УНИЦЕФ: Уште 150 милиони деца погодени од сиромаштија поради пандемијата


Како резултат на пандемијата со коронавирусот и карантинските мерки, уште 150 милиони деца се погодени од сиромаштија, се наведува во анализите на УНИЦЕФ и „Спасете ги децата“. Од почетокот на пандемијата, има 15 отсто пораст на бројот на деца кои живеат во сиромаштија во земјите со среден и низок приход, со што вкупниот број достигнува […]

Триесет милиони заразени од Ковид-19 во светот


Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот достигна 30.042.218, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Worldometers. Од Ковид-19 досега починаа 945.159 луѓе, а 21.808.302 се излекувани. Најмногу заразени има во САД – 6.828.301, Индија – 5.118.253 и Бразил – 4.421.686.

Речиси 4.000 новозаразени за еден ден во Британија, најмногу од мај


Велика Британија регистрираше речиси 4.000 новопотврдени случаи на инфекција со коронавирусот, најмногу во еден ден од мај, и поради тоа расте загриженоста дека земјата е на раб на второт бран на епидемијата. Во претходните 24 часа беа регистрирани нови 3.991 заразено лице, значително повеќе од 3.105 претходниот ден.  Бројот на новоинфицирани лица објавен синоќа е […]

Маските можеби се подобра заштита од вакцина, вели директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести


Носењето заштитни маски може да обезбеди подобра заштита од Ковид-19 отколку вакцините, смета директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд. – Можеби би отишол дотаму да кажам дека оваа маска ќе ми гарантира поголема заштита од коронавирусот отколку ако би биле вакцинирани против Ковид, бидејќи имуногеноста би била 70 проценти, […]

СЗО: Ковид-19 се шири со невидена брзина со наближување на зимата


Светската здравствена организација предупреди дека Ковид-19 се шири со алармантно висока брзина во делови на северната хемисфера, неколку месеци пред зимската сезона на грип. – Почнуваме да гледаме вознемирувачки трендови во некои држави, изјави Марија ван Керхов, водечки технички експерт за Ковид-19 при СЗО, на презентацијата преку социјалните мрежи. – Гледаме зголемување на бројот на […]

Градоначалникот на Њујорк и неговиот персонал ќе бидат на неплатено отсуство поради финанскиски тешкотии


Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио објави дека тој и неговиот персонал ќе бидат на неплатено отсуство една недела поради „невидени буџетски предизвици“ што се должат на пандемијата на новиот коронавирус, јави ДПА. – Од 1 октомври, сите градски власти ќе заминат на неплатен одмор, и ова очигледно важи и за мене, нагласи Де Блазио […]

Трамп: До крајот на годината ќе има 100 милиони вакцина против Ковид-19


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најмалку 100 милиони дози вакцина против новиот коронавирус би можеле да бидат дистрибуирани во САД до крајот на годината. – Откако Агенцијата за лекови ја одобри вакцината… ќе можеме да дистрибуираме 100 милиони дози до крајот на 2020 година и значителен број многу пред тоа, посочи Трамп. Претходно, директорот […]

Заев за МИА од Атина: Мицотакис сака да дојде во Скопје


Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис сака да дојде во Скопје, затоа што сака да се потсети на тогашните години 1999-2000 кога бил главен, одговорен на Националната банка на Грција за аквизицијата или купувањето на Стопанска банка – Скопје. Тој има убави спомени од тој период. Нема дојдено од тогаш, открива претседателот на Владата на Република Северна […]

Четвртиот пакет мерки нема да го зголеми долгот, вели министерот Бесими


Четвртиот пакет економски мерки се подготвува, а неговата реализација нема да придонесе да се зголеми јавниот долг над проектираните 60 проценти од БДП. Финансирањето е стабилно. Приходите и расходите во Буџетот се согласно проекциите со ребалансот на буџетот. Ова го соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими на вчерашната прес-конференција на која презентираше приоритетите во неговиот […]

Измените на законите за основно и за средно образование на дневен ред во Собранието


Собранието денеска треба да ја одржи 12. седница на која на дневен ред се измените и дополнувањата на законите за основно и за средно образование, по скратена постапка, како и одлука за испраќање на припадник на Армијата во меѓународната операција во Либан. Во услови на вонредни околности учебната година да може да започне и да […]

Продолжува судењето за насилствата пред Општина Центар


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година. Претходното рочиште на 17 август, судењето беше одложено поради промена на адвокатот на еден од обвинетите, кој побара судот да оствари простор да се запознае со предметот. Процесот го води судијата Душан Јосифов, а застапници […]

Мајките на децата до шест години на протест, Филипче вели со вирусот ќе живееме и во 2021 година


Мајките на деца до шестгодишна возраст за денеска најавија протест поради одлуката да им се прекине породилното отсуство и да се вратат на своите работни места. Имено, согласно владината одлука мајките треба да се вратат на работа на 23 септември. Тие барааат да бидат на продолжено породилно отсуство до крајот на годинава, бидејќи децата не им […]

Се отвора Европската филмска платформа – European Film Factory


Францускиот институт во Скопје информира дека денеска се отвора Европската филмска платформа – European Film Factory. Свеченото отворање ќе биде денеска во 10 часот, на Zoom, а главна цел на овој европски проект е филмска едукација на младите. Проектот е поддржан и од Францускиот институт во Париз, а ќе биде отворен за сите земји ширум […]

Концерт на Филхармонија со израелската виолончелистка Даниеле Акта


Филхармонија вечер ќе одржи симфониски концерт насловен „Младост, среќа, иднина“. Ќе бидат изведени Симфонијата број 3 од Феликс Менделсон и Концертот за виолончело и оркестар од Роберт Шуман. Диригент е маестро Јерухам Шаровски, а солистика Даниеле Акта, и двајцата од Израел. Маестро Јерухам Шаровски е роден во Буенос Аирес и рано почнал да изучува музика, а […]

Почнува 14. издание на „Скупи Фестивал“


Во Куршумли Ан во скопската чаршија вечер почнува 14-тото издание на „Скупи Фестивал“. Фестивалот завршува на 22 септември 2020. Фестивалот, како што соопштија организаторите, нуди значајни средби со претстави од странство, со што, денес, нуди и поглед во иновативниот театар желен за ризик и прогресивно размислување. Програмата на фестивалот се состои од претстави, каде што […]

Сончево, a попладне пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во југозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од седум до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена. Во Скопје, сончево со […]

Во два дена починаа 16 луѓе од Ковид-19


  Дури 16 пациенти заболени со Ковид-19 ја изгубија битката со заразата во два дена во Македонија, со што бројката на починати се искачи на 668. Според статистиката на Министерството за здравство денеска, починаа седум пациенти на возраст од 44 до 80 години. Поточно, двајца пациенти од Струга, на возраст од 78 и 80 години, […]

Редок метеоролошки феномен над Медитеранот – aко зајакне, на Грција ѝ се заканува ураган


Станува збор за метеоролошката појава медикан, или медитерански ураган, овој пат наречен Касилда Над јужниот дел на Средоземното море се формира потенцијален редок метеоролошки феномен, кој според моменталните сателитски снимки се приближува до Јонското Море. Тоа е метеоролошки систем медикан, или медитерански тропски ураган за сега наречен Касилда. Иако е многу редок, овој метеоролошки феномен […]

Тур де Франс: Примож Роглич удри уште еден печат за конечна победа


Колумбиецот Мигел Анхел Лопез од Астана го освои монументалниот врв Кол де ла Лоз во неверојатно стрмно искачување, а Примож Роглич му побегна во последниот километар на сонародникот Тадеј Погачар и ја зголеми предноста на 57 секунди   Примож Роглич го зголеми своето целокупно водство на Тур де Франс на монументалниот врв Кол де ла […]

Заев-Ципрас: Договорот од Преспа не е само решение за спорот за името, туку и за долгорочно стратешко партнерство


Премиерот Зоран Заев во рамки на својата дводневна работна посета на Атина, вечерва се сретна со лидерот на опозицијата и претседател на Сириза Алексис Ципрас. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, се дискутираше за имплементацијата на Договорот од Преспа кој во 2018 година, кога беше потпишан, направи пресврт во односите меѓу двете земји и ги […]