациски групи во кои се разменувале содржини со крајно десничарска тематика, а меѓу нивните членови имало и 29 полицајци, соопштено е денеска во Диселдорф, пренесе Хина. -Ова е срам за полицијата во Северна Рајна-Вестфалија. Не верував дека вакво нешто е можно, изјави министерот за внатрешни работи […]

Потребни се бестрашни обвинители и судии за да се стави крај на корупцијата


Во свечената сала на Врховниот суд денеска се одржа свечена церемонија за одбележување на почетокот на обуката за слушатели на VII генерација во Академијата за судии и јавни обвинители, каде присуствуваше и министерот за правда, Бојан Маричиќ. Во своето воведно обраќање, министерот Маричиќ истакна дека Академијата за судии и јавни обвинители има обврска да преземе […]

Истражување: За успешна онлајн настава потребно e адаптирање на учебниците, но и на наставниот процес


Речиси сите учесници, 93,9 отсто, се согласуваат со ставот дека за успешна онлајн настава е потребно целосно или делумно адаптирање на учебниците и речиси сите учесници во истражувањето, 88,9 отсто, се согласни во врска со тоа дека за успешно спроведување на ефикасна онлајн настава треба да се променат вообичаените методи во наставниот процес, покажа истражувањето […]

Обвинителството истражува сомнително политичко рекламирање со државни пари


Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде наредба за проверка на фирми што во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање.   Имено, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Основното […]

Норвешкиот екстремист Брејвик бара предвремено ослободување од затвор


Андерс Беринг Брејвик, норвешкиот десничарски екстремист кој е во затвор поради напади со бомби и пукање во кои беа убиени 77 лица во 2011 година, бара предвремено ослободување од затвор, изјави денеска неговиот адвокат. Во август 2012 година, Брејвик беше осуден на 21 година затвор за нападите во Осло и во младинскиот камп на Лабуристичката партија во близина на главниот град. […]

РКЕ предлага повеќе лица да добиваат надомест за енергетска сиромаштија


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е ставена на располагање со сиот свој капацитет да биде логистика во процесот на разговори кои синдикатите ќе ги водат со Владата и со соодветни анализи и практики да го аргументира барањето за помош кон најранливите категории граѓани. Ова го посочи претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на […]

Од Ковид-19 починаа уште седум пациенти, 163 новозаболени


Во последните 24 часа се направени 1.721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Kовид-19 во: – Скопје 33 – Куманово 17 – Дебар 3 – Штип 5 – Прилеп 7 – Тетово 13 – Струга 3 – Велес 6 – Битола 4 – Охрид 2 – Кавадарци 5 – Гостивар 8 – Гевгелија […]

ЕБОР најавува поддршка за домашните фирми од 40 милиони евра


Европската банка за обнова и развој размислува за дополнителна поддршка преку кредити за домашните компании во услови на ковид кризата. На тоа, според претставникот на ЕБОР во државава, се работи со повеќе банки, а инвестиците би достигнале над 40 милиони евра. -Да, размислуваме за тоа, веќе има направено повеќе активности во таа насока. Соработуваме со […]

„Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ – проект за целосна вклученост на деца со попреченост во училиштата


„Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ е проект што го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, со цел обезбедување целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта. Од Фондацијата информираат дека преку овој проект, во оваа учебна година ќе се доделат стипендии на 300 ученици со попреченост. […]

Заев – Мицотакис: Сојузници сме во НАТО


Со Договорот од Преспа, Република Северна Македонија и Грција создадоа модел за успешно решавање на отворените прашања меѓу соседите, додека со членството на земјата во НАТО партнерството се трансформира во сојузништво, а Грција останува силен лобист и поддржувач на земјата во претстојниот процес на преговори со Европската Унија. Ова се пораките од денешната работна средба […]

Италијански пратеник го предложи Нетанјаху за Нобеловата награда за мир


Италијанскиот пратеник Паоло Гримолди го предложи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за Нобеловата награда за мир во 2021 година.Тоа би било признание за неговите напори да постигне мир со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин, објавија денеска израелските медиуми. Гримолди важи за пријател на Израел и ја посетил таа земја неколку пати, но тој никогаш не […]

Груби се залага за отворање на границите со Косово


Првиот заменик премиер на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска имаше средба со неговиот косовски колега Бесник Тахири, а по разговорите тој истакна дека меѓу двете земји нема никакви отворени прашања и дека односите се одлични. Главни теми на средбата биле границите кои се затворени поради Ковид-19 и […]

(Видео) Карл Билд: Говорот на тело зборува многу повеќе од рускиот јазик


„Говорот на телото зборува во овој случај многу повеќе од рускиот јазик“, напиша шведскиот дипломат Карл Билд на Твитер, коментирајќи ја средбата меѓу белорускиот претседател Александар Лукашенко и неговиот руски колега Владимир Путин. Додека Лукашенко разговараше со него, Путин не рече ниту еден збор, а сите што го гледаа видеото изјавија дека Путин на тој […]

Општина Аеродром со апел до граѓаните


Општина Аеродром апелира до сопствениците на хаварисани и нерегистрирани возила да ги отстранат од јавните површини во најкраток можен рок. Во спротивно, како што информираа од општината, сите овие возила кои се паркирани на плочници и тревници ќе бидат отстранети од надлежните служби. – Паркирањето на вакви возила на јавни површини е забрането и тие […]