Германија ги заострува мерките против корона вирусот

 

Германија ќе го ограничи бројот на луѓе присутни на собири и ќе ги казнува оние кои ги кршат правилата за следење во обид да се спречи ширењето на корона вирусот.

Ограничувањата ќе бидат целни, затоа што потребно е да се избегне повторно стопирање на целата земја по секоја цена, рече канцеларката Ангела Меркел, по конференцијата со лидерите на 16 германски држави, додавајќи дека приоритет е одржувањето на економијата, пренесе Ројтерс.

Таа додаде дека „стратегијата на жешки точки“ ги ограничува приватните забави на 25 луше, а јавните на 50 во области во кои стапката на зараза е 35 заразени на 100.000 лица во текот на седум дена.

Според неа, следни приоритети треба да бидат училиштата и градинките кои треба да останат отворени.

Ако стапката на зараза достигне 50 на 100.000, приватните прослави ќе се ограничат на 10 луѓе, а јавните на 25.

Според европските стандарди, Германија досега имаше релативно ниска стапка на зараза и смртност во текот на пандемијата, но Меркел предупреди дека ситуацијата може да се влоши ако се продолжи со исто темпо.

Земјата во вторни пријави 2.089 случаи со корона вирус, или вкупно 287.421, со 9.471 смртни случаи, соопшти Институтот за заразни болсети „Роберт Кох“.