ЕУ очекува силен парламент и стабилна коалиција


Реакција во име на ЕУ за изборите на 15 јули стигна попладнево од страна на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борел, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската Унија им честита на граѓаните што го искористија своето право на глас на изборите и покрај здравствените предизвици од Ковид-19 […]

Во Шпанија ќе бидат убиени околу 100.000 куни заразени со коронавирус


Шпанија нареди да се убијат речиси 100.000 куни на фарма, откако е потврдено дека го пренесувале коронавирусот, соопшти регионалното Министерство за земјоделство. Хоакин Олона, министер за земјоделство за северо-источниот регион Арагон, рече дека треба да се убијат 92.700 куни, кои инаку имаат цена поради своето крзно. Локалните власти се сомневаат дека вирусот влегол во фармата преку […]

Странски медиуми: Победија проевропските социјалдемократи, претстојат тешки преговори за формирање влада


Проевропските социјалдемократи остварија тесна победа на парламентарните избори во Северна Македонија одржани на 15 јули и ќе се обидат да формираат нова влада, за што им претстојат сложени коалициски преговори, оценуваат странските медиуми во освртите и извештаите за изборите во земјава. Радио Слободна Европа (РСЕ) наведува дека СДСМ на поранешниот премиер Зоран Заев освои 46 […]

Антикорупциска ја запре постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на 35-та седница го запре предметот оформен по сопствена иницијатива за постоење на сомневање за прекршување на член 8-а став 1 алинеа 3 од Изборниот законик во постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје бидејќи нема основни услови заради состојбата со коронавирусот […]

Помалку млади кај нас имаат дигитални вештини во споредба со ЕУ


Над 80 проценти од младите на возраст од 16 до 24 години во ЕУ во 2019 година имале основни или над основни дигитални вештини, покажуваат податоците на Евростат. Кај нас 64 проценти од младите на возраст од 16 до 24 години имале основни или над основни дигитални вештини. Хрватска со 97 проценти има најголем процент […]

„Бритиш ервејз“ ја повлекува целата флота од џамбо џетови на „Боинг- 747“


„Бритиш ервејз“, авиокомпанијата која најмногу во светот ги користи авионите „Боинг 747“, соопшти дека ја повлекува целата своја флота од џембо џетови заради падот на туристичката индустрија предизвикан од пандемијата на коронавирусот. Глобалните мерки за ограничување, воведени за да се запре ширењето на Ковид-19, доведоа до драстичен пад на воздушниот сообраќај, што ја доведе во […]

Две светиниколски конфекции остануваат затворени до понеделник


Светиниколските фабрики „Мода“ и „Кемтекс“ ќе бидат затворени до понеделник, информираше за МИА директорот, Ангел Димитров. Од досегашниот скрининг во двете конфекции се покажа дека 45 работници се заразени со коронавирусот, од кои 15 се претходно откриени пред масовното тестирање, кое е направено со одлука на раководството на двете конфекции. -Добро е што од нашите […]

Првпат извршена трансплантација на хематопоетски матични клетки од несроден донор кај 68-годишен пациент со акутна леукемија


Стручниот тим на Универзитетската Клиника за хематологија првпат досега изврши трансплантација на хематопоетски матични клетки од несроден донор кај пациент на 68 – годишна возраст со дијагноза акутна миелобластна леукемија, соопшти денеска Министерството за здравство. Од Клиниката информираат дека Иван од Кочани е највозрасниот пациент со акутна леукемија, кој е лекуван со ваков современ тераписки […]

Ноќеска и утре нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и намалување на температурата


Под влијание на продор на атмосферски фронт во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар, силен ветер, електрични празнења и појава […]

Се омажи данската премиерка Фредериксен, два пати ја одложи свадбата


Данска- Данската премиерка Мета Фредериксен (42) конечно се омажи за својот избраник, данскиот режисер Бо Тенберг (55). Двојката два пати ја одложуваше венчавката заради политичките обврски на Фредериксен. На интимната церемонија во црквата Маглеб на данскиот остров Зеланд, присуствувале 90 гости, меѓу нив и Пол Расмусен, поранешниот дански премиер. Фредериксен, најмладата премиерка на Данска, од […]

„Press & Play“ на Ненад Георгиевски – книга за современата македонска музика


Првата книга со рецензии на англиски јазик за современа македонска музика кои воедно се објавени во реномираниот светски медиум „Ол абаут џез“ (All About Jazz) на авторот Ненад Георгиевски е насловена „Press & Play“ и на 20 јули (понеделник) во 19 часот ќе има и своја онлајн промоција која ќе може да се проследи преку […]

До 11 часот никој не поднел приговори до ДИК


До Државната изборна комисија со 11 часот нема поднесени приговори од политичките партии и коалиции кои учествуваа на изборите во средата иако роковите започнаа да течат синоќа кога беа објавени неофицијалните конечни резултати. До 21 часот вечер е рокот кога може да се поднесе приговор за постапката за гласање додека до сабота навечер околу 19 […]

Приватна градинка во Скопје си работела во време на пандемија


СВР Скопје – ЕВР Карпош ќе поднесе кривична пријава против Т.И. и Е.Н., двете од Скопје и против приватна детска градина лоцирана во кругот на основно училиште на ул.„Карпошово востание“ во Скопје, поради постоење основи на сомнение „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик. Од Министерството за […]

Либерти Скопје: Нашето работење не е причина за загадувањето на Вардар


Либерти АД Скопје денеска соопшти дека нивното работење не е причина за овонеделните објави за загадување на реката Вардар. – Компанијата спроведе сеопфатна ревизија на својата постројка за третман на отпадни води и може да потврди дека непрестајно работи во рамки на сите релевантни параметри, без проблеми. Исто така, прегледани се и редовните мерења кои […]

Поранешните партнерки на Џони Деп тврдат дека тој не би удрил жена


Англија– Поранешната сопруга на Џони Деп, Ванеса Паради и неговата поранешна девојка Винона Рајдер во Врховниот суд во Лондон, Англија, сведочеа дека тој не е човек што би удрил жена. Во таа смисла, обвинувањата на Амбер Хард, исто така негова поранешна сопруга, според Паради, „воопшто не личат на вистинскиот Џони“, како што таа рече. – Гледам […]

Во Германија развиен нов тест за коронавирус


Германија– Фармацевти на германскиот универзитет „Хале-Витенберг“ развиле начин за откривање мали количини коронавирус во раствор за миење на устата, користејќи техника што може да се употреби за тестирање. „Студијата користеше примероци на раствор со кој пациентите заразени со новиот коронавирус ја плакнеле устата, успешно откривајќи го вирусот со помош на масена спектрометрија“, соопшти Универзитетот. „Новиот […]

ЕЦБ со стратегија „чекај и гледај“ – без промени кај каматите и купувањето обврзници


Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука да ги задржи непроменети клучните каматни стапки и својата Пандемиска програма за итна набавка на обврзници (ПЕПП), одлучувајќи се за стратегијата „чекај и гледај“ за развојот на ситуацијата во еврозоната. ЕЦБ соопшти дека ќе продолжи со огромната програма за стимулации, најавена во март, со цел да ги ублажи економските […]

Австрија со рекорден број новозаразени од попуштањето на мерките


  Во Австрија, во последните 24 часа забележан е нов рекорден број новозаразени, најголем од попуштањето на мерките, 40 отсто повисок од претходниот ден. Така, ширум земјата регистрирани се нови 169 случаи, а најмногу во горна Австрија. За споредба, вчера имаче 114 нови, во средата 115, во вторникот 96, а во понеделникот 54. Во моментот […]

Страницата на ДИК повторно во проблеми


Веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) повторно се соочува со проблеми откако утрово беше во функција. Сега ги покажува податоците за излезеноста на изборите, но не и резултатите од гласањето. Страницата на ДИК беше недостапна во изминативе два дена по хакерскиот напад кој се случи на денот на изборите. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, синоќа […]