Тур де Франс: Примож Роглич удри уште еден печат за конечна победа


Примож Роглич е на дофат в недела во Париз да биде крунисан за крал на овогодишниот Тур де Франс

Колумбиецот Мигел Анхел Лопез од Астана го освои монументалниот врв Кол де ла Лоз во неверојатно стрмно искачување, а Примож Роглич му побегна во последниот километар на сонародникот Тадеј Погачар и ја зголеми предноста на 57 секунди

 

Примож Роглич го зголеми своето целокупно водство на Тур де Франс на монументалниот врв Кол де ла Лоз во Савојските Алпи, откако го наттрка својот најблизок ривал и словенечки сонародник, Тадеј Погачар и се доближи до конечната победа во Париз в недела.

„Тоа беше навистина брутално искачување“, рече Роглич, лидерот на тимот Jумбо-Висма, откако ја зголеми разликата со Погачар, од тимот на Емирати, на 57 секунди. „Последните три или четири километри [од Кол де ла Лоз] не се споредуваат со ништо. Драго ми е што сега е зад нас. На ова искачување, секој метар се брои“.

Но, Погачар сè уште не го прифати поразот. „Сè уште не е завршено“, рече тој. „Утре е навистина тешка фаза и има уште и хронометар. Сè може да се случи, сепак можеме да се обидеме“.

Додека Колумбиецот Мигел Анхел Лопез, од тимот на Астана, кој ја започна оваа турнеја со пад на првата етапа на Азурниот брег, стигна соло до победа на највисокиот врв на Турот, во она што е позната како кралска етапа, бранителот на титулата, Еган Бернал, ги спакува куферите откако се поклони на неизбежното, бидејќи болката во грбот конечно ги уништи сите надежи што му останаа за да стигне до Париз.

Победник на кралската етапа беше Колумбиецот Мигел Анхел Лопез

Лидерот на Инеос Гренадиерс се опиша себеси како „зафркнат на сите страни“ по завршувањето на етапата во вторникот, во која загуби 27 мин од победникот на етапата, Ленард Кемна, и падна на 16-тото место во генералниот пласман, повеќе од 19 минути за лидерот на на трката Роглич.

„Страдав цел ден со болка во грбот и таа се зголемуваше“, изјави тој за шпанските медиуми во вторникот вечерта. „На последното искачување, ми се сврте на коленото“. Сепак, тоа се коси со она што го рече директорот на тимот Инеос Гренадиер, Дејв Брејлсфорд, кога зборуваше пред тој ден.

„Тој не чувствува болка. Тоа е повеќе случај на проценка на тоа што тргна наопаку, а тоа е она што го правиме“, рече Брејлсфорд во вторникот. Во средата утрото, Брејлсфорд рече дека за него било „поумно да престане да се трка“.

Без оглед на тоа што му е на Бернал, а некои шпекулираат дека промените во неговиот личен живот исто така може да имале влијание, ова беше година за заборавање на 23-годишникот. Тој ја започна својата сезона со трки во националните првенства на Колумбија, но падна со голема брзина при спуштање.

Наскоро после тоа, плановите за трка во Европа паднаа покрај патот, поради повлекувањето на тимот Инеос од конкуренција, на 4 март, по смртта на нивниот долгогодишен спортски директор Нико Портал и ширењето на корона вирусот. По долга блокада, колумбиската влада даде дозвола чартер лет да ги однесе велосипедистите на земјата, вклучувајќи го и Бернал, назад во Европа на 20 јули.

Во меѓувреме, Роглич треба да се прилагоди на прашањата што обично им се поставуваат на долгорочните носители на жолтиот дрес. Додека тој изјави дека поддршката од словенечките навивачи покрај патот му даде „нешто дополнително“, Роглич не беше во можност да ги објасни ефектите на контроверзниот додаток кетони, за кој призна дека неговиот тим сè уште го користи.

Трката денеска ја следеше и францускиот претседател Емануел Макрон

Во јануари, шефот на холандскиот антидопинг, Херман Рам, изјави за за „Де Лимбургер“ дека му е „непријатно“ од употребата на додатокот од тимот на Јумбо-Висма. „Тоа е легална исхрана, но, во исто време, се знае премногу малку за можните последици по здравјето“, рече Рам.

„Тоа го прави сива зона. Го нема на списокот за допинг, но доколку добиеме прашања од спортисти, ги советуваме да не користат кетони. Непријатно е тоа што го прави Јумбо-Висма“.

„Ние сè уште го користиме“, рече Роглич. „За реалните ефекти е тешко да се каже. Мислам дека ако ги прашате сите возачи, сите сме уморни, но од друга страна сакаме да го направиме најдоброто можно од сите аспекти, така што сè работи само кон тоа“.

Зборувајќи за белгиските медиуми, неговиот совозач од тимот Вут ван Арт рече дека прашањата во врска со довербата и кредибилитетот, кои „Гардијан“ му ги постави на Роглич минатата недела, покажаа „недостаток на почит“.

„Многу е лошо што ова прашање секогаш се појавува. Примож беше трет на Џиро, тој ја освои Вуелта, тоа значи дека не се појавил од никаде. Ниту јас не се појавив од никаде.  Згора на тоа, имав многу контроли за допинг на овој Тур де Франс“. (Гардијан)