Путин ќе се вакцинира


Рускиот претседател Владимир Путин планира да се вакцинира со новата руска вакцина против корона вирусот, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Путин планира да се вакцинира пред службеното патување во Јужна Кореја, најави Песков, пренесе Тас.

„Путин вчера прими покана од својот јужнокорејски колега. Потврди дека дефинитивно ја прифаќа поканата кога ќе се вакцинира“, додаде Песков.

Во Русија денеска беа забележани повеќе од 8.200 нови случаи со корона вирус, со што е продолжен растот на бројот нвоозаразени.