Прва тужба поради родова дискриминација во спортот во земјава


Пред Основниот граѓански суд Скопје денеска треба да се одржи прво рочиште по тужбата против Боречката федерација по основ на „забрана на дискриминација врз основа на род и пол“. Според тужителите – полицискиот боречки клуб „Безбедност“ и полицискиот клуб за боречки спортови „7 Мај-Тигар“ од Скопје, Боречката федерација на Република Северна Македонија, во повеќе наврати и во подолг временски […]

Продолжуваат судењата за „Титаник“ и за „Таргет – Тврдина“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за аферата за прислушувањето, познат во јавноста како „Тврдина-Таргет“. На претходното рочиште свои искази дадоа неколку сведоци, кои зборуваа околу поддршката од надвор во системите за следење на комуникации, односно за формирање на Комисијата за поништење на опрема на УБК. Обвинети во овој предмет […]

Тереза Меј ја обвини владата на Џонсон дека го загрозува интегритетот на Велика Британија


Пратеничката и поранешна британска премиерка, Тереза ​​Меј, денеска ја обвини владата за загрозување на мирот во Северна Ирска и загрозување на „интегритетот на Велика Британија“ со предлог-закон за поништување на некои делови од договорот за Брегзит. Конзервативната пратеничка беше на чело на владата од 2016 година до средината на 2019 година во екот на преговорите […]

Изборот на заменици-министри денеска на собраниска седница


Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменици на министри во Владата. За заменик-министер во одбрана е предложен Башким Хасани, во Министерството за внатрешни работи Назим Буши, а во ресорот правда предлогот за заменик-министер е Агим Нухиу. Илхан Рахман е предложен за заменик на министерот […]

Светските лидери согласни: Само заедно против предизвиците, особено со пандемијата


За време на специјалната сесија на ОН по повод 75-годишнината од постоењето на оваа организација светските лидери се согласија дека е потребна посилна соработка, особено во услови на глобални проблеми, како што е пандемијата на коронавирусот. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ОН по Втората светска војна учествувале во воспоставувањето на новиот светски поредок и […]

Донесени законите за основно и средно образование – за спроведување на наставата ќе одлучува Владата


Пратениците ги донесоа новите закони за основно и средно образование, со кои се предвидува Владата да одлучува во однос на спроведувањето на наставата со оглед на ситуацијата создадена од пандемијата од Ковид-19. Измените и дополнувањата на законите за основно и средно образование предвидуваат во услови на вонредни околности, учебната година да може да започне и […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во пладневните часови во западните делови ќе се зголеми облачноста и ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде во интервал од 24 до 30 степени. Во Скопје сончево со […]

Се разделија Христијан Мицкоски и Игор Јанушев


Генералниот секретар поднел оставка од „лични причини“. Кои се тие причини Мицкоски не соопшти по седницата на Централниот комитет. Извршниот комитет е речиси целосно изменет. Позначајно е кого го нема во новиот состав отколку кои се новите членови   Прилично неочекувано генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вечерва поднесе оставка на функцијата во партијата, за […]

Рекорден број новозаболени во Грција од почетокот на пандемијата


  Во Грција денеска забележани се 453 нови случаи со корона вирус, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. Најмногу заболени се поврзани со жариштето во мигрантскиот камп на островот Лезбос – 184, додека 174 новозаразени се од Атина и околното подрачје. Вкупниот број заразени со корона вирус во Грција во моментот изнесува 15.595, […]

Анализа: Речиси 90 проценти од сопствениците на барови и ресторани во Њујорк не можеа да платат за наемнина во август


Речиси 90 проценти од сопствениците на барови и ресторани во Њујорк не можеа да ја платат наемнината во август. Осумдесет и седум проценти од баровите, рестораните, ноќните клубови и простори за настани во петте општини не можеа да ја платат целата августовска кирија, според податоците од 457 бизниси испитани меѓу 25 август и 11 септември, […]

Собранието донесе Закон за основно и средно образование и за вонредни услови


Пратениците на денешната седница со 61 пратеник „за“, ниту еден „против“ и 28 „воздржани“, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование и со 61 глас „за“, еден „против“ и 25 „воздржани“ го донесе Закоконот за изменување и дополнување на Законот за средно образование, по скратена постапка. Министерката за образование и […]

Тихановска побара од европските министри повеќе „храброст“ за санкции против Лукашенко


Главна пречка за воведување санкции е Кипар, кој бара ист таков пристап и спрема Турција поради дупчењето на морето во близина на неговиот брег   Белорускaта опозициска лидерка Светлана Тихановска во понеделникот (21.09.) ја повика ЕУ да покаже храброст и да воведе санкции за режимот на Александар Лукашенко, додека блокот продолжува да се соочува со […]

Чекор назад за Салвини на регионалните избори во Италија


Десничарскиот популист се надеваше дека ќе освои масивна победа, но левицата ја зачува власта во три региони, исто колку што има и Лигата   РИМ – Десничарскиот италијански опозициски лидер Матео Салвини не успеа да ги направи пробивите на кои се надеваше на регионалните избори, покажаа резултатите од гласањето во понеделникот, што претставува поттик за […]

Раст на депозитите и на кредитите и во текот на август


Вкупните депозити во Македонија бележат годишен раст од 5,2 проценти. Со изземање на податоците за Еуростандард банка АД Скопје – во стечај, вкупните депозити бележат месечен и годишен раст од 0,5 и 6,9 отсто соодветно, соопшти Народната банка. При раст на депозитите и на домаќинствата и на компаниите, поизразен е кај секторот „домаќинства“. –Вкупните кредити бележат годишен раст од 6,9 […]

Американски ЦДЦ: Ковид-19 може да се пренесува и со најмали честички во воздухот


Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денеска предупреди дека Ковид-19 може да се пренесе со мали честички во воздухот и дека вирусите можат да преминат повеќе од два метра. Претходно, ЦДЦ тврдеше дека вирусот главно се пренесува од човек на човек преку респираторни капки кога болно лице кашла или зборува. Ажурираните упатства […]

Мицкоски барал вонреден конгрес, Централниот комитет одбил


На вечерашниот Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот лидер Христијан Мицкоски им предложил на членовите свикување на вонреден конгрес, но ваквиот предлог бил одбиен. Мицкоски пред членовите на ЦК се осврнал на целокупното раководење со партијата од сите аспекти и била отворена дискусија.Притоа, тој предложил вонреден конгрес поради барањата на поранешни членови и функционери за промена […]

Црна Гора: Третина од тестираните за Ковид-19 се позитивни


Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 230 нови случаи на заразени со коронавирус, а две лица починаа. Анализирани се 664 примероци. Во истиот период, евидентирано е оздравување на 157 пациенти. Повеќето нови пациенти се од Подгорица (77) и Никшиќ (64). Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни […]

Карантинот се врати во Мадрид, полицајци ги чуваат излезите на населбите


Во Мадрид стапи во сила ограничување на движењето за 855.000 жители на 37 квартови и предградија каде живеат најголем број од заразените од коронавирус. Повеќе од 200 полицајци се наоѓаат на излезите на тие населби, патиштата и подземните железници, пропуштајќи ги само оние кои одат на работи, на училиште, од здравствените установи, судовите или оние […]

„Луфтханза“ повлекува 150 авиони од флотата, следуваат уште откази


„Луфтханза“ најави дополнителни откази, покрај оние 22.000 за кои информираше на почетокот на годината. „Блумберг“ претходно јави, дека најголемата европска авиокомпанија размислува за отпуштање на уште 20 илјади работници, но тоа подоцна беше демантирано од портпаролот на компанијата. „Луфтханза“ денеска соопшти дека во следните пет години ќе ја намали за 150 авиони својата флота поради […]

Банкарските сметки на Американците полни со пари


Богатството на американските домаќинства е на историски врв во вториот квартал, бидејќи нивните банкарски сметки се полни со пари од федералната Влада поради кризата со Ковид-19, се вели во студијата објавена денеска од страна на Американската централна банка (ФЕД). Вкупното богатство на домаќинства и непрофитни организации во САД достигна скоро 119.000 милијарди во кварталот помеѓу […]