Османи за Агенција Европа: Првата меѓувладина конференција во декември


Белгија – Во интервју за Агенција Европа, дадено за време на неговата посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изјави дека очекува првата меѓувладина конференција со ЕУ да се одржи во декември, јави дописничката на МИА од Брисел. -Првата меѓувладина конференција е од врвно значење, таа подразбира операционализација на политичкиот консензус постигнат во март …

Османи за Агенција Европа: Првата меѓувладина конференција во декември Read More »

Од март до јуни во Србија имало трипати повеќе смртни случаи од Ковид-19 отколку што било официјално соопштено, тврди епидемиолог


Србија – Српскиот епидемиолог Предраг Кон синоќа изјави дека според негово истражување, врз основа на податоците на Градскиот институт за јавно здравје, од март до јуни имало трипати повеќе смртни случаи отколку што е официјално објавено, односно објавено во писмена форма. Кон за Њузмакс Адрија изјави дека во своето истражување, од март до јуни, открил 210 …

Од март до јуни во Србија имало трипати повеќе смртни случаи од Ковид-19 отколку што било официјално соопштено, тврди епидемиолог Read More »

Избор на најуспешни жени менаџери


Најуспешните жени менаџери за 2019 година ќе бидат промовирани вечер на манифестацијата што традиционално веќе 24 години ја организира агенцијата „Марили“. Најуспешните жени менаџери за 2019 се избрани според веќе воспоставени критериуми, доаѓаат од успешни компани од различни области и дејности од целата држава. Тие најчесто биле препорачани, но, сепак, се почитувала и нивната лична …

Избор на најуспешни жени менаџери Read More »

Строг костум и маска: Стилот на Меланија Трамп за првата претседателска дебата


САД– Првата дама Меланија синоќа присуствуваше на првата претседателска дебата во редок изглед за неа – маска. Г-ѓа Трамп носеше скроен црн костум на настанот, што се одржа на Универзитетот „Кејс Вестерн Резерв“ во Кливленд, Охајо. Таа исто така носеше едноставна маска за лице – широко препорачана здравствена претпазливост за да се спречи ширењето на …

Строг костум и маска: Стилот на Меланија Трамп за првата претседателска дебата Read More »

По првата тв-дебата, Бајден собра рекордни 3,8 милиони долари донации за еден час


САД – Кампањата на кандидатот на демократите за претседател на САД, Џо Бајден собра рекордни 3,8 милиони долари за само еден час, јавија американски медиуми. Тоа се случи по првата тв-дебата меѓу Бајден и Доналд Трамп, што се одржа во Кливленд. Висок советник на Бајден, како резултат на хаотичната и непријателска дебата за која некои веќе …

По првата тв-дебата, Бајден собра рекордни 3,8 милиони долари донации за еден час Read More »

Прва тв-дебата Трамп-Бајден: Фокус на Врховниот суд, Ковид-19, економијата и расизмот 


САД – Врховниот суд и номинацијата на судијката Ејми Барет од страна на претседателот Доналд Трамп – тоа беше една од првите теми на кои Доналд Трамп и Џо Бајден остро  синоќа на првата од трите телевизиски дебати. Демократите и Бајден сега се против назначувањето нов судија кој ќе ја замени покојната Рут Гинзбург со приближувањето …

Прва тв-дебата Трамп-Бајден: Фокус на Врховниот суд, Ковид-19, економијата и расизмот  Read More »

Илон Маск нема да се вакцинира против коронавирусот


САД– Директорот на компаниите СпејсИкс и Тесла, Илон Маск изјави дека тој и неговото семејство нема да се вакцинираат против коронавирусот. Маск за Њујорк Тајмс изјави дека ниту тој, ниту неговите деца не се во ризичната група кога станува збор за Ковид-19. Коментирајќи ги мерките за карантин што ги применуваат многу земји во светот со цел да се спречи ширењето на вирусот, тој рече дека е против …

Илон Маск нема да се вакцинира против коронавирусот Read More »

Над милион Американци веќе гласаа на претседателските избори


САД – Повеќе од 1,2 милиони Американци веќе гласаа за претседател без да чекаат на  првата дебата меѓу претседателот Доналд Трамп и поранешниот потпретседател Џо Бајден во Кливленд, Охајо. Тоа е според анкетата на Си-Ен-Ен, спроведена меѓу изборни претставници во 20 држави. Околу 800.000 од поднесените гласачки ливчиња доаѓаат од осум најконкурентни држави. Само во Северна …

Над милион Американци веќе гласаа на претседателските избори Read More »

Се очекува до крајот на годината да се одржи првата меѓувладина конференција, билатералната соработка во преден план


По позитивните пораки, што ги доби министерот за надворешни работи Бујар Османи во Брисел, упатената надеж за скорешно отворање на преговорите од страна на новиот евроамбасадор во земјава Дејвид Гир, како и по поддршката за европските перспективи на РСМ, искажани во писмото на високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел, …

Се очекува до крајот на годината да се одржи првата меѓувладина конференција, билатералната соработка во преден план Read More »

Димитров во Берлин на разговори за првата Меѓувладина конференција


На покана на државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Берлин. Како што соопшти СЕП, ова е прва посета на претставник на Владата на Северна Македонија по нејзиното формирање, а воедно и прва за …

Димитров во Берлин на разговори за првата Меѓувладина конференција Read More »

Новиот евроамбасадор Гир: Земјава се движи во правилна насока, да се зголеми темпото во реформите за владеење на правото


Се надевам дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи што е можно поскоро. Сега е потребно земјите-членки да ја договорат финалната верзија на преговарачката рамка, којашто практично ја отвора вратата да се започне со преговарање, вели новиот евроамбасадор во Северна Македонија Дејвид Гир, во ексклузивното интервју за МИА, коешто е негово прво по преземањето на …

Новиот евроамбасадор Гир: Земјава се движи во правилна насока, да се зголеми темпото во реформите за владеење на правото Read More »

Продолжува судењето за Таргет-Тврдина


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за аферата со прислушувањето, познат во јавноста како „Таргет-Тврдина“. На денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани околу 20 сведоци, меѓу кои Мери Јордановска Чанчаревиќ, Игор Ивановски, Гоце Трпковски, Зоре Темелковски, Владимир Пивоваров и други. На претходното рочиште свои искази дадоа …

Продолжува судењето за Таргет-Тврдина Read More »

Над сто заболени од Ковид-19 во претходното деноноќие, Шахпаска со порака дека се уште има места во градинките


Нови 112 случаи на заразени од Ковид 19 од 1372 тестирања и 159 оздравени, е билансот од претходното деноноќие, според статистиката на Министерството за здравство. Во моментот 47 деца од предучилишна возраст, односно три згрижувачки групи и 14 вработени се во изолација поради Ковид-19. Се уште целосно не е исполнет капацитетот согласно протоколот за работа …

Над сто заболени од Ковид-19 во претходното деноноќие, Шахпаска со порака дека се уште има места во градинките Read More »

Променливо облачно со температура до 24 степени


Времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува главно умерен, на места засилен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 6 до 14, а дневната од 16 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно, во втората половина од денот облачноста ќе се намали. Ќе …

Променливо облачно со температура до 24 степени Read More »

Барселона му нуди на Фати еден милион годишно, тој бара 10


Во Барселона нема мир. Младиот напаѓач Ансу Фати, кој беше најдобар играч во победата над Виљареал со два гола (4:0), одби да ја зголеми платата од 300.000 на еден милион евра. Тој бара далеку повеќе пари. За да биде целата приказна уште посериозна и поневеројатна, талентираниот 17-годишник се потруди да му каже на славниот клуб …

Барселона му нуди на Фати еден милион годишно, тој бара 10 Read More »

Путин ќе се вакцинира


Рускиот претседател Владимир Путин планира да се вакцинира со новата руска вакцина против корона вирусот, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. Путин планира да се вакцинира пред службеното патување во Јужна Кореја, најави Песков, пренесе Тас. „Путин вчера прими покана од својот јужнокорејски колега. Потврди дека дефинитивно ја прифаќа поканата кога ќе се вакцинира“, …

Путин ќе се вакцинира Read More »

Британија воведе санкции против Лукашенко и неговиот син


Велика Британија воведе санкции против белорускиот претседател Александар Лукашенко, неговиот син и уште шест високи владини претставници, оценети како одговорни за местење на претседателските избори во август и сузбивање на уличните протести. Секретарот за надворешни работи, Доминик Раб, ги објави санкциите во вторникот во координација со сличен потег од Канада. „Ние ќе ги повикаме на …

Британија воведе санкции против Лукашенко и неговиот син Read More »

Германија ги заострува мерките против корона вирусот


  Германија ќе го ограничи бројот на луѓе присутни на собири и ќе ги казнува оние кои ги кршат правилата за следење во обид да се спречи ширењето на корона вирусот. Ограничувањата ќе бидат целни, затоа што потребно е да се избегне повторно стопирање на целата земја по секоја цена, рече канцеларката Ангела Меркел, по …

Германија ги заострува мерките против корона вирусот Read More »

Главната медицинска сестра на Инфективна и две други дале отказ


  Докторот Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, вечерва на својот Фејсбук објави главната медицинска сестра и две други дале отказ од ИНфективната клиника, што според него, е голема загуба во ова време на корона вирус. „Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат отказ во еден акт. Причините …

Главната медицинска сестра на Инфективна и две други дале отказ Read More »

Еди Рама се извини што фотографија од Лешница означил како убавина од Албанија


По рекациите на социјалните мрежи, откако албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија“ и „Кањон Лешница“, од неговиот Кабинет за МИА информираа дека во јужниот дел на Албанија исто така постои село со истото име и оти фотографијата по грешка била објавена дека е од Албанија. Имено, од Кабинетот …

Еди Рама се извини што фотографија од Лешница означил како убавина од Албанија Read More »